Законот на Телема

Г

Господ

Гостин
Ај откријте ми како се открива The Волја?
Бидејки нели The Волја е она што треба да го откриеш,твојата вистинска цел.
Колку што може да се види на сајтот и колеџ имале,таму ли се предава
како таа да се открие?
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Нема потреба да ти открива (остај го не знае)!

Сам треба да узнаеш, учејќи го Кроули!
 
Г

Господ

Гостин
Тип,кој слушал гласови а никој немало околу него(во доба кога не постоеле телефони):vozbud:
Хедонист,бисексуалец и хорсајлија...did I miss anything:smir:
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Тип,кој слушал гласови а никој немало околу него(во доба кога не постоеле телефони):vozbud:
Хедонист,бисексуалец и хорсајлија...did I miss anything:smir:
Џанак и пијаница!
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.163
Поени од реакции
12.147
Човекот бил се што сакал... му завидувате... Да знаете што се јас правам... ќе сакате и вие... напишав веќе.. на темата Алистер Кроули... што е и како е...

А како до таа Волја... едно добро прашање: Зошто, ама баш зошто да ви кажи човек??? Тоа не го разбирам... за да докажам дека знам? Да се пофалам...? што ви треба...?? :)

П.С. Не треба да го учиш Кроули... лошо си разбрал... како што си ги разбрал лошо сите филозофии на кои се контраш... а немаш сопствена филозофија...
 
Г

Господ

Гостин
Не му завидувам.
Пробувал да воскресне(не буквално,ваљда) мртви египетски богови.
Додека цел свет се бие да докаже дали е рисјанство ислам или будизам доаѓа
еден дрогираш и вика абе не тоа всушност се Хорус и Нут:toe:
А ако не го учам Кроули кого друг?
Тие учења мора да доаѓаат од некаде,инаку ако не бил Кроули немаше никогаш да слушнеме за Телемитите:toe:
Да ни каже и да не просветли,ете слабите по разум имаат ли место во вашиот рај или кај и да одите по смртта?
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.163
Поени од реакции
12.147
Ако ми е воља ќе се убијам... Дали е тоа битно? Колку само ве замара таа Волја и што некој има Волја(Телема) да прави нешто... Ако сте полни со желби и тоа ве мачи, решете си ги проблемите... Јас никој не убедувам да биде тоа што сум јас...
Сега имате и нов фронт, освен ислам и христијанство (цел свет се тепал, ц ц ц) да мрчите и тука... бујрум... неам јас против...
Сакам аргументи... ама добри не саде од нет собирано од кај најдите... :)

Не воскреснал ништо Кроули... изгледа не си читал ништо од него... Има по македонските книжари веќе 12 книги преведени... се надевам ќе има уште...

Еве нешто:
LIBER II

ПОРАКА НА МАЈСТОРОТ ТЕРИОН


"Прави што ти е волја и тоа нека биде целиот Закон"
"Нема закон над Прави што ти е волја"


"Зборот на Законот е Θελημα"
- Телема - значи Волја.​


Клучот на оваа е порака е овој збор - Волја. Првото очигледно значење на овој Закон е потврдено со антитезата: "Зборот на гревот е ограничување". И повторно: "Ти немаш право освен да ја вршиш својата волја. Прави го тоа и никој нема да ти рече не. За чиста волја, неослабена од цел, ослободена од страсти за резултат, секој пат е совршен".

Проучи го ова внимателно; изгледа оти ова подразбира теорија дека ако секој маж и секоја жена ја извршуваат својата волја - вистинска волја - нема да има судири. "Секој маж и секоја жена е ѕвезда", а секоја ѕвезда се движи по утврдена орбита без мешање. Има доволно место за сите; единствено нередот создава конфузија.
Од овие разгледувања треба да биде јасно дека "Прави што ти е волја" не значи "Прави што сакаш". Тоа е апотеоза на Слободата; но тоа е исто така и најстрого можно ограничување.

Прави што ти е волја - и не прави ништо друго. Ништо нека не те одврати од таа строга и света задача. Имаш апсолутна слобода да делуваш според својата волја; но ако се обидеш да правиш било што друго, веднаш се јавуваат тешкотии. Секој чин кој не е на одреден курс на таа единствена орбита е грешка и препрека. Волјата не смее да биде подвоена, туку единствена.

Обрати внимание уште и на тоа дека оваа волја не само што треба да биде чиста т.е единствена како што е објаснето горе, туку и "неослабена од цел". Мораме да се задржиме на оваа необична фраза. Таа може да значи дека волјата ја гуши која било цел; очигледно е дека волјата мора да биде ослободена од "страста за резултат".

Но таа фраза може да се интерпретира и како "со неослабена цел"- т.е со неисцрпна енергија. Значи се работи за концепцијата на вечното движење, бескрајно и непроменливо. Тоа е Нирвана, само што е динамична, а не статична - што на крајот се сведува на истото.

Очигледна практична задача на Магичарот е да открие што всушност е неговата вистинска волја, за да може на тој начин да ја извршува, а тоа тој најдобро може да го изведе по пат на пракса на Liber Thisharb (Equinox I,7) или слични пракси кои одвреме навреме ќе му бидат одредени.

Сега секој би требало совршено едноставно да ја сфати Пораката на Мајсторот Терион. Ти мораш
(1) да откриеш што е твоја Волја.
(2) Да ја извршуваш таа Волја со а) едно-насочност б) непристрасност ц) мир.

Тогаш и само тогаш, ти си во хармонија со движењето на Работите, а твојата волја е дел од Божјата, и спрема тоа еднаква на неа. И бидејќи волјата е само динамички аспект на нашето битие, и бидејќи две различни битија не можат да имаат идентични волји тогаш ако твојата волја е Божја волја, значи Ти си тоа.

Постои само уште еден збор кој треба да се објасни. На едно друго место е запишано - на наше големо задоволство- "Љубовта е закон, љубовта под волја". Тоа треба да се сфати во ова значење: додека Волјата е Закон, природата на таа Волја е Љубов. Но таа љубов всушност е нуспродукт на Волјата; таа не е во контрадикција со Волјата, ниту ја истиснува; и ако се појави привидна контрадикција во некоја криза , Волјата е таа која ќе не поведе по правиот пат. Погледни, иако во Книгата на Законот се говори многу за Љубовта, таму нема ниту еден збор за Сентименталноста. Омразата е речиси еднаква на Љубовта! Борбата е сосем сигурно Љубов! "Како браќа борете се!" Сите мажествени раси на овој свет го сфаќаат тоа. Љубовта на Liber Legis е секогаш смела, снажна дури и оргијастична. Во незе има нежност, но тоа е нежност на силата. Моќна и застрашувачка и величествена, каква што е веќе, таа е сепак само знаме на светото копје на Волјата, изгравиран запис на мечевите од Витезите - монаси на Телемата.


Љубовта е закон, љубов под волја.

И после ова ќе следи мрчење и никаков дијалог... македонштина.. ве разбирам... и не се зема за зло она што се знае за другите...:)
 
Г

Господ

Гостин
Првиот дел од текстот е вид на копија на религиите кои ги плука
Откриј ја својата волја,цел и изврши ја.
Во секоја религија ова е основен постулат,ти си создаден with a higher purpose ништо ново.
Е сега,пророци како Мојсеј,Исус,Мухимотохамед и други исто како и Телематите кои минувале низ Liber ThIShАRB,минувале низ некаков вид тренинг а дуре потоа биле просветлени и достигале некој вид нирвана и тек потоа ја вршеле својата Цел.Исус умрел на крстот,Мојсеј ги избавил евреите Мухимотохамед муслиманите и така натаму.

Кон вториот дел,Љубовта е закон, љубов под волја значи со љубов врши ја твојата Волја,барем мое мислење поправи ме ако грешам,еве ти...дозволувам:wink:
Но ако не грешам,тогаш its nothing new.
Од сите маченици/пророци/месии се барало да веруваат во тоа што го прават и да го вршат со љубов бидејки го прават for the greater good.
Овде е малку изменето,додадена е себичноста.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.163
Поени од реакции
12.147
Првиот дел од текстот е вид на копија на религиите кои ги плука
Откриј ја својата волја,цел и изврши ја.
Во секоја религија ова е основен постулат,ти си создаден with a higher purpose ништо ново.
Е сега,пророци како Мојсеј,Исус,Мухимотохамед и други исто како и Телемитите кои минувале низ Liber ThIShАRB,минувале низ некаков вид тренинг а дуре потоа биле просветлени и достигале некој вид нирвана и тек потоа ја вршеле својата Цел.Исус умрел на крстот,Мојсеј ги избавил евреите Мухимотохамед муслиманите и така натаму.

Кон вториот дел,Љубовта е закон, љубов под волја значи со љубов врши ја твојата Волја,барем мое мислење поправи ме ако грешам,еве ти...дозволувам:wink:
Но ако не грешам,тогаш its nothing new.
Од сите маченици/пророци/месии се барало да веруваат во тоа што го прават и да го вршат со љубов бидејки го прават for the greater good.
Овде е малку изменето,додадена е себичноста.
Кроули ништо не плука, книгата на законот не е негово дело... И за него велат дека со едната нога бил во стариот еон (на пример понекогаш не му се допаѓала жената каква што е) а со едната во новиот каде што жената во Законот е крената рамноправна со Мажот... воинствена, горда, која собира мажи и жени како и Мажите, како што и е Волја и никој не и вели Не... како што и денес можете да видите успешни жени насекаде, дури и подобри од нас Мажите!

За првото болдирано од твојот "есеј" можам да кажам WOW... Како прво минувале низ НЕКАКОВ... хм.. доволно дефинирано јас мислам.. за да бидат просветлени отпосле... немам коментар тука, не знам од кај да почнам за да ти објаснам изгледа премногу си промашил, достигнале НЕКОЈ вид нирвана , уште една солидна дефиниција и дури после ја вршеле својата цел. А до дека дојдат до Книгата што ти ја спомна? Што правеле? Нечија друга Волја кон некоја друга цел...??? Или нешто трето... сутлијаш правеле...? :pos2:
За второто болдирано...

ГРЕШиШ! Види убаво болдираното и она што ти збориш! Можеби ќе ти се разјасни...

Нема ништо себично во извршувањето на Вистинската Волја... себично од некој е да ти ја ограничува и забранува таа Волја... не си го прочитал горниот текст убаво изгледа... ама ќе го прочиташ... нели... :)
 
Г

Господ

Гостин
Вака сега,сакав да ти ја посочам сличноста на религиите со философијата на телемитите.
Еве пример,општо познато е дека времето во Библијата скока од Исус на 12 години до Исус на 30 години и е вечно прашање што правел Исус сите тие години и најчест одговор е дека се подготвувал да ја ИЗВРШИ СВОЈАТА ЦЕЛ.
Тој додека не му се појавил ангел немал поим дека е божји син и дека треба да умре млад.
Тоа е шок за секого и поради тоа минал низ некој вид подготовки,ТРЕНИНГ.

Во учењето на телематите
Очигледна практична задача на Магичарот е да открие што всушност е неговата вистинска волја, за да може на тој начин да ја извршува, а тоа тој најдобро може да го изведе по пат на пракса на Liber Thisharb
.Liber Thishard бил исто тоа:toe:
Пишувале назачки,оделе назачки,зборувале назачки,па потоа доаѓа на ред некој вид на медитација или што ти знам.


Додека да дознаат за својата цел си го живееле животот како секој нормален човек што очекуваш да прават:toe:


Добро погрешив во врска со љубовта.

Нема ништо себично во извршувањето на Вистинската Волја... себично од некој е да ти ја ограничува и забранува таа Волја... не си го прочитал горниот текст убаво изгледа... ама ќе го прочиташ... нели... :)
Но што ако ти е Волја да нанесуваш повреда?
Еве да речеме волја ти е да си пироман.
Дали и по цена на туѓи животи ти ќе ја вршиш својата Волја?
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.163
Поени од реакции
12.147
Сега и за Исус даваш претспоставки, и тука грешиш ама тоа ќе те оправаат христијаните за тоа дали Исус знаел или не дека е Божји син... и дали умрел подготвен како некој самоубиец за својата вера како што прават сите фанатици... тоа не е мое...

За праксите вели Liber Thisharb (Equinox I,7) исто вели и "или слични пракси кои одвреме навреме ќе му бидат одредени."

Кои се другите пракси додека дојде до тие од Книгата? Кога се даваат тие пракси? Пишува одвреме навреме... Не знаеш? Е па сега тоа е...

Не сте научени да читате внимателно... Читајте како друг некој да чита, не судете веднаш.

Lege! Judica! Tace!
 
Г

Господ

Гостин
Сега и за Исус даваш претспоставки, и тука грешиш ама тоа ќе те оправаат христијаните за тоа дали Исус знаел или не дека е Божји син... и дали умрел подготвен како некој самоубиец за својата вера како што прават сите фанатици... тоа не е мое...

За праксите вели Liber Thisharb (Equinox I,7) исто вели и "или слични пракси кои одвреме навреме ќе му бидат одредени."

Кои се другите пракси додека дојде до тие од Книгата? Кога се даваат тие пракси? Пишува одвреме навреме... Не знаеш? Е па сега тоа е...

Не сте научени да читате внимателно... Читајте како друг некој да чита, не судете веднаш.

Lege! Judica! Tace!
И јас бев христијанин,untill i reached the age of reason:toe:
и колку што знам на Исус му се убацил светиот дух и му го кажал божјиот план,дотогаш си бил,приближно нормално детенце,освен тоа што повремено се карал со селските философи.
Слични пракси кои чат пат ќе ги спомнеме ама на вас треба да ви текне.

1.7 зборува за два метода.
Едниот веќе го спомнав.
Да бидеш обратен.
Вториот колку што можам да разберам е некој вид медитација,комуникација со себеси,откривање на тоа што ти ја одредува волјата.
Не?
Епа тоа е,се повлекувам од темава:toe:
Можеби друг пат кога ќе прочитам нешто повеќе,или чујам нечие друго мислење.

To what purpose am I fitted? Of what service can my being prove to the Brothers of the A ∴ A ∴ if I cross the Abyss, and am admitted to the City of the Pyramids?
Исто како и во сите останати религии зошто постојам,која е целта на моето постоење.
Ако преминам преку препреките(ваљда на скептицизмот)дали ќе бидам примен во Градот на Пирамидите(рај?)
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.163
Поени од реакции
12.147
Слободно можеш да читаш и да истражуваш... Ако Кроули не видел добро нешто во христијанството и не го споил со исламот, некој можеби го надминал... И дознал повеќе... Исто и ти... истражувај...
Телемата "дозволува"(глуп збор, подобро е инсистира, советува) да ако го стигнеш пророкот... убиј го (ова значи НАДМИНИ го) и носи ги неговите искушенија... А за тоа пишував со цитати во темата Алистер Кроули...

П.С. Сега одам да спијам... се имаат обврски...
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.163
Поени од реакции
12.147
Гарфи, прво утре ќе си зеам платата за да си ја нагостам душата и да си купам книгата... а за убивање.. си се убивам секој ден јас дел по дел... и си се жртвувам во огнот наречен Љубов... ехехехе :)
Ајде поздрав мизантропу... :)
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Pozdrav...ne treba da legnes?

navistina, so srekja so Thelemata, ako ne ja razberes, ostavi ja, ako ja razberes, kursumot, krajnata cel za postignuvanje na slobodata i voljata, ti rekov, kursum.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom