Давање заклетва пред невидлив пријател...
Мислам дека завет се дава пред самиот себе. Каков човек ќе сум или пријател, ако лесно ги газам моите дадени зборови? Ако можам моите да ги газам и не се почитувам самиот себе си, тогаш мислам дека без проблем ќе ги изгазам зборовите дадени пред некој друг.
Што се однесува до заветите. Биди упорен, и не биди упорен. Разбери дека попуштањето на Јони е едно со издолжувањето на Лингамот. Ти си и двете; а твојот завет е само шумолење на ветрот на Маунт Меру. - Liber CCCLXX
Во Liber AL се вели на едно место дека ако некој е крал, не можеш да го повредиш. Од тука следи дека ако некој е крал, неговите дадени зборови како завет, не можат назад. А и според одредени учења мислата е нешто битно, а зборот како еден вид материјализација на мислата, значи исто така битно нешто.
Така да оние филмски завети не важат.
За тајните:
Не е битно што содржи тајната. Не смее и не треба да се каже на друг. Може да е најбанална или пак најтешка работа што не смее друг да ја знае. Тоа е тајна, заштитена со даден збор, кој кажавме што значи погоре.
Тебе, кој сеуште скиташ во Дворот на Профаните сеуште не можеме да ти откриеме се; - Liber X
Зошто? Прочитајте подолу за иницијацијата.
За иницијацијата:
Секој човек мора да ги надмине сопствените пречки, да ги разобличи сопствените илузии. Сепак, други можат да му помогнат да ги оствари тие две и можат целосно да го оспособат да избегне многу лажни патеки, кои не водат никаде, а само ги искушуваат уморните стапала на неиницираниот аџија. Понатаму, тие можат да осигураат дека правилно е испробан и испитан, зашто има многумина кои за себе мислат дека се Мајстори а не ни стапнале по Патот на Служење кој води дотаму. - Liber LXI
и
Значи Големото Дело е едно, Иницијацијата е една, Наградата е една, макар колку различни и да биле симболите во кои е завиткано Неизговорливото. - Liber LXI
Историски гледано иницијацијата е стара колку и човекот. Нема да навлегувам сега кога како што. Битно е тоа што иницијацијата прави многу повеќе отколку насочување на човекот во животот. Според некои, а јас се сложувам со тие некои, иницијацијата е процес. Динамичко развивање на иницијантот кој од аспирант, успева да стане адепт. Секоја иницијација води кон објаснување и разработка на одредени тајни, кои заради онаа или оваа причина не е погодно да се достапни за јавноста.
Не би му дал на дете кибрит и динамит ако не научил да гледа на часовник со стрелки, нели.
Според мене, не постои само-иницијација.
Short1 спомена дека можно е само-иницијација но потребно е време.
Еве една приказна, која мислам дека ќе објасни што сакам да кажам за иницијацијата и времето.
Вака:
Многу одамна, живеел еден старец. Тој старец живеел мирно, без да се грижи за нешто во животот, од ден за ден. Еден ден, веќе многу стар, решил да научи сам латински за да ги преведе познатите приказни на неговото племе и за да бидат достапни за сите(латинскиот бил познат во тоа време, како денес англискиот). Седнал учел учел... и после години напорна работа научил.
Сега за хиерархијата:
"Хиерархијата создава дискриминација од страна на оние кои се повисоко према оние на пониска позиција"...
Тука ќе морам да кажам дека грешиш. Можеби заради твоите искуства што си ги имал, на училиште, можеби додека си бил на факултет, или пак еве во системот на државата, па така да велиш.
Пирамидата зависи од основата. Тие што се искачиле нагоре, биле долу. А долу е како и горе.
А и како стигнал некој нагоре по пирамидата ако не го научил ова во пракса:
Сепак, о аспиранту, нека победите не ти носат Гордост, зашто со зголемувањето на Знаењето би требало да се зголеми и Мудроста. Оној што малку знае, мисли дека знае многу; но оној што знае многу свесен е за своето незнаење. Го гледаш ли оној кој мисли дека е мудар? Повеќе надеж има за будалата отколку за него. - Liber XXX
и
Не брзај другите да ги осудуваш; како можеш да знаеш дека ти на нивното место би одолеал на искушението. И дури да е така, зошто би презирал некого кој е послаб од тебе? - Liber XXX
П.С.
И @Ipsi јас не сум арогантен. Изгледа ти не познаваш арогантни луѓе. Ништо арогантно немаше во постот погоре наменет за тебе ниту пак во било кој друг пост. Не ми е целта да сум арогантен на овој форум. А ако така ме доживуваш, не знам што да ти кажам. 93 93/93
Бујрум, дополнувајте, прашувајте, исправајте...