Законот на Телема

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Jas ne sum sledbenik na voa ucenje.
Samo interpretiram kako jas go razbiram t.e kako mislam deka e postulirano.

No, kako nesovrseno-sovrseni mnostva na ednoto i edno na mnostvata, mora da ima tendencija kon vozdignuvanje an povisok stepen na postoenje, kade nema mesto za site onie nerazumni stravovi koi ne cinat ograniceni vo toa tezneenje i postignuvanje na celta, poradi sto, kako sto se otsekuva del za da prezivee celoto, jas ne mislam deka se misli na edni vs drugi, tuku na da se eliminira od nas, mnostvata na ednoto Jas, onoj/onie delovi koi gi sodrzat tie elementi koi ne dozvoluvaat celosen voshit i voznes.

Moze gresam, jebemga, rekov, samo otstrana nabljuduvam, a plus sum Jedi, no jas taka interpretiram.
 
O

Omer el Faruk

Гостин
А откаде ја зема основата ова учење/верување?
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Би било в ред, место да одиме оф топик, да кликнеш контрол+т и во новото прозорче да напишеш google.com и се што те интересира има, а може дури и да ги исчиташ сите страници на темава и самиот да донесеш своевиден заклучок.

Нели?!
 

KeleS

insolitus res
Член од
22 јануари 2008
Мислења
734
Поени од реакции
57
Оттаму, јас сум бог сам на себе, и бог на сите, затоа што сите се само фрагментирано отелотворение на јас?

Како тогаш, ако постои таква целовитост и единство, се вели и дека немаме ништо со слабите и неподобните, дека сочуството е слабост, и дека слабиот треба да биде згазен?

По првичната логика на сплотување на сечие јас, не би требало да има градација и хиреархија меѓу ние, односно да има слаби и силни, згазени и воздигнати..ниту пак сочуството би било порок, затоа што кога сочуствувам, јас сочуствувам и си угодувам на себе.

Или, сепак има избрана група на јас, обожена и со сите слободи, затоа што и се подразбираат сами по себе?
Значи јас бар колку што сум ги скопчал работите приказната оди вака ( однапред се извинувам поради тоа што морам и истора да замешам ) .
Мистер Кроули бил масонче и му пукнал филмот од прикриеноста и на ритуалите и верувањата со помош на кои масоните достигнуваат поголемо само спознавање . Освен тоа сметал дека Магиката е за сите .И дека секој треба да ја добие можноста да се проба во тие пракси ...
И така ја напишал Либер Легис и преку неа созадал нова религиа која се вика Телема и е всушност Магика и масонериа за масите .

Е сега идеата во таја религиа е повеке кон подобрувањето на јас . Значи крајна цел е само познавање и само унапредување . Достигнување на најдоброто ти кое можеш да бидеш . Притоа без да бидеш оптеретен од теократски структури , квази верувања , култови на личност , итн итн итн .
Значи тука иди елементот Прави како ти е воља и нека тоа биде целиот закон . Тој не е филозофиа за секојдневните активности .. туку е учење за тоа како да достигнеш до богот во себе и до својата вистинска религиа . Значи затоа се зборува за во либер легис за среќавање на други кралеви итн итн итн Значи нема фрагментациа , по радо ти си бог , но има и други богови освен тебе а законот кажува каква ке е интеракциата меѓу вас .
Бар така сваќам јас .
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
... по радо ти си бог , но има и други богови освен тебе а законот кажува каква ке е интеракциата меѓу вас .
Бар така сваќам јас .
Па нели “прави како ти е волја и тоа нека биде цел закон“. Сакаш да кажеш дека припадниците на телемата се толку фини и толерантни што нивната волја ретко може да се коси со волјата на другите богови.

Ако толерираш, тоа ќе биде на твоја сметка, и така волјата си ја изневерил и си го прекршил законот. Или се вадат телемистите на тоа дека ако посакаат смеат да го кршат и законот, битна е волјата, ама зарем не се појавува волја да се одмаздиш на другите богови со кои си дошол во конфликт или од самиот старт да им се спротиставиш.

Како да завртиш, воопшто не е конфузна работата како што за малку ќе ја направев со последниот пасус, само учењето е комплетно деструктивно и за мене нелогично. Општество, природа, без толеранција и јасно поставени закони што смее а што не, не може да опстои. Кога би се воделе сите по телемата, многу брзо ќе испоумреме. Затоа веројатно често и го поврзуваат Кроули со сатанизам.
 

KeleS

insolitus res
Член од
22 јануари 2008
Мислења
734
Поени од реакции
57
/ме седи збунет и се прашува зошто никој не чита ???

ајде да земеш и да почиташ малку што предходно е напишано
Еве ти дирекни линкови за објаснувањата

Линк

заправо прочитај ја целава оваа страница од темава ( значи не од друга тема туку од оваа ) па ке ти се објасни што зборував ... а не да се натрапаш од нигде никаде со мислење кое не е нити во контекст нити пак дејствува позитивно врз темата

Линк

:eek:ftopic:
Мислам дека е безсмислено да те критикувам бидејки со самиот пост покажа дека не те интересира темава само сакаш да набациш дека Краули е сатанист .
Али луге буквите не ви се неприатели ... читајте бар што се напишало предходно и зошто не . Иначе се добиваат теми во кои некој се повторува 1000 пати ко да е ретардиран . Ај да е тема 70 страни долга али тука се само 4 .

И после се чудиме зошто во државава имам експерти економисти кои незнаат математика без дигитрон , Правници кои незнаат латински , филолози со завршен англиски кои незнат да спелуваат Orange . Никој веке незнае да чита .
 

moof KOOZ tee

Mystis
Член од
26 ноември 2008
Мислења
361
Поени од реакции
63
Па нели “прави како ти е волја и тоа нека биде цел закон“. Сакаш да кажеш дека припадниците на телемата се толку фини и толерантни што нивната волја ретко може да се коси со волјата на другите богови.
Прави што ти е Волја не значи прави што сакаш...откривањето на сопствената Волја е долг процес...Телемитите од пониските степени само се подготвуваат за изведување на операцијата "разговор со ангелот чувар" кога што магот и ја открива или му се открива неговата вистинска Волја...не постојат две идентични волји или орбити на Ѕвезди, па отука и невозможен е конфликт или судир на две индивидуи(богови) кои ја откриле сопствената Волја...судирот со оние кои не ја откриле својата Волја е неизбежен затоа што тие(нереализирани богови, чија божественост е потисната од незнаење) се оние кои заталкуваат па се движат по туѓи патеки...да Телемитот може, смее и треба да ги згази оние кои ќе застанат на патот на неговата Волја...зашто тој е оној кој вибрира по фреквенцијата на ѕвезденто тело на нашата дама НУИТ...

п.с. моите ставови и излагања не мора да бидат официјални ставови на редот...
 
Член од
18 август 2008
Мислења
680
Поени од реакции
34
-Светиот Дух е Свет Дух, а не некој друг, трет или „х„-ти...
-Христос мнооогу прецизно посочи(л) кој е Неговиот предок-тоа е Отецот Небесен, а не сатаната!




Кога „батката„ Аивас, би бил видлив, сигурно би:
-бил „црномањаст„
-би имал рогови на главата
-би имал опашка
-би лажел-сушел...

И така натаму...
MIKI1, чоече не верувам дека тебе некој те има побиено со аргументи.Еве скоро година сум на форумов и уште не видов некој „да ти ја затнал муцката“.

Хаха- интересен „феномен“ си ти бате.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Прави што ти е Волја не значи прави што сакаш...откривањето на сопствената Волја е долг процес...Телемитите од пониските степени само се подготвуваат за изведување на операцијата "разговор со ангелот чувар" кога што магот и ја открива или му се открива неговата вистинска Волја...не постојат две идентични волји или орбити на Ѕвезди, па отука и невозможен е конфликт или судир на две индивидуи(богови) кои ја откриле сопствената Волја...судирот со оние кои не ја откриле својата Волја е неизбежен затоа што тие(нереализирани богови, чија божественост е потисната од незнаење) се оние кои заталкуваат па се движат по туѓи патеки...да Телемитот може, смее и треба да ги згази оние кои ќе застанат на патот на неговата Волја...зашто тој е оној кој вибрира по фреквенцијата на ѕвезденто тело на нашата дама НУИТ...

п.с. моите ставови и излагања не мора да бидат официјални ставови на редот...
Аха, добро, малку поинаку го дефинираме зборот волја, но, во ред, ќе го прифатам твоето толкување иако не ми е до крај јасно, па во разговоров малку ќе нагаѓам.
Ќе претпоставам дека волјата е исклучиво работа на метафизика, бидејќи поинаку не можам. Сепак, онаа според која се води телемитот (а е примарна во секој поглед колку разбирам) му дозволува и наметнува како што велиш, да ги згази оние кои ќе застанат на патот. Значи ги поврзуваш “небесното“ и земното, односно душата и имагинацијата за која претпоставувам дека немаат граници и волјата навистина може да биде бесконечна и да не се поклопи на ниедна индивидуа, но кога ќе искочиш низ врата надвор до секој телемит неизбежно е да застане и да му се спротистави друг, порано или подоцна.

Кога тие двајца ќе се најдат во ситуација да треба да ја исполнат својата волја (според моето земно гледање на работите) тие секако ќе бидат во клинч, или еден од нив ќе треба да реши дека неговиот пат е поинаков. Но зар не изгледа тоа како повлекување, како присилно наметнување на идеја, на желба. Или пак и тоа се гледа како дел од волјата, како дел од силата? Но, во тој случај смислата за бог, и секој е ѕвезда паѓа во вода, и два богови не се еднакви. И не ми кажувај дека волјата два телемисти никогаш нема да ги одведе во ситуација да не се прегазат еден со друг.

Можеби некои работи не ги разбирам, но и онака не збориш од името на редот, објасни ми. :helou:
keles напиша:
/ме седи збунет и се прашува зошто никој не чита ???

ајде да земеш и да почиташ малку што предходно е напишано
Еве ти дирекни линкови за објаснувањата

Линк

заправо прочитај ја целава оваа страница од темава ( значи не од друга тема туку од оваа ) па ке ти се објасни што зборував ... а не да се натрапаш од нигде никаде со мислење кое не е нити во контекст нити пак дејствува позитивно врз темата

Линк


Мислам дека е безсмислено да те критикувам бидејки со самиот пост покажа дека не те интересира темава само сакаш да набациш дека Краули е сатанист .
Али луге буквите не ви се неприатели ... читајте бар што се напишало предходно и зошто не . Иначе се добиваат теми во кои некој се повторува 1000 пати ко да е ретардиран . Ај да е тема 70 страни долга али тука се само 4 .

И после се чудиме зошто во државава имам експерти економисти кои незнаат математика без дигитрон , Правници кои незнаат латински , филолози со завршен англиски кои незнат да спелуваат Orange . Никој веке незнае да чита .
Би ти реплицирал на секоја можна буква, само ценам дека си премногу неук и арогантен за да се впуштам во таква авантура.
Сепак, линкот кој го прати, само првата точка ќе ти ја преведам јас по мое, како тој по негово...
1. Find yourself to be the centre of your own Universe
- Биди ти оној околу кој се врти сонцето. И со тоа не можам да се сложам ни метафорично да го гледам, ни научно, можеби само поетски.

Во општеството кое и јас, и вие сите сте растеле не учеа на поинакво гледање работите. Можеби не се во право, па така ни јас, но хеј, никој не може и онака да докаже како од мајмуни стигнавме до луѓе. Некои од нас не успеаа ни толку, ќе се сложиш. :)

Општество, или на српски друштво, е збир од луѓе (вака губо кажано) и за сите тие да живеат убаво, мораат да се почитуваат себе си, и да се вртат околу сонце кое навистина е тоа... бидејќи тоа дава живот за сите. Спроведување на мојот мерак, на сметка на останатиот, според мене е глупаво, а според законот казниво.
Затоа и реков дека закони мора да има кои важат за сите, и паметни и глупави, и ниски и високи и слаби и дебели.
 

KeleS

insolitus res
Член од
22 јануари 2008
Мислења
734
Поени од реакции
57
Ок признавам дека сум неук и арогантен ама само ако истото го кажеш и за себе ... се прифаќа . Ама сепак ке те посетам на една реченица од од првиот пост за да видиш дека и не си во право да замериш, а и зошто изреагирав толку бурно .
/Келеш се извинува поради претераната реакциа .

Значи тука иди елементот Прави како ти е воља и нека тоа биде целиот закон . Тој не е филозофиа за секојдневните активности .. туку е учење за тоа како да достигнеш до богот во себе и до својата вистинска религиа
освен тоа незнам дали ја пратиш темата за кроули на мистери ама зирни а и ке видиш дека и таму изреагирав на муабетот за сатанизмот .

Али таму кажав и нешто вакво
Телемата за разлика од правилата предвидени во сатанизмот од страна на Лавеј е закон кој го создаваш сам за себе . И во книгата на законот дури и се спомнува дека требада се почитуваат законите човечки кое посочува дека волјата е и нејзината употреба се користи во окултен домен а никогаш како изговор за брутални акции против лугето .

Знаењето тука највисока цел . Магиката е способност таа волја да се искористи за за промена на светот околу себе ... Притоа ако не штети или влиае врз волјата на оние кои се рамни на тебе . ( Нешто како Џедајскиот минд трик - The force has an influence on the weak mind ) И за тоа има правила кога и каде и зошто .
Кое дополнително ке ти објасни зошто толку брзо и оштро изреагирав .

Се надевам дека ова дообјаснување ке ги покаже моите постови во нова светлина и ке објасни зошто арогантно се поставив .
 
Член од
20 јули 2009
Мислења
41
Поени од реакции
6
LIBER II

ПОРАКА НА МАЈСТОРОТ ТЕРИОН


"Прави што ти е волја и тоа нека биде целиот Закон"
"Нема закон над Прави што ти е волја"


"Зборот на Законот е Θελημα"
- Телема - значи Волја.​


Клучот на оваа е порака е овој збор - Волја. Првото очигледно значење на овој Закон е потврдено со антитезата: "Зборот на гревот е ограничување". И повторно: "Ти немаш право освен да ја вршиш својата волја. Прави го тоа и никој нема да ти рече не. За чиста волја, неослабена од цел, ослободена од страсти за резултат, секој пат е совршен".

Проучи го ова внимателно; изгледа оти ова подразбира теорија дека ако секој маж и секоја жена ја извршуваат својата волја - вистинска волја - нема да има судири. "Секој маж и секоја жена е ѕвезда", а секоја ѕвезда се движи по утврдена орбита без мешање. Има доволно место за сите; единствено нередот создава конфузија.
Од овие разгледувања треба да биде јасно дека "Прави што ти е волја" не значи "Прави што сакаш". Тоа е апотеоза на Слободата; но тоа е исто така и најстрого можно ограничување.

Прави што ти е волја - и не прави ништо друго. Ништо нека не те одврати од таа строга и света задача. Имаш апсолутна слобода да делуваш според својата волја; но ако се обидеш да правиш било што друго, веднаш се јавуваат тешкотии. Секој чин кој не е на одреден курс на таа единствена орбита е грешка и препрека. Волјата не смее да биде подвоена, туку единствена.

Обрати внимание уште и на тоа дека оваа волја не само што треба да биде чиста т.е единствена како што е објаснето горе, туку и "неослабена од цел". Мораме да се задржиме на оваа необична фраза. Таа може да значи дека волјата ја гуши која било цел; очигледно е дека волјата мора да биде ослободена од "страста за резултат".

Но таа фраза може да се интерпретира и како "со неослабена цел"- т.е со неисцрпна енергија. Значи се работи за концепцијата на вечното движење, бескрајно и непроменливо. Тоа е Нирвана, само што е динамична, а не статична - што на крајот се сведува на истото.

Очигледна практична задача на Магичарот е да открие што всушност е неговата вистинска волја, за да може на тој начин да ја извршува, а тоа тој најдобро може да го изведе по пат на пракса на Liber Thisharb (Equinox I,7) или слични пракси кои одвреме навреме ќе му бидат одредени.

Сега секој би требало совршено едноставно да ја сфати Пораката на Мајсторот Терион. Ти мораш
(1) да откриеш што е твоја Волја.
(2) Да ја извршуваш таа Волја со а) едно-насочност б) непристрасност ц) мир.

Тогаш и само тогаш, ти си во хармонија со движењето на Работите, а твојата волја е дел од Божјата, и спрема тоа еднаква на неа. И бидејќи волјата е само динамички аспект на нашето битие, и бидејќи две различни битија не можат да имаат идентични волји тогаш ако твојата волја е Божја волја, значи Ти си тоа.

Постои само уште еден збор кој треба да се објасни. На едно друго место е запишано - на наше големо задоволство- "Љубовта е закон, љубовта под волја". Тоа треба да се сфати во ова значење: додека Волјата е Закон, природата на таа Волја е Љубов. Но таа љубов всушност е нуспродукт на Волјата; таа не е во контрадикција со Волјата, ниту ја истиснува; и ако се појави привидна контрадикција во некоја криза , Волјата е таа која ќе не поведе по правиот пат. Погледни, иако во Книгата на Законот се говори многу за Љубовта, таму нема ниту еден збор за Сентименталноста. Омразата е речиси еднаква на Љубовта! Борбата е сосем сигурно Љубов! "Како браќа борете се!" Сите мажествени раси на овој свет го сфаќаат тоа. Љубовта на Liber Legis е секогаш смела, снажна дури и оргијастична. Во незе има нежност, но тоа е нежност на силата. Моќна и застрашувачка и величествена, каква што е веќе, таа е сепак само знаме на светото копје на Волјата, изгравиран запис на мечевите од Витезите - монаси на Телемата.

Појасно од ова, здравје.

Љубовта е закон, љубов под волја.
 
Член од
13 мај 2009
Мислења
126
Поени од реакции
3
Bre tupenje magionicarsko :)

Stvarta e u toa vaka bilo ...

Se sobrale edni tipci i vikale toa djavoli i sea kako da gi ebat toa omladinkite im teknalo da kazuvaat deka se slobodni da praat so sakaat i im perele mozak, oti zaso koj ne saka da cue deka moze da prai so saka nali taka

e posle so se desilo toj so prael toa Crauli malce zabegal poso se drogiral i stvarno go videl djavolot i tuka pocnal da zastranue ama eptem eptem sto ce reci poludel.

I tak si ostanalo toa nerazbrano veruenje u nesto koe na kraj se svelo na ebenje omladinki dur mislat deka se slobodni.

Inace site tie principi na razmisljanje na taja telemata ja imate uste kaj kinezite vo Taoizmot a ova e kopija koja sepak zastranila na losh pat ( egoisticki pat ) koj na krajot ne gi praavi vistinski srekni lugeto od taja sekta .

Ete taka u kratki crti
 
Член од
13 мај 2009
Мислења
126
Поени од реакции
3
Bre tupenje magionicarsko :)

Stvarta e u toa vaka bilo ...

Se sobrale edni tipci i vikale toa djavoli i sea kako da gi ebat toa omladinkite im teknalo da kazuvaat deka se slobodni da praat so sakaat i im perele mozak, oti zaso koj ne saka da cue deka moze da prai so saka nali taka

e posle so se desilo toj so prael toa Crauli malce zabegal poso se drogiral i stvarno go videl djavolot i tuka pocnal da zastranue ama eptem eptem sto ce reci poludel.

I tak si ostanalo toa nerazbrano veruenje u nesto koe na kraj se svelo na ebenje omladinki dur mislat deka se slobodni.

Inace site tie principi na razmisljanje na taja telemata ja imate uste kaj kinezite vo Taoizmot a ova e kopija koja sepak zastranila na losh pat ( egoisticki pat ) koj na krajot ne gi praavi vistinski srekni lugeto od taja sekta .

Ete taka u kratki crti
 
Член од
20 јули 2009
Мислења
41
Поени од реакции
6
Најтешко е да се пронајде личност која има било какви идеи во врска со слободата.
Бидејќи Законот на Телема е закон за слобода, а на луѓето им се ежи кожата и секогаш бегаат од темата.
Промената на слобода значи дека мора сам да мислиш, а човечкиот вид сака сервирана религија и етика. Колку и да е една теорија или практика смешна и празна, тие побрзо ќе и се покорат отколку да ја проверат, не им е важно во што се одгедувани се додека се добро одгледувани. Тие не сакаат да се оптоваруваат со тоа.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.307
Поени од реакции
12.298
Само се чудам зошто нема никој официјален од Редот да коментира за Телемата и што тоа значи и како. Дали воопшто сте размислиле за тоа... јас многупати сум се чудел... И секогаш ми доаѓа една мисла: Нема потреба да се правдаат телемитите пред другите или да се оправдува и докажува телемата дали е ок или не.
Во Liber AL vel Legis sub figura CCXX вака стои:

AL:III-11Забранувам расправа. Победи! Тоа е доволно.
AL: II 25. Вие сте против народот, О мои избрани!

И има и едно место каде што вели дека ништо не е сменето. Оној што бил гнасен ќе остане таков, никој нема да биде воздигнат.

Убаво кажала Феделиа...
"Најтешко е да се пронајде личност која има било какви идеи во врска со слободата.
Бидејќи Законот на Телема е закон за слобода, а на луѓето им се ежи кожата и секогаш бегаат од темата.
Промената на слобода значи дека мора сам да мислиш, а човечкиот вид сака сервирана религија и етика. Колку и да е една теорија или практика смешна и празна, тие побрзо ќе и се покорат отколку да ја проверат, не им е важно во што се одгедувани се додека се добро одгледувани. Тие не сакаат да се оптоваруваат со тоа."
 

Kajgana Shop

На врв Bottom