Првин она што се истакнува во видеото ќе морам малце да го проширам,за да остане како пишуван доказ тука.
Многу често некои немуслимани тврдат дека исламот не би имал толкав број на следбеници низ целиот свет, а да не е ширен со сила. Во неколку точки, ќе објаснам дека е далеку од тоа, да исламот се ширел со сила. Исламот се ширел со силата на вистината, разумот и логиката. Тоа е целата сила која е одговорна за ширењето на исламот.
ИСЛАМОТ ЗНАЧИ МИР
Зборот ислам е изведен од зборот селам, што значи мир. Истотака, исламот значи покорување на Алах џ.ш. Тоа значи дека исламот е вера на мирот кој се постигнува низ потполна преданост на волјата на Возвишениот Господар, Аллах џ.ш.
ПОНЕКОГАШ Е ПОТРЕБНА СИЛА
КАКО БИ СЕ ОДРЖАЛ МИРОТ
Не е секој човек на планетата Земја спремен за одржување на мирот и хармонијата. Многумина се оние кои најнормално би го загрозиле мирот поради своите лични интереси. Затоа понекогаш потребна е сила да би се воспоставил и одржувал мирот. Поради таа причина имаме полиција, чија примарна задача е спречувањето на криминалците и другите антисоцијални елементи, кои го загрозуваат мирот и хармонијата во друштвото и државата. Исламот пропагира мир. Но во исто време, бара од своите следбеници да се борат против угнетувањето. Борбата против угнетувањето, понекогаш бара употреба на сила. Во исламот, сила смее да се употребува единствено поради спроведување на мир и правда.
МИСЛЕЊЕТО НА ИСТОРИЧАРОТ ДЕ ЛЕЈСИ О’ЛЕРИ
Најдобриот одговор на заблудата дека исламот е ширен со сабја, дал угледниот историчар, Де Лејси О’Лери, во книгата „ Исламот на крстосница “, на 8 страна,: „Секако, јасен е историскиот факт, дека легендата за фанатичните муслимани кои хараат по светот, и со сабја го шират исламот, помеѓу поробените народи – е еден од најапсурдните измислени митови кои еден историчар може да ги изговори! “
МУСЛИМАНИТЕ ВЛАДЕЕЛЕ ВО ШПАНИЈА 800 ГОДИНИ
Иако муслиманите владееле во Шпанија околу 800 години, никогаш не користеле сабја, т.е. сила, како луѓето би ги конвертирале во ислам. Кога во Шпанија дошле крстоносците, ги избришале муслиманите од сцена. Ниту еден муслиман во Шпанија не смеел јавно да учи езан, повик на намаз.
14 МИЛИОНИ АРАПИ СЕ КОПТИ ХРИСТИЈАНИ
Муслиманите владеат во Арабија 1400 години. Некое време владееле Британците, е некое Французите. Но, вкупно, муслиманите владеат со Арабија веќе 1400 години. И покрај тоа, денеска постојат преку 14 милиони Копти, христијани, кои биле христијани со векови наназад. Ако муслиманите користеле сабја во ширењето на верата, не би остантал ниту еден Арап немуслиман.
ВО ИНДИЈА ИМА ПРЕКУ 80 % НЕМУСЛИМАНИ
Муслиманите владееле во Индија околу 1000 години. Да сакале, имале моќ секој немуслиман во Индија, да го натераат да прими ислам. Денеска, дури 80 % од жителите на Индија не се муслимани. Сите тие немуслимани се жив доказ дека исламот, никогаш не бил ширен со помош на сабја.
ИНДОНЕЗИЈА И МАЛЕЗИЈА
Индонезија е земја со најголема популација на муслимани во светот. Во Малезија, повеќето жители се муслимани. Јас ве прашувам: „Која муслиманска војска некогаш зачекорила во Индонезија и Малезија?!
ИСТОЧНИОТ БРЕГ НА АФРИКА
Исламот брзо се ширел и по земјите на источна Африка. Зошто некој не се запраша: „ Ако исламот е ширен со сабја, која муслиманска армија престојувала во земјите на источна Африка!?“
ТОМАС КАРЛАЈЛ
Познатиот историчар Томас Карлајл, во книгата: „ Хероите и почитувањето на хероите, “ се навраќа на дезинформациите за ширењето на исламот со сабја: „Да, тоа е сабја, навистина! Но, одкаде е таа сабја? Тоа е секое ново мислење, кое во почетокот не е приметно. Се наоѓа во главата на еден човек. Таму се задржува некои време. Само еден човек верува во тоа, само он од целиот свет; само еден човек се кренал против целиот свет. Ако се фати за сабјата и почне да ги пропагира идеите со нејзина помош, нема да постигне ништо. Во целина, идејата се шири сама од себе, колку може....“
ВО ВЕРАТА НЕМА ПРИСИЛА
Со кој меч е ширен исламот? Дури и да некои муслимани имале таква намера, не можеле тоа да го направат, затоа што во Куранот стои, во следниот стих:
„ Нема присила во верата, Вистинскиот пат, јасно се разликува од заблудата!“ ( Ел Бекаре, 256 )
МЕЧОТ НА ИНТЕЛЕКТОТ
Користениот меч е мечот на интелектот. Тоа е мечот кој ги освојува срцата и душите на луѓето. Чесниот Куран вели:
„ На патот на Господарот свој, мудро и со убав совет повикувај, и со нив на најубав начин расправај! “(Ен-Нахл, 125)
ПРОЦЕНТУАЛНИОТ ПОРАСТ НА СВЕТСКИТЕ РЕЛИГИИ 1934 – 1984 ГОДИНА
Во Годишникот од 1986 година, стои текст со статистички податоци за ширењето на најпознатите светски религии во текот на изминатите 50 години (1934 – 1984). Овие податоци се најдоа и во магазинот „ Јасна вистина“. На самиот врв на листата, се најде исламот, чиј број на следбеници се зголемил за 235 %, додека бројот на припадниците на христијанството се зголемил за 47 %. Јас ве прашувам: „ Која војна во тој период била причина за преминот на милиони луѓе во ислам?!
ИСЛАМОТ Е РЕЛИГИЈАТА КОЈА НАЈБРГУ СЕ ШИРИ ВО АМЕРИКА И ЕВРОПА
Денска во Америка, исламот е религија која најбргу се шири. Религијата која најбргу се шири во Европа, е истотака исламот. Која е таа сабја, која ги принудува луѓето по Запад во така голем број да го прифатат исламот?!
ДР. ЏОЗЕФ АДАМ ПИРСОН
Др. Џозеф Адам Пирсон, еднаш убаво рекол: „ Луѓето кои се грижат дека еден ден, нуклеарното оружје ќе дојде во рацете на Арапите, забораваат дека исламската бомба е веќе фрлена. Падна оној ден кога Мухаммед е роден.“
За болдираното со црно и црвено:
Македон91 самото твое присуство овде на форумот, како и постоењето на еден милион и нешто македонци и уште неколку милиони други жители на балканов е доволен факт дека
ИСЛАМОТ НЕ СЕ ШИРЕЛ СО СИЛА!
Е сега некому и со инка да му туруваш,не вреди. Сепак си имаш право на твое субјективно мислење.Јас сметам дека ти одговорив на прашањето повеќе отколку што требаше.
Ај да видиме овој другиов што прашува.
1. Крвната освета во исламот е забранета, освен во случај на војни,иако и во такви моменти се преферира простувањето доколку е можно.
2. За ова веќе е пишувано, но кратко: НЕ СЕ!
3. Велат дека за љубов се потребни двајца, а јас би рекол и за злосторства.
Сегде каде што има вакви злосторства,индикатор на истите се колонизаторите,освојувачите , итн.
4. Кур'анот е еден, нема повеќе верзии туку има повеќе преводи. За конкретното прашање не можам да ти одговорам зошто не располагам со никакви податоци за тоа. Ако имаш ти некакви сознанија, посочи ги. Едно е јасно: Кур'анот и покрај обидите на оние кои што сакаат да го променат НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ПРОМЕНЕТ, него АЛЛАХ/БОГ ГО ЧУВА.