Најдов некои контрадикции во Ку'анот па ако може подетално објаснување затоа што ме збуни малце тоа што прочитав.
Идеме по ред:
Муслиманите веруваат дека Ку'ранот е перфектна книга од Аллах и дека бил симнат (Назил или Танзил) од небото, неоштетен или неосквернат од човековите раце.
Противречност се случува кога едно тврдење противречи на друго, или кога едно тврдење исклучува постоење на друго.
Првата наведена противречност:
Oд што е создаден човекот?
Во Сура 19:67 се тврди дека човекот бил создаден од ништо.
Во 15:26 се тврди дека човекот е создаден од глина.
1. И Ние го создадовме човекот, секако, од глина што се меси, од кал што се тегне.(Сура 15:26)
2. Јас сум, навистина, Создател на човекот од глина што се меси, од кал што се тегне, (Сура 15:28)
3. Читај во името на Господарот твој кој создаде, го создаде човекот од грушка на крв! (Сура 96:1,2)
4. Не се сеќава ли човекот дека Ние и порано го создадовме кога тој, токму не беше ништо? (Сура 19:67)
5.Или пак се создадени(луѓето) од ништо или тие се создатели? (Сура 52:35
Дали има, или нема, насилство во верата според Ку'ранот?
1. Во верата нема насилство зашто патот вистински јасно се одделува од беспаќето (лагата). Оној кон не верува во Тагут, а верува во Аллах веќе го дофатил најцврстото јаже во кое нема искинатина. Аллах е Слушач и Зналец. (Сура 2:256)
2. Па кога светите месеци ќе поминат борете се против многубошците, каде било да ги најдете, заробувајте ги, опколувајте ги, чекајте ги во заседа од секаков вид! Па ако се покајат, и ако намаз извршуваат, и ако зекат даваат, пуштете го патот нивни. Аллах, навистина, е Простувач и Сомилосен. (Сура 9:5)
3. Борете се против оние кои не веруваат во Аллах и во Денот ахиретски и кои не го забрануваат она што го забранија Аллах и пејгамерот Негов, и кои не ја застапуваат вистинската вера на оние на кои им е дадена Книгата се додека не дадат џизија со рацете, потчинето! (Сура 9:29)
4. О пејгамберу (пророк, Мухамед), поттикнувај ги верниците кон борба. Ако меѓу вас има дваесет трпеливи ќе победат двесте, а ако, пак, меѓу вас има сто ќе победат илјада од оние кои не веруваат зашто оние се, навистина, луѓе кои не сфаќаат. - (Сура 8:65)
5. Појдете во борба, било да сте слаби или јаки, и борете се на патот Аллахов и со имотите ваши и со животите ваши. Ете, тоа ви е подобро само да знаете! - (Сура 9:41)
6. О верници, борете се против неверниците кои се околу вас, и нека при вас најдат тврдост. И знајте дека Аллах, навистина, е со богобојазливите! (Сура 9:123)
7. Борете се против нив, а Аллах ќе ги казни со рацете ваши, и ќе ги понизи, а вам ќе ви помогне против нив, и Он ќе ги излечи градите на народот вернички! (Сура 9:14)
8. Ако не појдете во борба Он ќе ве казни со болка и ќе ве замени со друг народ, а вие во ништо не ќе Му наштетите. Аллах е Кадар за се! (Сура 9:39)
9. И борете се против нив се додека го снема сплеткарењето и додека верата Аллахова не биде присутна. А ако престанат... та, Аллах го гледа она што го работат. (Сура 8:39)
10. (Сура 4:89; 8:17; 9:38; итн.)
Дали Аллах им простува, или не им простува, на оние кои обожаваат лажни богови?
1. Аллах, навистина, нема да прости да Му се здружува здруженик, а се, освен ова, простува кому сака. А оној кој Му здружува на Аллах здруженик, прави голем грев. (Сура 4:48) (исто и 4:116)
2. Следбениците на Книгата од тебе бараат да им спуштиш Книга од небо. А оние веќе од Муса бараа и повеќе од тоа. Па зборуваа: "Покажи ни го Аллаха, очигледно." И заради зулумот нивни молња ги шибна, и потоа прифатија теле (ИДОЛ!). По јаснотиите кои веќе им дојдоа! И затоа Ние им простивме. И на Муса Ние јасен доказ му дадовме. (Сура 4:153)
Дали Фараонот беше удавен или не?
1. И Ние синовите Израилови ги преминавме низ морето... па, ги следеше фараонот и војската негова, зашто ги мразеше и им беше непријател. И штом започна да се дави, почна да вика: "Јас верувам. Нема друг бог освен Оној во кој веруваат синовите Израилови и јас сум меѓу муслиманите!" Зарем сега, а понапред беше непослушен и беше меѓу безредниците! Па, денес Ние ќе го спасиме само телото твое за да бидеш знамение за оние по тебе. (Сура 10:90-92)
2. И тогаш фараонот посака да ги истера од земјата. Па, Ние него и оние кои беа со него, заедно, ги потопивме. (Сура 17:103)
Дали пиењето вино е ѓаволска постапка или рајски сон?
1. О верници, вино, хазардна игра, кумири и гатање на стрелички се лоша постапка шејтанова (ѓаволска), навистина! Избегнувајте го, тогаш, Шејтанот (Ѓаволот) за да бидете спасени! (Сура 5:90)
2. Сличен ли е оној во Џенетот (Рајот) - кој е ветен за богобојазливите - во кој реки течат непрестано, во кој има и реки со млеко, со вкус непроменет, и реки со вино вкусно за оние што го пијат, и реки со мед исцеден... за нив во Џенетот има секакви видови овошје и прошка од Господарот нивни... со оној кој е за навек во огинот, и кој пие вода што врие, која цревата ќе им ги попари? (Сура 47:15)