A na kravata ne moze da se transplatira ili od medvedot.
може да се трансплантира и кравји срцев залисток (иако поретко се прави, ама се прави).
оф топик еден коментар-темава е во религија, не политика, не сфаќам зошто упорно се препукувате. уствари сфаќам, ама не е на место тоа. се работи за посебни религии, со посебни верувања и нема никаква причина да се вреѓаме едни со други зошто едниот бил муслиман, зошто верувал во тоа што верува итн. и во христијанството и во исламот стои дека треба да го почитуваме човекот како човек, кој и да е и без разлика на неговите верски убедувања.
он топик имам две прашања.
имам стекнато впечаток дека муслиманите (без разлика на национална припадност) се многу посложни во невоља отколку христијаните. дали има некој верски закон (можда зборам глупости, ама стварно не знам, во христијанството постојат своевидни закони т.н. канони) кој ви го наложува тоа или општо исламот учи на сложност и да се помага на оној кому му треба помош?
второто прашање е во врска со Рамазан. што се слави и што за вас претставува празникот? знам дека можам да изгуглам, ама ме интересира празникот од човечки аспект, што значи за еден верник постот, самото прославување на празникот, кои се традициите? и во споредба со христијанските празници, нели има поголеми и помали, колку е голем овој празник?
едит: имам и трето прашање
дали кога некој ќе почине одбележувате после смртта како што има задушници во христијанството (на седум/девет дена, 40 дена, три месеца итн). во христијанството тие имаат значење, не се случајни, па ме интересираше дали и во исламот има такви слични традиции и верувања?