Никој не може да го изврти правиот Ислам и шеријатот во своја корист...
Moже и го извртуваат.
Очигледно не си бил во некои од арапскиве земји кои се нарекуваат шеријатски.Допирни точки немаат со вистинскиот шеријат.Шеријатот и исламот забранува секаков вид на расизам, а овде расизмот цвета.
Законите и судовите пресудуваат во корист на емирот и на неговата фамилија додека обичниот народ пати и се казнува на најсурови начини.
Жените не смеат да бираат со кого ќе се омажат,фамилиите бараат огромни мехри а Мухамед кажува дека е најдобар оној кој ке бара најмал мехр,филипинците и индијците кои работат овде како слуги и шофери се тепани,силувани и третирани на најсуров начин,пасошите им се одземаат и многу од нив работат овде по неколку години без пари.Жените не смеат да се омажат со некој кој не е Арап(Катарчанец)-без разлика што тој некој е муслиман додека мажите трчаат по се што носи сукња.
Има мал милион примери кои можам да ти ги дадам.
Како што кажав во еден претходен пост-ако некоја група на луѓе одлучи да изврти одредена религија во овој случај исламот бидејќи збориме за него
тоа не го прави исламот лош само себе туку луѓето кои го прават тоа.
Мое мислење е дека денеска не постои вистинска шеријатска држава каква што постоела во времето кога Омер,Ебу Бекр,Осман и Алија биле калифи(четирите најправедни калифи)и нема ни да ја има ако реално и детално се согледаат односите и работите во земјите кои денеска се нарекуваат исламски и кои се водат по "шеријат".
Шеријат го ставам во наводници затоа што сметам дека тоа не е вистинското учење на Мухамед и дека законите се променети и приспособени за да им служат на нивните сопствени интереси.
Многу познати денешни исламски авторитети анализирајки ја состојбата во Саудиска Арабија и земјите од заливот самите кажуваат дека треба да се прекине таквото државно уредување бидејки е навреда за исламот и дава лоша слика за истиот.