Науката за модерната астрономија, обсервациона и теоретската, јасно укажуваат на фактот, дека во еден момент, целиот универзум бил само еден облак на непрозирен и многу густ чад, топол и во гасовита состојба. Ова е еден од неспорните принципи на денешната модерна астрономија. Научниците сега можат да набљудуваат како се формираат нови ѕвезди кои настануваат од остатоците на тој чад. Ѕвезди кои навечер светат, предходно биле како и целиот универзум, во гасовита состојба. Бог ни вели во Куранот:
„Потоа се упати кон небесата, а тие беа како магла...“(Куран, 41: 11)
Поради тоа што Земјата и небото над нас (Сонцето, Месечината, ѕвездите, планетите, галаксиите итн.) настанале од истиот „чад“, можеме да заклучиме дека Земјата и небото биле една поврзана целина. И тогаш од тој хомоген „чад“ се формирале и одделиле едно од друго. Бог ни вели во Куранот:
„Зарем не знаат неверниците дека небесата и Земјата беа една поврзана целина, па Ние ја распарчивме...?“(Куран, 21: 30)
Д-р Алфред Кронер е еден од светски реномираните геолози. Тој е професор по геологија и шеф е на катедрата на одделот за геологија на Институтот по геолошки науки на универзитетот Јоханес Гутенберг во Маинз, Германија. Тој рекол: „Размислувајќи, од каде дошол Мухамед... мислам дека е скоро невозможно тој да знаел за овие работи, како што е необичното настанување на универзумот, бидејќи научниците ги откриле овие работи дури во изминатите неколку години, со многу комплицирани и напредни методи на технологијата, како и во овој случај.“
Исто така рекол: „За некој кој пред илјада и четиристотини години не знаел ништо за нуклеарната физика, мислам дека не можел да биде во состојба само така, од свој памет, да ги знае тие работи, како за пример, дека Земјата и небото имаат исто потекло.“
__________________
--- надополнето ---
Бог вели во Куранот:
„Или пак, како темнини во море кое го прекриваат бранови едни на други, а над нив облаци: темнини едни на други натрупани, така што, кога ќе се извади раката, ни прст не може да се види.“(Куран, 24: 40)Овој стих говори за темнините кои се наоѓаат во длабочините на морињата и океаните, каде што, ако човекот ја погледне својата рака не би можел да ја види. Темнината која се наоѓа во длабочината на морињата и океаните започнува некаде околу длабочина од 200 метри па надолу. На оваа длабочина, скоро и да нема светлина. Под далбочина од 1000 метри не постои светлина воопшто. Човечките суштества не се во можност да нуркаат повеќе од четириесет метри, без потребната помош на подморската специјална опрема. Човечките суштества, без помош, не можат да преживеат, во длабоките темни делови на океанот, како што е длабочината од 200 метри.
Помеѓу 3 и 30 проценти од сончевата светлина се рефлектира на морската површина. И скоро сите седум бои на светлиот спектрум се апсобираат една по друга, во длабочината од првите 200 метри, освен плавата боја. (Океаните, Елдер и Пернета, стр. 27)
Научниците ја имаат од неодамна откриено оваа темнина со помош на средствата на специјалната опрема и подморницата, со што им беше овозможено да нуркаат во длабочините на океанот.
Исто така предходниот пример можеме да го разбереме од стихот, „... темнини во море кое го прекриваат бранови едни на други, а над нив облаци...“, дека длабоките води на морињата и океаните се покриени со бранови, и дека над тие бранови се наоѓаат други бранови. Сигурно е дека следната група на бранови, се брановите на површината кои можеме да ги видиме, затоа што во стихот е наведено дека под следниот бран се наоѓаат облаци. Но што е со првиот бран? Научниците неодамна откриле деке постојат внатрешни бранови кои „влијаат на густината помеѓу слоевите на различната густина“.
Внатрешните бранови помеѓу два слоја на вода со различна густина. Едниот е густ (понискиот), другиот е помалку густ (повисокиот). (Океанографија, Грос, стр. 204)
(Површински бранови, внатрешни бранови; перспектива; помалку густа вода; густа вода)
Внатрешните бранови ги покриваат длабоките води на морињата и океаните, затоа што длабоките води имаат повисока густина од водата над нив. Внатрешните бранови функционираат исто како и површинските бранови. Тие исто така можат да се прекршуваат, како и површинските бранови. Внатрешните бранови не можат да бидат видени со човечко око, но можат да бидат лоцирани со проучувањето на температурата или пак на промените на солта на дадена локација.
--- надополнето ---
Книгата насловена како „Земјата“ е темелната книга на многу универзитети низ целиот свет. Еден од двата автора е проф. Емеритус Френк Прес. Тој бил научен советник на поранешниот председател на САД, Џими Картер, и 12 години бил претседател на Националната Академија на Науките, во Вашингтон. Во неговата книга стои дека планините имаат подземни корени. Тие корени се длабоко вкопани во земјата, и со оглед на тоа планините имаат облик на клинец.
Модерните научници докажале дека планините имаат длабоки корени под површината на Земјата и дека тие корени можат да ја достигнат својата величина над површината на земјата за неколку пати.
И поради тоа, најсоодветниот збор за да се опишат планините, базирајќи се на овие информации, е зборот „клин“, бидејќи повеќето соодветно наместени клинови се наоѓаат под површината на земјата. Историјата на науката ни говори дека теоријата за планините била поставена дури во последните години од деветнаесеттиот век.
Планините исто така имаат важна улога во стабилизирањето на кората на Земјата. Тие го спречуваат тресењето на земјата. Бог ни рекол во Куранот:
„И по Земјата Ние кренавме планини без таа да ги стресе...“
(Куран, 16:15)
Исто така, модерната терија за тектонската обвивка држи до тоа дека плани-ните функционираат како стабилизатори на Земјата. Оваа наука за улогата на планините како стабилизатори на Земјата што туку почнала да се разбира, во рамките на обвивката на кората и тоа во доцните шеесетти години на овој век.
Дали можел некој во времето на животот на Пратеникот Мухамед, нека е Божјиот мир над него, да го знае вистинскиот облик на планините? Дали можел некој да си замисли дека таа цврста масивна планина, кој ја гледа пред себе, всушност се протега и има корени, длабоко во Земјата, како што изјавуваат научниците? Многу голем број на геолошки книги, кога пишуваат за планините, само го опишуваат делот кој се наоѓа над површината на Земјата. Ова е поради фактот, што повеќето книги не се пишувани од специјалисти по геологија. Сепак, модерната геологија ја има потврдено исправноста на Куранските стихови.
____________
--- надополнето ---
Убеден сум дека за време на Аллаховиот Пејгамбер, с.а.в.с., никој од луѓето не знаел ништо за тркалезната форма на Земјата, ниту тоа било дел од чие било знаење. Во тој период се објавува Кур'анот и се објавува кур'анскиот ајет:
"И Земјата Ние ја раширивме…" (Ел-Хиџр,19; Каф,7)
Мораме да ја нагласиме прецизноста и совршенството на овој кур'ански израз.
Употребен е единствениот соодветен израз за времето во кое е објавен и за сите наредни векови. Со изразот ја раширивме, истовремено се постигнати две важни значења. Првото значење на ајетот: И Земјата Ние ја раширивме… зборува дека Земјата е раширена, што не преставуваше проблем, бидејќи во тоа време луѓето можеле со своите очи да ја видат вистинитоста на тој ајет. Подоцна, кога се востанови дека Земјата е тркалезна, гледаме дека тоа било единствен израз кој целосно одговара на описот на Земјината топка.