allahov_rob
لا اله الا الله محمد رسول
- Член од
- 7 мај 2009
- Мислења
- 728
- Поени од реакции
- 12
Кој ова го оживува за мене вечно ќе биде со Бог!
Ова е за мене суштината:
Значи ова се зборови на Исус во новиот завет (Матеј)
38 ”Сте чуле дека било речено: ‘Око за око и заб за заб.’
39 А Јас пак ви велам: не противете му се на злото; туку, ако некој те плесне по твојот десен образ, сврти му го и другиот.
40 Ако некој сака да се суди со тебе и да ти ја земе кошулата, остави му ја и наметката.
41 Ако некој те принуди да одиш со него една милја, ти оди две со него.
42 Дај му на оној што бара од тебе, и не свртувај се од оној што ти сака на заем.”
43 ”Сте чуле дека било речено: ‘Љуби го својот ближен и мрази го својот непријател’.
44 А Јас ви велам: Љубете ги своите непријатели и молете се за оние, кои ве гонат;
45 за да бидете синови на вашиот Татко, Кој е во небесата, Кој прави Неговото сонце да изгрева над злите и над добрите, и дава дожд на праведните и на неправедните.
46 Зашто ако ги љубите оние, кои ве љубат вас, каква награда имате? Зар и цариниците не го прават тоа исто?
47 И ако ги поздравувате само своите браќа; што правите особено?Зар не го прават истото и цариниците?
48 И така, бидете совршени, како што е совршен вашиот небесен Татко.”
1.„Внимавајте да не ја вршите својата правда пред луѓето, за да ве видат тие; инаку немате награда од вашиот Татко, Кој е во небесата.
2 И така, кога правиш милостина, не труби пред себе, како што прават лицемерите по синагогите и по улиците, за да бидат славени од луѓето. Вистина ви велам, ја имат својата награда.
15 Ако вие не им ги простите на луѓето нивните престапи, ни вашиот Татко нема да ви ги прости вашите.”
16 ”А кога постите, не бидете тажни како лицемерите; зашто си ги помрачуваат лицата, за да ги видат луѓето дека постат; вистина ви велам, ја имат својата награда.
17 А ти, кога постиш, помажи ја својата глава и измиј го своето лице,
19 ”Не собирајте си богатства на земјата, каде што молецот и рѓата ги уништуват, и каде што крадци поткопуваат и крадат;
20 туку собирајте си богатства во небото, каде што ни молец, ниту ‘рѓа ги уништува, и каде што крадци не поткопуваат и крадат;
”Затоа ви велам: не грижете се за својата душа, што ќе јадете или што ќе пиете; ниту за своето тело, што ќе облечете. Зар душата не е повеќе од храната, и телото од облеката?
31 И така не грижете се, велејќи: ‘Што ќе јадеме?’ или: ‘Што ќе пиеме?’ или: ‘Што ќе облечеме?’
32 Зашто сето тоа го бараат народите, зашто вашиот небесен Татко знае дека ви е потребно сето ова.
33 Но, барајте го првин царството Божјо и Неговата правда, и сè тоа ќе ви се додаде.
DJabe si se izmacila.... ili nemas sto da mi kazes ili ne si go razbrala prasanjeto... poentata mi bese,koja negova PRAKTIKA vie ja ozivuvate...