Хуманитарна акција на форумџиите на Кајгана и Црвениот крст

Статус
Затворена за нови мислења.
Нели стварите ќе идеа во Црвен крст?
Од кога е и холот на Даре Џамбаз?
Ќе има и пред Бисер во Сабота иначе

Едит: Грешка беше тоа со парите, го сменив :)
 
Леле луѓе не беше негативно,аман :)
Ама на темава , до пред час време немаше никого,морав да пишам нешто такво за да се разбудиме.Флаерот е готов пред 2 мин,а нели требаше уште вчера..така да...касневме...Кога даваш ветување и те копка додека не го исполниш...особено кога не сме само ние,туку има и некој со нас т.е. ЦК...
Уууф...веќе ми е полесно...тука сме сите...:smir:

П.С.Пари?!Не стана збор за никакви пари бре луѓе...А холот,чисто за да ни олеснат ради транспорт,рачунај ти брдо облека на плоштад и оди носи го.Кој донесе на плоштад,ок,кој не таму...а потоа ќе има уште нешто плус работа,ќе ви објаснам...
 
Нели стварите ќе идеа во Црвен крст?
Од кога е и холот на Даре Џамбаз?
Ќе има и пред Бисер во Сабота иначе
Тоа не ми беше кажано, и не е проблем тоа се мења за секунда ипол скоро две
 
Мислев дека прочита :) Океј, нема везе, знам дека брзо се мења, само мислев да не има измени некои :smir:
Едно прашање: Флаерот сепак ќе биде во боја?
 
Мислев дека прочита :) Океј, нема везе, знам дека брзо се мења, само мислев да не има измени некои :smir:
Едно прашање: Флаерот сепак ќе биде во боја?
Не. ќе биде црно бел сега ќе го преправам значи со краен финиш. Т.е. не црно бел грејскејл ќе биде :)
 
Toчкест, океј е, ама фалат некои работи:
-додади ден до датумите, за полесно да запамтат луѓе.
-напиши дека сме во соработка со Црвен Крст
-средствата нема да идат до домот, смени го тоа, напиши дека идат у Црвен Крст кој понатаму ќе ги пренасочи кон социјални семејства на кои им се потребни
-до Плоштад Македонија (у загради, пожелно со помал фонт) додади „пред Дал Фуфо“ (така се викаше точно пицеријата?)
-напомени дека хуманитарните прилози ќе бидат во форма на облека, играчки и трајна храна (за да би знаеле луѓето што да донесат и да не помислат одма дека за пари се работи, за тоа се постиснати)

Важно: ни требаат 2 флаери. Едниот кој ќе се печати и ќе се дели низ градов по школи итн., а другиот во форма на банер кој ќе стои на форумов и ќе биде наменет за Кајганџии. Договорено беше дека за Кајганџии ќе биде наменет денот среда (17:00-19:00), а петок и сабота за пошироката маса.

Се надевам нема да ти биде проблем да го преправиш и да направиш уште еден виртуелен кој нема да се печати и ќе биде за форумџииве.:smir:
Ако нешто пропуштив или имаш прашања, пиши ќе смислиме.
А холот,чисто за да ни олеснат ради транспорт,рачунај ти брдо облека на плоштад и оди носи го.Кој донесе на плоштад,ок,кој не таму...а потоа ќе има уште нешто плус работа,ќе ви објаснам...
Во однос на транспорт, ако има потешкотии со холот, може да напраиме поефективно, да ги собереме прво на Плоштад па после некој од нас кој има кола да ги собере и пребаци таму кај што ќе ни биде привремено складиште (за ова се пријавија Серпико и Магде мислам).

Така да Точкест, избаци го Холот од флаеров, нека остане само Плоштад.
Пожелно е малце поголеми да ги напраиш сликичкиве на Кајгана и Црвен Крст, да биде воочливо кој организира, за да се добие впечаток дека е попрофесионално итн.

edit: Зашо да не биде у боја?
 
Во однос на транспорт, ако има потешкотии со холот, може да напраиме поефективно, да ги собереме прво на Плоштад па после некој од нас кој има кола да ги собере и пребаци таму кај што ќе ни биде привремено складиште (за ова се пријавија Серпико и Магде мислам).

edit: Зашо да не биде у боја?
секако,за кај мене нема проблем,простор има,превоз ќе се најде.
а мислам дека нема смисла да бараме од биг кис флаерите уште и во боја да бидат,сепак трошокот е на нејзе.
шо има врска ако бидат црно-бели
 
Ок,како сакате,дечките ќе постават кутии од утре во Даре Џамбаз ради практични причини...Секако некој ради близината на Даре Џамбаз таму ќе се одлучи да ги носи,а не плоштад...ама во ред...како сака мнозинството,мене не ми смета...како и да е работите одат сепак на едно место,таму...По секако дека ќе собираме и на плоштад...ова е само како олеснителна околност.Ништо страшно луѓето да знаат.
 
Па повпечатливи ќе се ако се во боја и попрофесионални, повеќе луѓе ќе привлечат, ама шо знам па ја за маркетиншки трикови :icon_lol:

Ако е проблем (кај ни е гага, па уште захтеваме), нека бидат и црнобели.
 
ти пиша убаво псајтисфекшн-така беше договорот и дај да се држиме до тоа.
(за точкест ова за флаерот)

псај и ја сакав да ви речам кај гага па уште бирате,ама ај ете ви текна:)
 
Инаку...да ви доловам,на претходната ваква акција била собрана облека која исполнила соба од таван до под од 30 квадрати...а инаку сите по една тегла ајвар у среда,дел може и да замезиме...јас ќе донесам сирење...
Друго за тоа што ќе пишува...како сакате...јас сум воздржана...држам една идеја која нема да ја прифати мнозинството...кога работата е помеѓу две страни и двете треба,но не мора да се почитуваат...
 
Дечки треба помош нешто од организациска смисла...?

За донирање... незнам што би донирал... во Охрид ми е стара облека, играчки и сл... е, сеа ако можам некако поинаку да помогнам кажете :smir:
 
Можеш,ни требаат луѓе за по плоштад во договорените термини,пиши кога можеш од тоа што е наведено,а за тоа што е во Охрид можеш да го донираш таму,во таа подрачна единица...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom