Најубаво село во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата theMac3donian
  • Време на започнување Време на започнување
brajcino prespansko nevidena priroda i ubavina stari gradbi prekrasen manastir i reka koja go deli na dva dela ogromna planina koja izobilova so flora i fauna za zal seloto go napustija mladite ima uste nekolku famillii celosni a ostanatite se bekari so 50 g i starci cii deca se stansvo ili vo pogolemite gradovi vo mkd najmnogu vo bitola kade sto ima mozda edno 100 famillii koi imaat koreni od brajcino a vo toronto ima 1000 ziteli ki imaat poteklo od brajcino smetano po maska i zenska linija no na leto seloto e raj se slusa igrata na decinjata seloto e zivo ako saka nekoj da go poseti ima organiziran selski turizam prekrasni jadenja spremaat brajcinki a spienjeto e nesto posebno ja slusas rekata kako buci i siot toj mir posetete go nema da zazalite
 
Вевчани



** Атарот на општина Вевчани се наоѓа северозападно од Охридското Езеро. Се протега во насока исток - запад, од подножјето, преку ридестиот терен, се до сртот на планината Јабланица. Се граничи со општините: Струга, Велешта, и Лабуништа, а во потесен дел ја допира државната гранична линија со Република Албанија.
* Територијата на општина Вевчани има површина 35,5 квадратни километри, а просечната густина на населението изнесува 70 жители на квадратен километар. Според пишувани и официјални докменти, во последниве сто години Вевчани има меѓу 2.400 и 2.800 жители, а според последниот попис од 1994 година има 2.448 жители. <SPAN lang=MK mac="" c="" times="" ;="">Во Вевчани живее македонско население.

** До 1952 година Вевчани имало своја општина, заедно со селата Октиси и Горна Белица. Од 1952 до 1956 година е приклучено кон општина Велешта, а нешто подоцна на општина Струга. Оттогаш трипати е поднесувано барање за формирање на општина 1969,1981 и 1990 година.
* Општината е обновена 1996, година со донесувањето на Законот за локална самоуправа, а почна да функционира од 1997 со формирањето на нејзините органи и тела, по изборите за локална самоуправа.


** Изворите говорат дека Вевчани е чисто словенска населба. Неговата прва локација не била денешно Вевчани. Таа се наоѓала нешто понадолу од подножјето на планината Јабланица, на местото што денеска се вика - Селиште.
* Вевчани е стара населба, а нејзините почетоци датираат од крајот на ВИ, односно почетокот на ВИИ <SPAN lang=MK mac="" c="" times="" ;="">век, кога словенското племе Березити (Брсјаци) го преплавуваат Струшкиот крај и ја населуваат локацијата на денешно Вевчани, југоисточно од планината Јабланица.
* Името на Вевчани произлегува од чисто словенски збор. Тоа е старословенскиот збор ВЕС (село), односно за жителите на тоа село СЕЛЧАНИ, а за ВЕС (ВЕСЧАНИ). Вака по пишуваното правило врзано за промените на зборовите во литературниот јазик, конечно се извела именката Вевчани.
** Вевчани е населба со богато културно - историско минато за што сведочат и сакралните објекти. Од нив три се цркви, еден манастир, а другите се параклиси




Како се стигнува до Вевчани

- Атарот на Општина Вевчани се наоѓа северозападно од Охридското Езеро. Се протега во насока исток - запад, од подножјето, преку ридестиот терен, се до сртот на планината Јабланица. Се граничи со општините Струга, Велешта, и Лабуништа, а во потесен дел ја допира државната гранична линија со Албанија.
До Вевчани води асфалтиран пат што од Струга минува низ селата Враништа и Велешта и води до Вевчани.
- Македонските села најубаво знаат да се замотуваат по планинските сртови, да им се тутнуваат на планините в пазуви. Ама едно најубаво го прави тоа од сите - Вевчани. Не напати опишано, ами илјада пати прераскажано, а пак недокажано.
- Послано како со рака, Вевчани е распослано од подножјето, па се до сртот на планината Јабланица. Уште од самиот почеток на селото, куќите, наредени како осилки на клас жито, брзо се редат се угоре и угоре за да се постелат по Вевчанската Река, до нејзините Вевчански Извори и уште погоре, до глечерските езера со кои Господ ги дарувал вевчанци. И дали оттука, од езерата и од изворите, почнува селото или од долу, станува сосема неважно кога ќе почнат да се редат убавините една по една.
- Не сакајќи да пропуштиме ама баш ништо, тргнавме по тесниот асфалтиран пат што се дели во ракави, едните за долномаалци, другите за горномаалци. На секоја стара куќа - по една нова, за секоја стара тула - по еден нов модерен балкон. Вевчанци направиле од своето село идеална комбинација на прастара убавина проткаена со ново време, ама без ни за момент да ја нарушат убавината на традицијата, на природата, без ни за миг да му ја земат душата на селото.

Легендата за Калан и за Алул


- Вевчани е стара населба, а нејзините почетоци датираат од крајот на ВИ, односно почетокот на ВИИ век, кога словенското племе Березити (Брсјаци) го преплавило Струшко и ја населило локацијата на денешно Вевчани, југоисточно од планината Јабланица.
- Името на Вевчани произлегува од чисто словенски збор. Тоа е старословенскиот збор ВЕС (село), односно за жителите на тоа село СЕЛЧАНИ, а за ВЕС (ВЕСЧАНИ). Вака по пишуваното правило врзано за промените на зборовите во литературниот јазик се извела именката Вевчани.
- Се што се знае за населувањето на првите семејства и родови во Вевчани досега се темели на претпоставки и на легенди. Така, првите населени вевчанци биле браќата Калан и Алул. Иако браќа се населиле на една локација во Вевчани, братот Алул го населил горниот крај на селото и ја создал семејната лоза Алуловци. Додека, вториот брат, Калан, го зазел долниот крај на Вевчани, во Долно маало, каде што денеска живее семејната лоза Калановци.




Зошто треба да дојдете во Вевчани



** Ако сакате да допрете божествен рај, појдете во Вевчани. Ако сакате да го вдишете мирисот на нескротената природа, појдете во Вевчани. Ако сакате за миг да почувствувате како духот ви талка низ звукот на брзите, бистри води и високите борови кои се издигаат до небо, појдете во Вевчани. Ако сакате без прекин гладно да го голтате свежиот планински воздух од чиј мирис ви се зашеметува во главата, појдете во Вевчани.
** Сите убавини на Вевчани несебично му ги дарувала планината Јабланица, која со векови му дава живот, обилно поејќи го со нескротливите чисти води на Вевчанска Река, која како артерија минува низ целото село, речиси низ секоја куќа, ја снемува зад еден ѕид за да ѕирне од ќошот на друга куќа и потоа да потече во некој двор. Реката, всушност, е душата на Вевчани.
** Вевчани се протега северозападно од Охридско Езеро и малку ја допира државната граница со Албанија со вкупна површина од 35 квадратни километри.
** Вевчани е посебно место во државава. За тоа дека е така доказ е пасошот (василичарски) и личникот - платежно средство, што се карактеристики за една држава.
** Прекрасно е чувството додека шетате покрај бистрите брзи води, чија температура и лете и зиме е 7 степени. Тука, во царството на густата шума, се чувствувате како да сте поблиску до рајот. Покрај реката, низ густата шума, води пешачка патека, на која се наоѓаат клупи за одмор или за излет. Додека шетате покрај брзата вода, имате чувство како да сте во утробата на некој нескротлив џин, жуборот на водата е толку силен што ако сакате да разговарате, мора да викате. Но, не ви се потребни зборови во таа убавина, треба да се молчи и да се слуша гласот на природата, само така може да се доживеат вистински вевчанските извори.
** Во Вевчани во добар дел е зачувана старата автентична архитектура и општинските власти прават напори таа да не се нарушува и да се зачува колку што може повеќе од карактеристичното културно историско наследство.




Вевчанскиот случај




Селото познато по своите непокорни жители на 7 август 1987 година со штрајк со глад на тогашната младинска организација се спротиставиле на одлуката нивните извори да се пренасочат за водоснабдување на Струга, Октиси и елитната населба Елен Камен. Овие протести биле проследени со интервенција на полицијата од тогашниот режим и полициски сослушувања на деца, студенти, како и злоупотреба на полициските органи. Уште тогаш, во тој режим проструила демократијата во ова место во борба за заштита на човековите права. Овој непокор е крунисан со самопрогласување на држава, свои пасоши и валута.

Вевчански пасош и личници
Pas1.jpg

clear.gif
021.jpg

clear.gif
022.jpg

clear.gif
023.jpg

clear.gif
024.jpg

clear.gif
025.jpg

clear.gif
033.jpg

clear.gif
034.jpg

clear.gif
035.jpg


Some photos:




Vevcani-izvori-patuvanja-info-8.jpg


Vevcani-izvori-patuvanja-info-0.jpg
Vevcani-izvori-patuvanja-info-1.jpg

Vevcani-izvori-patuvanja-info-2.jpg

Vevcani-izvori-patuvanja-info-3.jpg




Vevcani-izvori-patuvanja-info-5.jpg
Vevcani-izvori-patuvanja-info-4.jpg



Вевчанскиот карневал
B9EE09091EA5D64E9C678D75A5F40C8A.jpg


vevcanski-karneval1.jpg


FEA9FEC3744E28459C2367D0649F8EE6.jpg
 
Црешево и Раштак(Скопска Црна Гора)
 
http://www.melnicani.com.mk/

Дебарско езеро , плажа , Река Радика , риболов , кампување , Преку лето и зима препуно со млади луѓе ... секоја прилика ја користам да отидам таму , дружба , скариче , се во едно . Најубавото село евер ! :smir:
 












Лазарополе. Кој има живци и време за до горе, ич да не мисли. Прекрасно е местото, ем шетња ем романтики, ем преубава природа... Мераци. Душа давам сеа ваму да сум. :)
 
Кај ви е Трпејца? Секоја година идам таму и стварно е преубаво. Плажата е милина, водата топла, малку ќе симнете калории додека дојдете до плажата и додека се искачите пак нагоре, ама што вика тетка ми: Рај Божји! :pos2:
 
Градешница своето име го добила по тоа што порано во однос на другите мариовски села била најнапредна и личела на град. Во селото има седум цркви, од која најголема е црквата "Св. Никола" која е изградена во 1862 година, но била урната и возобновена во 1918 година.

mozi znaj nekoj za ova selo :)
 
Радожда
n1024871289_30356441_5427131.jpg

n1024871289_30356439_5572296.jpg

n1516096312_193302_6431.jpg

n1516096312_193299_4902.jpg

n1516096312_193250_5278.jpg

n1516096312_193247_3651.jpg

n1516096312_193246_1815.jpg


Виа Игнациа
n1040425896_270557_1962.jpg

n1040425896_270558_2384.jpg

n1585120809_98935_2212.jpg

n677957347_394489_3867.jpg

n717682016_500287_8848.jpg

n758979350_328981_2244.jpg
n758979350_328982_2843.jpg
 
Не само Крани туку селата во цела Преспа (со мали исклучоци) се така добро позиционирани што и езерото и планината им се на дофат, плус патната инфраструктура е убаво развиена и овие села кои се на потегот од макази до маркова нога уште повеќе ќе се развиваат со отворањето на граничниот премин за гејлада.

Инаку мој фаворит е Брајчино и се разбира... Подмочани :pipi:
Се согласувам, навистина таму се наоѓаат едни од најубавите села во Македонија, просто да уживаш...
 
Zrnovci se razbira.............
 
Галичник , кој бил знае што зборам. Меѓутоа нажалост сега има само 1 жител ....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom