Тоа како нам ни се гледа Земјата е субјективно. На некому може да му се гледа и триаглеста (ако е на полуостров во облик на триаголник), на оние кои живеат на планински предели им се гледа целата Земја набрчкана и слично. Сепак не можеме да избегаме од фактот дека Земјата има округла сферична форма генерално и покрај тоа што нејзината површинска текстура полна со дупки, котлини, ридови, планини, кањони, дупки полни со вода (езера) и слично. Оттука следи дека Земјата не само што не е генерално рамна (во вид на рамна плоча), туку и нејзината површинска структура не е рамна бидејќи изобилува со дупки и планини.. Значи таа не е рамна во никој случај, без разлика како ќе го толкувате зборот "израмнета".
Земјата нам ни се гледа како рамна заради ограниченоста на нашето сетило за вид и заради ниската перспектива од која што ја гледаме. Но ако се качиме на доволно високо место (неколку десетици километри нагоре) ќе забележиме дека таа има сверичен облик.
п.с. FireFly, погледни како изгледа површината на Земјата набљудувајќи ја без водата што ја опкружува:
http://forum.kajgana.com/attachment.php?attachmentid=14316&d=1271700476