На кои самоубијци мислиш ?
Дали си видел со твои очи некој таков или само преку медиумите на кои многу јасна им е целта да пласираат лаги и невистини за муслиманите ?
Но да ти одговорам од исламски аспект , знам дека тоа те интересира , според Исламот и Куранот убиство без причина е строго забрането - „ УБИСТВО НА ЕДЕН Е УБИСТВО КАКО НА ЦЕЛО ЧОВЕШТВО “ се разбира освен во самоодбрана во воена состојба , или крв за крв .
А тие самоубијци од медиумите првин не се муслимани како што пренесуваат медиумите , туку оние кои го тероризираат исламскиот свет .
И на крај да ти поставам и јас едно прашање : Според тебе , ако некој те нападне тебе и твоето семејство , убива , силува и т.н , ти го растура местото на живеење твојата вера и твојата држава , а ти нормално дека ќе го браниш семејтвото , во тој случај кој би бил терорист , тој што те нападнал или ти што ќе ја браниш фамилијата и твојата земја ??
Очекувам искрен одговор .
Добар одговор, ми се допадна, како што барам јас.
Се сложуваме дека Исламот воопшто нема никаков контакт со таквите верски војници самоубици.
Секако дека кога некој би ме нападнал, таа анималистичка животна реакција, ќе гребам, ќе касам и нормално ако треба ќе убивам.
Јас, пред година дена, на ИЦ форумот, отворив слична тема, и бев изненаден како некои "муслимани", се сложуваа и дури и ги бранеа тие самоубици, кои впрочем не убиваат Амерички, т.е. империјалистички, т.е. трупи на оние кои ги заробиле, туку убиваат муслимани, лиѓе, филантропи како тебе и како мене. Тие луѓе, дури и да се плод на најлошата медиумска и ционистичко-христијанска конспирација, сепак се една црна дупка, во репрезентот на Исламот, кој на некој начин шмука се што е квалитетно и добро од Исламот, дури и многу често наидува на согласност од страна на некои муслимани.
Дали ќе се согласиш дека денес во Исламот не е се како што треба да биде, т.е. во практикувањето на Исламот, и дека денес се помалку и помалку има вистински муслимани, луѓе кои дословно го следат зборот на пророкот, и се повеќе лажни и wanna be муслимани, кои неследејќи го учењето на пророкот, во зависност од нивните капацитети или можноста за добар детергент кој плакне се и сешто, го транспонираат секој добар и мирољубив контекст на еден термин наречен Џихад, користејќи го како што самите сакаат и како што самите се во можност да го истумачат.
Јас знам дека позади ова, стои добро организирана структура, добро организиран систем на работа, кој е непосреден фактор за тоа да денес за жал Исламот ги губи сите оние префинети карактеристики на некогашното мирољубиво и не-ОПСКУРАНТНО религиско исповедување, уживање, теоретизирање, начин на живеење итн.
Денес муслиманите се многу послаби неголи што изгледа. Денес муслиманот е многу добро умствено "разработен", за да пред очите на оние кои го даваат "судот" изгледа така како што изгледа.
Јас не мислам дека Исламот е лош, туку верувам дека денес муслиманите се до таа мера искомпромитирани и убедени во тоа нивно право учење, што дури денешни млади муслимани, даваат согласност на суицидни испади насекаде во светот, па дури и по места каде што живеат муслимани, и без разлика на тоа кои ќе бидат жртвите. Тоа не го бива, а со тоа ќе се согласиш и ти. Што ако утре му текне на некој лажен муслиман во Македонија да разнесе невини жртви, од било која национална и етничка и верска припадност. Пак тебе ќе те обвинуваат како припадник на таа религија.
Затоа јас сметам дека треба јавно оградување од такви не-хуманистички и уништувачки активности. (ова не за тебе туку за сите кои не размислуваат така)
Кај најде омраза во мојот пост?
Убаво праша да ми објаснат,поубаво да знаем можеби ќе ги разберам!
Нека ми некој одговори ве молам.
Начинот на кој што си го побарал тоа, не ти чини.
Пробај со друг модус. Тој модус е лош, предизвикува дијареа кај луѓето, болки во стомакот, а може и повраќање.
Прво, да сум како тебе, тотален незнајко во однос на Исламот, ќе побарам од некого секако оние кои најдобро тоа знаат да ти го покажат... Да ти покажат основните постулати, на Исламот, па тек потоа, да си земеш да си читнеш дома нешто во врска со Исламот, т.е. Кур`Анот, и следствено да пробаш сам, самостојно да изградиш мислење за Исламот, муслиманот, муслиманите во светот, муслиманите во твоето општество, маало, систем, град итн., а не да бараш мислења од г(еј).г(еј).Иринеј и со нив воедно да провоцираш.
Разбра?