Дали Фараонот беше удавен или не?
1. И Ние синовите Израилови ги преминавме низ морето... па, ги следеше фараонот и војската негова, зашто ги мразеше и им беше непријател. И штом започна да се дави, почна да вика: "Јас верувам. Нема друг бог освен Оној во кој веруваат синовите Израилови и јас сум меѓу муслиманите!" Зарем сега, а понапред беше непослушен и беше меѓу безредниците! Па, денес Ние ќе го спасиме само телото твое за да бидеш знамение за оние по тебе. (Сура 10:90-92)
2. И тогаш фараонот посака да ги истера од земјата. Па, Ние него и оние кои беа со него, заедно, ги потопивме. (Сура 17:103)
И овде не постои никаква контрадикторност,туку јасно кажување за фараонот од времето на Мојсеј/Муса а.с. Имено, овде се крие и едно своевидно чудо кое науката го докажала многу векови по објавата на Кур'анот,а кое се поклопува со неговото кажување.
Во едниот ајет се вели дека Фараонот заедно со својата војска бил потопен (удавен) во Црвеното Море ,а во другите ајети се вели дека неговото тело ќе биде спасено/сочувано, како доказ за настанот,за оние генерации кои што ќе дојдат после него.
Читај сега внимателно:
Во 1898 година во Вадул - Мулк / Долината на кралевите е пронајдена една мумија, која од подоцнежните испитувања е докажано дека датира се поклопува со времето на Мојсеј/Муса а.с.
Франсоа Митеран во 1981 год.побарал од Египет да му дозволи да го пренесат балсамираното тело(мумијата) на фараонот во Франција за да подлегне на научни истражувања.Навистина,телото на фараонот било пренесено во Франција заради истражување.Како врвен хирург Морис Бикај бил вклучен како одговорен во проучувањето на мумијата.Главна преокупација на Морис Бикај била
КАКО УМРЕЛ ФАРАОНОТ.
И открил дека во неговото
тело се наоѓаат солени супстанции што представува доказ дека смртта настапила од давење во морска вода.Но,уште
повеќе бил зачуден како останало неговото тело сочувано за разлика од останатите тела на фараоните кои биле балсамирани иако тој бил изваден од море! Се,додека некој не му пришол и му дошепнал дека муслиманите веруваат и нивната Света Книга зборува за потопувањето на овој фараон.Откако добро ја простудирал Библијата и не нашол во неа ништо за зачувувањето на телото на Фараонот,го отворил Qur,anot и се потресол кога го прочитал
92 ајет од сурата Јунус: ДЕНЕСКА ЌЕ ГО СОЧУВАМЕ(спасиме)ТВОЕТО ТЕЛО ЗА ДА БИДЕ ЗА ОНИЕ ПОСЛЕ ТЕБЕ ЗНАМЕНИЕ (ДОКАЗ)....
Еве овде ти се објаснува дел од тоа,значи Француски експерти докажале дека тоа е токму телото на фараонот од времето на Муса (Мојсеј) а.с.
Погорниот ајет ,каде се спомнува сочувувањето на телото на фараонот бил причина за прифаќањето на Исламот на Морис Бикај.
Пријателке мила, многумина обидувајќи се да уловат грешки и контрадикции во Кур'анот се уловиле себеси и постанале силни,цврсти и убедени муслимани. Имаш интернет, гуглај,барај, прашувај...............ќе видиш дека сето она што навидум за тебе во Кур'анот е контрадикција, во себе носи порака за недостижната Божја Моќ.
Се читаме подоцна.
elhamdulilah sto all-llah te obdaril so tolku znaenje brate omer el faruk za islamot, sunetot i zivotot na nasiot pejgamber muhamed s.a.v.s, isto taka ne mi e jasno kako po tolku odgovori od tvoja strana, nekoi seuste ne razbiraat
deka islamot e praviot pat.
Inshallah all-llah da te nagradi so djenetot firdaus AMIN
Амин, и тебе и мене и на сите добри и на Бога покорни луѓе.
Дали пиењето вино е ѓаволска постапка или рајски сон?
1. О верници, вино, хазардна игра, кумири и гатање на стрелички се лоша постапка шејтанова (ѓаволска), навистина! Избегнувајте го, тогаш, Шејтанот (Ѓаволот) за да бидете спасени! (Сура 5:90)
2. Сличен ли е оној во Џенетот (Рајот) - кој е ветен за богобојазливите - во кој реки течат непрестано, во кој има и реки со млеко, со вкус непроменет, и реки со вино вкусно за оние што го пијат, и реки со мед исцеден... за нив во Џенетот има секакви видови овошје и прошка од Господарот нивни... со оној кој е за навек во огинот, и кој пие вода што врие, која цревата ќе им ги попари? (Сура 47:15)
Ниту овде не станува збор за некаква контрадикција, туку за јасно укажување. нема да се задржам за забраната на алкохолот, тоа на сите ни е јасна, туку ќе се обидам да ти напишам нешто за она второто,за Рајот/ Џеннетот и употребата (конзумацијата) на вино во него.
sexilicious007 , -Кога Кур'анот зборува за Џеннетот/Рајот, тоа не може да се сфати буквално, туку тоа се симболи или метафори кои што се употребени на нам сфатлив јазик.
Сите тие Кур’ански описи на џеннетот се всушност симболи и носење на пример и приближување на разбирањето:
„Примерот на џеннетот кој е ветен (муттекуун) за богобојазливите,- во кој се реките, чива вода е со непроменета питкост и реки од млеко, чив вкус не се менува” (Мухаммед, 15).
„Пример на џеннет” т.е. ние донесуваме пример со кој сакаме да ти го приближиме разбирањето на џеннетот, а неговата суштина и поединечностите не ни се откриени во детали.
„Па ниедна душа не знае што им е сокриено, што ќе ги развесели нив како награда за она што го сториле”. (Ес-Сеџде, 17).
„..кон Џеннетот, кој се простира колку небесата и Земјата - подготвен за богобојазливите.” (Али Имран, 133).
Значи, не е можно џеннетот да биде само бавча .
„..и изобилието од овошје, кое никогаш не исчезнува и кое не се забранува” (Ел-Вакиату, 32). Тоа овошје е поинакво од нашето, кое исчезнува и се забранува..
За џеннетлиите Кур’анот вели:
„Ние од нивните гради ја извлековме омразата” (Ел_Е’араф, 43).
Овде душите се прочистени на начин кој ни е непознат.
Џеннетот е, исто така, гајб(тајна), значи за нас непознато нешто. Кога го констатираме ова тогаш со тоа не одрекуваме ниту едно телесно уживање. Ние веруваме дека џехеннемот е телесно и душевно страдање, но она што сакаме овде особено да го подвлечеме е тоа дека поединостите на овој благодет и страдање, како и самиот начин како ќе биде тоа ни се непознати.
Џеннетот не е ниту пазар на секакво овоштие и зеленчук, а не е ни џехеннемот печка за пржење на месо.
Тоа е нешто за што ниту увото слушнало,ниту окото видело. Тоа е нешто чија вистинска вредност и слика единствено ја знае Возвишениот Аллах џ.ш..
Тоа се моите одговори на твојот блок поставени прашања.
Тоа се не само контрадикции, туку КОНТРАИНДИКАЦИИ за примена.
Од нив најсмешна е онаа за настанок на човековото семе, отсликана во 86:5-7, каде се вели дека човекот настанал од капка создадена меѓу ребрата и грбот
Доста широк квадрант е тоа анатомски.
Значи спермата настанаува од градниот кош зашто тој е мегу грбот и ребрата, а абдомен е под ребрата а тестисите кај мажот се далеку под сето тоа. Како е можно тогаш спермата да се создава во градите?
Да не во бели дробови, случајни?
Зар Бог би фрлил од Небото анатомија со печатни грешки?
Обично муслиманите ова го правдаат со спуштање на тестисите во ембрионалната фаза од областа под бубрезите, но бидејќи бубрезите се во абдоминалната област, каква врска тестисите имаат со градниот кош? Капка која доаѓа од градниот кош...
.
Тестиси во граден кош? Може, кај некоја малформација, нормално не.
Тестисите се формираат во задниот дел мна абдоминалната празнина слично како и јајчниците кај девојчињата, и пред крајот на бременоста се спуштаат во скротумот некаде во седмиот месец од бременоста.
Дури и кога во емб. фаза тестѕисите би се формиралево некој долен дел од градниот кош сеуште ќе остане отворено прашањето за настанок на човекот од капка излеана од делот меѓу грбот и ребрата:pos2:iТаа течност не се формира за време на ембрионалниот развој, и не пред да почнат тестисите да созреваат, туку тек по рагањето на бебето кога тестисите се убаво спуштени надвор.
-да знае човечево дека тоа што го прави му излегува од градите ќе:kesa:
“
Па нека човекот погледа од што е создаден, создаден е од течност што се исфрла,која излегува меѓу 'кичмата и градите.” ( Ет – Тарик, 5-7)
Полови органи и нивниот развој
Основа за развој на половиот систем кај машкиот и женскиот пол, е интермедиерниот мезодерм кој во вид на две вертикални траки , се протега лево и десно од рбетниот столб
(кичмата).
По влијание на детерминирачкиот фактор (тдф) половите траки продоложуваат со развој , се свиткуваат поткивичесто со обата краја кон пределот на индус хилус и се формираат тестиси ( rete testis)
Гениталната плика од која се развива тестисот се наоѓа во лумбалната регија (кичма).
(Затоа тестисите од каде излегуваат сперматозоидите кои се одговорни за оплодување) примарно лоцирани се во
кичмата односно слабинскиот дел, во ретроперитонеалниот простор.
И потоа во вторта половина од интраутериниот развој , тестисот започнува да се спушта за да ја завземе финалната положба СКРОТУМОТ ( односно предел меѓу нозете каде што и се наоѓаат тестисите по раѓањето).
Заклучок:
Во ембриолошкиот стадиум на развој, половите органи на мажот и жената почнуваат да се развиваат во близина на кичмата, помеѓу кичмениот столб и единаестиот и дванаестиот пар ребра. Подоцна тие се поместуваат: женскиот репродуктивен орган запира кај карлицата, додека машките полови жлезди се спуштат се до раѓањето, додека не стигнат до мошница. Меѓутоа, дури и подоцна, по раѓањето, овие органи добиваат нервни и хранливи потреби од стомачната аорта, која се наоѓа помеѓу кичмениот столб и градниот кош. Лимфатичната дренажа, исто така, се враќа во споменатиот предел.
Половите органи потекнуваат од лумбалниот односно пределот на кичмата.
Што пак докажува дека Куранот е перфектно прецизен во неговите објаснувања, и нема никаква грешка.
Луѓето кои имаат малку познавања од медицината, носат неосновани заклучоци, на база на предрасуди и во нив е грешката.
Rubyred: Ајде фино лепо самата стави си на главата една :kesa:
:helou::helou::helou: