Аха,....Мижи Асан да ти баам!
Побратиме Omer el Faruk, во овој свет - за жал - живеат луѓе кои веруваат дека за да ја заштитат нивната вера, смеат и требаат да употребуваат оружје и насилство.
Јас ти посведочив еднаш а ќе ти посведочам уште еднаш дека;
Исус не носеше оружје ниту убиваше! Неговите следбеници исто така не носеа оружје и не убиваја, дури и во моментите кога беа убивани! До ден денеска следбениците
Исусови -
поради Исус Христос - не фаќаат оружје!
Ти, сакал верувал, сакал не верувал, но ти сведочам дека баш таа невера на тој факт - од страна на т.н. христијани и сите останати - е причината зошто се воделе и водат војни кои Го прлаат
Името Исусово и БОЖЈО!
Но денот доаѓа кога секој ќе ја спознае
СОВРШЕНИОТ МИР,
СОВРШЕНИОТ ИСЛАМ во Исус!
Мир на сите вам + Шалом + Селам!
Не очекувај да те разбере, пријателе, ...
А како и би ме разбрал, кога тие што го носат Името Христово не се спремни да живеат и да умрат како Исус што покажа?!
Можеби ќе ме сметаш за слабич, предавник, секташ, ... или незнам што, но зарем е во ред кога нехристијани умираат од христијани?
Зарем затоа
БОГ ја отелотвори
Својата Вечна Мудрост во
Исус -
Царот на Мирот?
Зарем она што се случуваше во босна, што се случува во чеченија, ... не е скоро исто толку грозно како она што им се случи на арменците во турција или на србите во босна за време на втората светска војна?
Јас среќен сум што живееме во време каде што секој може да каже што сака и што мисли!
Првиот геноцид беше во првата светска војна врз арменските христијани од страна на турците, вториот во втората светска војна против евреите од страна на германците!
Зарем се потребни понатамошни геноциди?
Зарем за тоа Исус дојде?
Не, пријателе, не се ставам на ничија страна освен на Христовата!
Не, пријателе, јас не сум симпатизер нити на албанскиот, нити на мухамеданскиот терор, кој ми однесе двајца малолетни пријатели - пред војната во македонија - и еден чичко (невооружан полјоделец) за време на војната!
Но сё што е вистина треба да се подржи, бидејќи
Господ е ВИСТИНА, а поради непослушноста кон
БОГА во Господа и доаѓа - врз овој свет - тоа што
Господ Исус Христос го предскажа!
ДајБОЖЕ - Иншалах - да ме сватиш правилно!
АМИН