SuicideMessiah
Советник
- Член од
- 7 јули 2008
- Мислења
- 5.585
- Поени од реакции
- 309
Никола, олабави малку со тужбите, имаш држава за водење
Премиерот Груевски ќе влезе во учебници како редок пример на политичар кој одбива да одговори на прашања. Малку му беше што свикува прес - конференции со сите министри зад него и не дозволува прашања. Сега не одговара на прашања и кога се појавува на настани, ако прашањата не се врзани за тој настан. Или се смее кисело, како што беше завчера, кога се појави кај хендикепираните, или одговара вака: "Не е сега време за тоа. Не би одговарал на тоа прашање сега. Не би сакал сега за тоа да зборувам...".
Наместо да плаќа реклами, нека одговара на прашања. Не само затоа што тоа е поевтино. Туку и затоа што добар политичар одговара на сите прашања. Впрочем, за добар политичар прашањето не е ни важно. Важно е тоа што сака да го каже. Во крајна линија, тоа е многу посуптилна манипулација и контрола на јавноста отколку хистерично тужење на секој што не мисли исто како тебе.
Зошто добар политичар мора да одговара на сите прашања? Затоа што така стимулира јавна дебата. А политичарот, ако е навистина добар, не се плаши од дебата. Затоа што таа му е главна инспирација и коректив за тоа што го прави.
На крајот на краиштата, тоа е и почитување на јавноста. Платено соопштение во весник и прочитан памфлет на телевизија не е почитување на јавноста.
Сте забележале ли дека во Македонија веќе нема јавна дебата. Ги нема дури ни оние долги телевизиски политички дебати за пополнување на ТВ - програма. Нема судир на мислења, нема јавна комуникација... Има само интервјуа, нарачани изјави и отворени програми со телефонски јавувања на партиски активисти.
Затоа и не ме чуди што во недостиг на дебата, секој јавно изнесен став се прифаќа како скандал.
Знаете ли како функционира новинарството кај нас? Ако поставиш прашање кое не е за поставување, прво шефот на кабинетот се јавува кај главниот уредник: "Што проблем имате вие?". Или: "Што му е на тој новинар?".
Потоа премиерот им се јавува на газдите на медиумите: "Што имате вие против мене?".
Ако не поминат и двата филтри, постои суд. И тужба за клевета и навреда.
Познатиот американски колумнист Хендрик Херцберг, анализирајќи ја победата на Барак Обама, во магазинот "Њујоркер" напиша дека негова најголема доблест е "тоа што ги третира Американците како возрасни луѓе способни за комплексно размислување - би се рекло како рамни на него".
Во нормална демократија секој си носи одговорност за тоа што ќе го каже. Зошто на Груевски би му се нарушил угледот ако некој напише нешто против него? Замислете, му бил нарушен угледот од пишувањето на Фрчкоски. А неколку месеци потоа за него гласаа речиси 500.000 луѓе. Да не беше колумната на Фрчкоски и да не му беше нарушен угледот, колкумина ќе гласаа за Груевски? Милион?
Никола, не потценувај им ја интелигенцијата на луѓето. Половина милион Македонци имале доверба во тебе. Ако некој напише нешто што не ти се допаѓа, ниту тебе угледот ќе ти падне ниту нему угледот ќе му се крене. Во крајна линија, твојот углед зависи од тоа што го правиш, а не од тоа што другите ќе го кажат за тебе.
Затоа, премиере, ослободи го срцето. Олабави малку со тоа тужбите. Имаш држава за водење.
Г. Михајловски
:pos2: