Законот на Телема

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.172
Поени од реакции
12.157
Прави што ти е Волја и тоа нека биде целиот Закон!

Телема е филозофска школа и религиска матрица за прв пат објавена на светот со чист јазик во 1904 година со пишување на Книгата на законот (Liber AL vel Legis sub figura CCXX), примена од Aleister Crowley (1875-1947), диктирана од како што сведочат многумина, од Тајни мајстори, кои имаат ваква или онаква замисла за политиката, етиката и свеста кај мнозинството, кои дејствуваат макро, а не само микрокосмички, далеку несфатлива можеби, и навредлива за нас луѓето.

Законот се сумира во две фрази од книги:

* "Прави што ти е волја и тоа нека биде цел Закон" (AL I: 40) и
* "Љубовта е закон, љубов под волја" (AL I: 57).

Според мене, централната цел на телемитите е да ја откријат и вршат својата Вистинска Волја, кое обично е дефинирана како најскриената Природа или вистински тек на животот на поединецот.
Техниките кои се користат за да се постигне оваа цел може да се стават под темата магика (не магија, туку МАГИКА), иако овде спаѓаат сите видови на јога (која е спротивна дијаметрално на магиката), филозофија, наука...

Постојат, исто така, силни политички, етички, естетски, и културните аспекти на Телемата. Иако не постои строго буквална доктрина во врска со овие прашања, Aleister Crowley напиша многу статии и есеи во врска со неговите идеи за правилното однесување на поединецот и за идеално Телемитско општество. Во овие есеи, кои не се напишани како закони, дека мора да е така, туку само одобрување, да се експериментира и да се најде Рамнотежата на самиот поединец. Ако поединецот е здрав, силен, психички и физички подготвен за борба во Универзумот( бидејќи целиот Универзум е непрекината битка на спротиставености) ќе имаме и здраво општество кое нема да ги крие неспособните кукавици кои не сакаат промени заради нивниот проклет страв.

Овие идеи изнесени од Кроули продолжуваат да се развиваат во модерните наши времиња. Денеска , за разлика од тоа време... Се е Дозволено, нема Грев! Но има последица!
Што и беше целта според мене на телемата. Но, внимавајте. Законот не ве ослободува од последицата. Во иднина ќе иде пак Liber Oz ( за правата на Човекот).

Сепак, телемата ги удри темелите за основните теми вклучувајќи ги личната слобода, признавање дека мажите и жените имаат вродено божествена рамноправна природа, и дека Љубовта е основата на Големото Дело од која нема зошто да се срамиме!

Љубовта е Закон, Љубов под Волја!
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.172
Поени од реакции
12.157
Прави што ти е Волја и тоа нека биде целиот Закон!

Еве ја таа книга за Законот на Човекот. Ќе има еден куп негодувања, богохулие... но нема ништо тука од тоа... Повелете...

Liber LXXVII: OZ


„законот на
силните:
ова е нашиот закон
и радоста
на светот.“ AL. II. 2

„Прави што ти е волја ќе биде сиот Закон.“ –AL. I. 40
„немаш право освен да ја правиш твојата волја. Прави го тоа и никој нема да каже не.“ –AL. I. 42-3
„Секој маж и секоја жена е ѕвезда.“ –AL. I. 3

Нема бог освен човекот.

1. Човекот има право да живее според сопствен закон– да живее на начин според неговата волја:
да работи како што му е волја:
да игра како што му е волја:
да одмора како што му е волја:
да умре кога и како му е волја.


2. Човекот има право да јаде што му е волја:
да пие што му е волја:
да живее каде му е волја:
да се движи како му е волја по земјата.

3. Човекот има право да мисли што му е волја: да зборува што му е волја:
да пишува што му е волја:
да црта, слика, резба, длаби, ваја, гради како му е волја:
да се облекува како му е волја.


4. Човекот има право да љуби како му е волја:–
„исполни се со љубов како ти е волја,кога, каде и со кого ти е волја.“ –AL. I. 51

5. Човекот има право да ги убие оние што би му ги ускратиле овие права.
„робовите ќе служат.“ –AL. II. 58

„Љубовта е закон, љубов под волја.“ –AL. I. 57

Објаснување: Овој закон, на никој можен начин не не ослободува од последицата на нашите акции. Не може да се избегнат законите! Но Човекот ја има најголемата слобода што може да се постигне под и над небото.

Знам дека ќе се зафатите за последните изјави од малава книга, за убивањето, а вешто ќе го избегнете спомнувањето на чистата Љубов... Луѓе, нели...

Треба да ви е јасно, и да разберите еднаш засекогаш дека, ако овие закони важат за вас, важат и за секој друг. Ако Вие, со работа и со посветеност ја извршувате вашата волја, издржувате низ вашите искушениа, кои се спомнати во една друга книга, секогаш ќе се групирате со Ѕвезди кои ќе ве надополнуваат, со кои ќе го играте Танцот на Животот низ Универзумот. Како што секоја Ѕвезда има своја Патека, така и секој Човек оди низ Животот. Таква е Мистеријата на Животот и неговите Веројатности...

Љубовта е Закон, Љубов под Волја!

П.С. Колку само од овие закони, можете да ги исполните денес? Размислете...
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.172
Поени од реакции
12.157
Прави што ти е Волја и тоа нека биде целиот Закон!

И сега, треба да се симнам на твое ниво, и да ти кажам (на маж што вели дека има 30+ години, клечиш на форуми, и трескаш зелени и лечиш закоравени комплекси), дека ако ја знаеше ТИ целта на Телемата, до сеа требаше да се средиш...
Но, гледајќи кај си и што све пишуваш, тешко...

Нема да коментирам на вакви идиотски испади... Пробај да се средиш...

Љубовта е Закон, Љубов под Волја!

П.С. Ја надминав Смртта Брату... Слична е на Животот... А твојот живот, за разлика од мојот, е бедно Умирање! 93 93/93
 

The Mad Doc

Алхемичар
Член од
16 март 2009
Мислења
653
Поени од реакции
46
П.С. Ја надминав Смртта Брату... Слична е на Животот... А твојот живот, за разлика од мојот, е бедно Умирање! 93 93/93
Човекот има право да умре како сака без никаково судење.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.172
Поени од реакции
12.157
Човекот има право да умре како сака без никаково судење.
Прави што ти е Волја и тоа нека биде целиот Закон!

Само мала испавка... не е битно како некој САКА да умре... Сакањето е желба, а желбата е отров за душата.... а тоа според Буда е нели извор на Тагата... и тука идат сите видови на јога за сопирање на тие желби...

Но, ако некому му е Волја, е тоа е друга приказна... Да читаме внимателно и со Разбирање... само така ќе може да се пресуди во светлото на вистинската Мудрост.

93 93/93
 

The Mad Doc

Алхемичар
Член од
16 март 2009
Мислења
653
Поени од реакции
46
Прави што ти е Волја и тоа нека биде целиот Закон!

Само мала испавка... не е битно како некој САКА да умре... Сакањето е желба, а желбата е отров за душата.... а тоа според Буда е нели извор на Тагата... и тука идат сите видови на јога за сопирање на тие желби...

Но, ако некому му е Волја, е тоа е друга приказна... Да читаме внимателно и со Разбирање... само така ќе може да се пресуди во светлото на вистинската Мудрост.

93 93/93
Според будизмот желбата е причина за болката.Си згрешил нешто.Желбата е сосем природна и е основа на животот.Све што човек(дури и просветлен) сака да направи е негова желба.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.172
Поени од реакции
12.157
Прави што ти е Волја и тоа нека биде целиот Закон!

192. De Morte ( За Смртта )

Ми постави Прашање во врска со Смртта и ова е моето Мислење, за кое нема да речам: Тоа е Вистината.
Прво: во Храмот наречен Човек се наоѓа Бог, неговата Душа или Ѕвезда, индивидуална и вечна, но исто неодделива од Телото на Нашата Дама Нуит. Како Учесник во Космичката Свечена Миса, оваа Душа ја облекува Одеждата на својата Служба, т.е. престојува во Светилиштето на Илузијата, во човечкото Тело и Ум. Ова Светилиште е подложено на Законот на Промената, зашто е сложено и дифузно и реагира на секој Поттик или Впечаток.
Ако Умот силно се прикачи за Телото, Смртта нема доволно моќ да го разгради темелно тоа тело. Лушпата што се распаѓа на Мртвиот Човек, т.е. неговиот Ум уште извесно време го одржува неговото Светлосно Тело и талка низ Земјата, барајќи (негова Грешка е што се плаши од Промена) ново Светилиште во некое друго Тело. Овие Лушпи се потполно одделени од Ѕвездата, која ги осветлувала и тие се Вампири што ги опседнуваат луѓето што се впуштиле во авантурата на Астралниот Свет без Магиска Заштита. Тие Лушпи ги опседнуваат и луѓето што ги призиваат т.е. Спиритистите. На почеток, со помош на Смртта, Човекот е ослободен само од своето Грубо Тело и е целосен во Астралниот Свет, каков што бил претходно во Животот. Подоцна, таа целокупност доживува Удари и нејзините носачи се разлабавуваат, прво послабите, а потоа и посилните.

Извадок од "Liber CXI vel Aleph The BOOK of WISDOM
or FOLLY" .

Љубовта е Закон, Љубов под Волја!

P.S. За симболот на Нашата Дама Нуит, видете во Liber AL vel Legis sub figura CCXX, во "Законот е за Сите" (коментари на Liber AL од страна на Baphometh X).За Врската на Умот со Телото и Универзумот разгледајте ги списите од Зохар, разни алхемиски текстови, може и Јунг (Алхемија и Психологија), Дрвото на Животот, книгите на египтологот Баџ, за разглобување на тие Носачи на душата, каде што египјаните имале неколку различни називи.

Не можам да се сложам дека некој би го одил патот на змијата за да ја задоволи својата желба. Тоа го прават сите. Нема потреба тогаш да се изминуваат патишта на искушенија и пракси за да на крај задоволиш некоја бедна желба. Не оди така...
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.172
Поени од реакции
12.157
А како ќе ја дистанцираш Волјата од желбата?
Како да се одреди што е Вистинска Волја, а што е Желба?

Желбите за основа ги имаат сетилата, и задоволување на истите. Од тука и следи болка. Од тука следи и исчезнување на истите.
Сетилата секој момент се бомбардираат со информации различни по интензитет и фреквенција, и како и секој сензор, тоа доведува и до промена на желбите. Така се добиваат безброј желби, кои го шуткаат човекот низ животот и го тераат да гони фантоми.

А за Волјата, не можам да кажам дека ова е мислење на сите телемити, но можам да кажам дека е мое мислење:

Вистинската Волја за основа го има Умот и Задоволувањето на Духот.
И бидејќи не зависи од никакви променливи вредности, Вистинската Волја е Непроменлива!

Тука е и разликата, едното е менливо, по задоволувањето желбата спласнува, но кај Волјата е обратно. Се спомнува и во една книга дека колку повеќе некој напредува и бутка со својата Волја, толку повеќе Универзумот му го намалува триењето при патувањето низ Бесконечната Вселена.

И зарем во Книгата на Законот не вели:
For pure will, unassuaged of purpose, delivered from the lust of result, is in every way Perfect. (AL I:44)


П.С. Ако мислите дека Умот е Променлив, се лажете. Базата на знаење се менува но не и умот! Затоа и постојат степени, скалила или што и да е, на патот на иницијацијата.
 
Г

Господ

Гостин
Значи Волјата колку и да ја вршиш никогаш не си заситен.
Ја откриваш и крај,нема назад,го вршиш тоа.
Уште да ја откриев:pipi:
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Пази, овој не сфаќа дека книгата е веќе постирана, не се ни обидел да ја ѕирне.
 
Г

Господ

Гостин
Абе интересна работа за изучување ми изгледа Телемава,само во одредени граници:toe:
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.172
Поени од реакции
12.157
Прави што ти е Волја и тоа нека биде целиот Закон!

"Овој", знае и кој ја преведувал далечната 1998 година Книгата на Законот, знае и од кај е копиран македонскиот текст. Но, што со тоа... небитна работа...

За границите, би зборувал, но друг пат... погледнете во Liber AL... Тајните се дадени...

Поглавје I Стих 22. Сега, значи, јас сум ви позната по моето име Нуит, а нему по тајното име што ќе му го дадам кога конечно ќе ме спознае. Бидејќи сум Бескрајна Вселена, и Безбројните Ѕвезди во неа, правете и вие така. Не ограничувајте ништо! Меѓу вас нека не се прави разлика помеѓу нешто и што било друго; Оти оттаму следува болка.

Претходно спомнав да видите за симболот на Нуит... за Ѕвезда... дека секој Маж и секоја жена е Ѕвезда, и дека Кабс е во Ку, а не Ку во Кабс. ! Спомнав за болката, за желбата... да не редам, ја добивате сликата, i hope so...

Љубовта е Закон, Љубов под Волја!
 
Г

Господ

Гостин
Прави што ти е Волја и тоа нека биде целиот Закон!

"Овој", знае и кој ја преведувал далечната 1998 година Книгата на Законот, знае и од кај е копиран македонскиот текст. Но, што со тоа... небитна работа...

За границите, би зборувал, но друг пат... погледнете во Liber AL... Тајните се дадени...

Поглавје I Стих 22. Сега, значи, јас сум ви позната по моето име Нуит, а нему по тајното име што ќе му го дадам кога конечно ќе ме спознае. Бидејќи сум Бескрајна Вселена, и Безбројните Ѕвезди во неа, правете и вие така. Не ограничувајте ништо! Меѓу вас нека не се прави разлика помеѓу нешто и што било друго; Оти оттаму следува болка.

Претходно спомнав да видите за симболот на Нуит... за Ѕвезда... дека секој Маж и секоја жена е Ѕвезда, и дека Кабс е во Ку, а не Ку во Кабс. ! Спомнав за болката, за желбата... да не редам, ја добивате сликата, i hope so...

Љубовта е Закон, Љубов под Волја!
Болдираното има врска со тоа секој маж и жена е ѕвезда?
Тоест одвнатре сите се еднакви.

А Кабс е она одвнатре,ѕвездата што не прави тоа што сме,ваљда од таму доаѓа и Волјата,додека Ку е телото?
Ваљда затоа потоа вика величај го Кабс:toe:
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.172
Поени од реакции
12.157
Болдираното има врска со тоа секој маж и жена е ѕвезда?
Тоест одвнатре сите се еднакви.

А Кабс е она одвнатре,ѕвездата што не прави тоа што сме,ваљда од таму доаѓа и Волјата,додека Ку е телото?
Ваљда затоа потоа вика величај го Кабс:toe:
Ку не е материјалното тело... Кабс е Ѕвезда... Болдираното е само за да ја покаже поврзаноста на работите... Да покаже дека оној што ограничува, не постигнува ништо. Како ќе знаеш што е доволно? Хм...?
Мажот и Жената од секогаш биле и ќе бидат рамноправни!
Тоа рисјаните измислија (по пример на еврејската традиција) дека жената ќе чмае во сенката на мажот... Но тоа е минато... :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom