Веројатно од други мотиви. Баш летово запознав една жена што влегла во Ислам само за да може да се земе со мажот. Имено, мажот и го поставил тој услов и таа прифатила. Таа немаше врска од Куранот, а не па да се интересира дали има научни недоследности во него. Во шерјатските земји можно е некои да се прелажани со исламска пропаганда. Избразале и прифатиле Ислам пред доволно да го проверат. Ама потоа за жал не им е дозволено да излезат зашто како што добро знаеме дека напуштањето на Исламот се казнува со смрт во овие земји. Сепак, независно од тоа кој и од какви мотиви примил Ислам, факт е дека научни недоследности има. Ако сака и Ајнштајн нека прифати Ислам, јас нема да поверувам дека ѕвездите се поблиску од Сонцето и Месечината бидејќи со телескоп сум видел дека се далеку
Да пријател таквите случки каде се менува верата поради љубов се многу, најчести кај вас. Во Христијанство сите досега што влегле, влегле од некоја таква причина.
И како тоа до вчера Исламот се ширеше насилно сега со пари ? Мислам дека овие финти што ги продаваш тука се многу ефтини.
Сите научници, кои го прифатиле и сеуште го прифаќаат Исламот, не се аматери туку научници кои бувнале големи откритија. И се разбира дека се од различни земји во светот, па слободно можат да го напуштат Исламот, никој нема да ги усмрти. Но тие дури се колнат во Возвишениот Аллах џ.ш дека Исламот ќе го прошират колку ќе можат.
Многу пати вашите учени изјавиле, како боли фактот што овие луѓе од атеизам преминуваат во Ислам.
--- надополнето ---
Quran-(52:17-20): “They will recline (with ease) on thrones arranged in ranks. And We shall marry them to Huris (fair females) with wide lovely eyes.” “There they shall pass from hand to hand a (wine) cup, free from any Laghw….”
Quran: (55:56-57): In them will be bashful virgins neither man nor Jinn will have touched before. Then which of the favours of your Lord will you deny?
Quran: (78:31-32): “As for the righteous, they surely triumph. Their gardens and vineyards and high-bosomed (pointed breast) virgins for companions, truly overflowing cup”.
Quran: (47:15): "The description of Paradise which the Muttaqun have been promised (is that) in it are rivers of water the taste and smell of which are not changed, rivers of milk of which the taste never changes, rivers of wine delicious to those who drink, and rivers of clarified honey---."
На кратко -значи ќе има многу убаво девици и каде ќе им послужуваат на рајските жители вино кое не опијанува.
И ќе има реки во кои ќе тече млеко,вино и мед.
Но еве да речеме дека се работи за метафори и тоа дека немуслиамните се погрешно сфатиле. Но што е тогаш со поексплицитните Хадиси во кои тоа е разработено(и то те како!)како на пример:
Hadith: Al hadiths, Vol. 4, Page-172, No.34: Hozrot Ali (r.a) narrated that the Apostle of Allah said, “There is in paradise an open market wherein there will be no buying or selling, but will consist of men and women.When a man desires a beauty, at once he will have intercourse with them as desired.
Imam Ghazzali: Ihya Uloom Ed-Din
Volume 4,
Page-4.430
“According to Prophet Muhammad (SW) the Hurs of Paradise will be pure women—free of menstruation, urine, stool, cough and children. The Hurs will sing in Paradise on divine purity and praise—we are most beautiful Hurs and we are for the honored husbands.
Muhammad said that an inmate of Paradise will have the sexual strength of 70 men. Muhammad said, “An inmate of Paradise will have 500 Hurs, 4,000 unmarried women and 8,000 widowed women.Each of them will keep embracing him for the duration of his whole worldly life.”
Непоканет гостин зад врата стои, знаеш ли ? Зошто во секоја манџа туриваш пипер ?
И што доби со ова што го покажа ? Не е ништо тајно. Па и сам многу добро знаеш дека и Христијантсвото ветува девици во Рајот.
--- надополнето ---
Да спомнам уште на почеток дека колку и да зборуваме и го опишуваме Џеннетот и сите негови убавини и благодети нема да бидеме во состојба да ги заобиколиме сите нешта и и им го дадеме мериторното место, од едноставна причина што Џеннетот е кулминација на сите уживања, задоволства, пријатности кои се надвор од доменот на нашето сфаќање. Во таа смисла Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. пренесувајќи од Аллах џ.ш. вели:
'Јас припремив за Моите робови она што око не видело, ниту уво слушнало, ниту може некому на памет да му падне.” Ебу Хурејре пренесувачот на овој хадис вели: Читајте ако сакате:
'И никој не знае какви скриени радости ги очекува како награда за она што работеле.” (Ес-Сеџда,17) Јасно ни се става до знаење дека човечкиот ум е недофатлив до вистинските благодети на Џеннетот.
А сега дозволете ми да ви го претставам Џеннетот во светлото на куранските ајети и изреките на Аллаховиот Пратеник с.а.в.с.. Возвишениот Аллах џ.ш. ни го опишува џеннетот на следниов начин:
'Низ него течат реки, и плодовите негови се вечни и сенките негови се вечни. Таква е наградата за богојазливите.” (Ер-Рад, 35) Ебу Хурејре р.а. рекол: 'Рековме: Аллахов Пратенику! Раскажи ни нешто за Џеннет и неговата форма. Тој рекол: 'Неговите ѕидови се од злато и сребро, составот на градбата е од миск, камењата се од бисери и скапоцени камења. Земјата е мирислива. Кој ќе влезе во него ќе ја почувствува сета оваа убавина и нема да очајува. Засекогаш ќе живее и нема да умира. Неговата облека нема да се расипува ниту неговата младост ќе поминува.” (Ахмед, Тирмизи)
Џеннетот за разлика од Џехеннемот има осум врати кои се подредени врз основа на степенот на верувањето и добрите дела. Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. рекол:
'Во Џеннет има осум врати, една врата од нив се вика Рејјан во која ќе влезат само постачите.” (Бухари, Муслим) Во друго предание се додава:
'Кој ќе подели нешто на Аллаховиот пат ќе биде повикан од вратите на Џеннет: О Аллахов робе, ова е најдоброто. Кој ќе биде од клањачите на намаз ќе биде повикан од вратата на намаз; кој ќе биде од оние кои се борат на Аллаховиот пат (Џихад) ќе биде повикан од вратата на Џихад; кој ќе биде од оние кои делеле садака ќе биде повикан од вратата на садака..”
Што се однесува до храната на жителите на Џеннет Севишниот Аллах џ.ш. вели:
'И Ние ќе им дадеме и овошје и месо, од она што го сакаат, еднисодруги ќе се служат со чаши. Во Џеннетот нема да има празни зборови ниту поттик за грев.” (Ет-Тур, 22:23) Исто така Аллах џ.ш. вели:
'Во него за нив ќе има с# што ќе посакаат. А кај нас има и повеќе од тоа!” (Каф, 35) Храната во Џеннет ќе сличи на овосветската, но само во изглед и име а не и во вкус. Во веродостоен хадис се наведува дека на џеннетлиите ќе им биде дадено моќ и сила на сто луѓе во јадење, пиење и интимен однос. (Ахмед, Несаи).
Што се однесува до пиењето во Џеннет, Возвишениот Аллах џ.ш. вели:
'Во Џеннетот ќе пијат од чаши чиј напиток ќе биде смеса од ѓумбар, од изворот во Џеннетот со името Селсебил именуван.” (Ел-Инсан, 17:18) Исто така Аллах џ.ш. вели:
'Во кој реки течат непрестано, во кој има и реки со млеко, со вкус непроменет, и реки со вино вкусно за оние што го пијат, и реки со мед исцеден...” (Мухаммед, 15)
Што се однесува до облеката на џеннетлиите, Севи-шниот Аллах џ.ш. тоа најдобро ни го опишува во Кур„анот:
'А оние кои веруваат и прават добри дела - Аллах сигурно ќе ги смести во џеннетските бавчи, низ кои течат реки, во нив со нараквици од злато и бисери ќе се китат, а нивната облека ќе биде од свила.” (Ел-Хаџџ, 23) Во друг курански ајет стои: 'На нив ќе имаат одела од тенка зелена свила.” (Ел-Инсан, 21)
Џеннетлиите како што спомнавме погоре ќа јадат и пијат, но нема да имаат биолошка потреба; секогаш ќе бидат здрави, вечно ќе бидат сместени во Џеннет, нема да умираат; засекогаш ќе бидат млади и нема да стареат; ќе се радуваат и никогаш тага не ќе осетат; ќе имаат изглед и сила на младич од триесет и три години, нивните лица ќе блескаат како светла месечина и никогаш нема да спијат.
А како најголем благодет и награда за џеннетлиите во Џеннет е гледањето на Аллах џ.ш. Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. вели:
'И нема да им биде дадено ништо повеќе сакано кај нив од гледањето на нивниот Господар Аллах џ.ш.”
'А оние кои прават добри дела ги чека награда, и повеќе од тоа.” (Јунус, 26) Ако чесната жената на овој свет се смета како најдобар благодет, така и на идниот свет жената ќе биде неи-збежен благодет. Жените на идниот свет во Џеннет се нарекуваат 'Хурии” Возвишениот Аллах џ.ш. за нив вели:
'Во нив ќе има и такви со соборени погледи што не ги допрел нив ни човек ни џин, па за која благосостојба за Господарот ваш лажете!? Како да се бисер и мерџан.” (Ер-Рахман, 56:58) Исто така вели:
'Ете, така Ние ги оженивме со хурии, кои ќе бидат со крупни очи.” (Ед-Духан, 54) Додека Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. вели:
'Дел од стрела на некој од вас или место на вашето стапало во Џеннет подобро е од целиот дуњалук и она што е на него. Кога само една жена од Џеннет би се појавила на овој свет, би расветлила сé што е на него. Нејзиниот мирис и изглед е подобар и поубав од целиот свет и она што е на него.”