Tokmu taka,za Srbite nesakam ni da kazuvam postojat raznorazni teorii okolu etimologijata na zborot Srb ili Serboi,.....
Разни теории постојат бидејќи вистината е многу незгодна па потребни се други објаснувања, зошто првобитното значење на зборот
серб, серби, срби било заборавено, а потоа врз основа на ова име е формирана нација на Балканов.
Поимот Серби за прв пат се појавува за време на зајакнувањето на феудализмот во Европа особено во Германија кога се подвоиле, главно, три “класни групи“: аристократија/феудалци, клерици и серби (селско население). Значи сербите не се ништо друго туку означуваат
селско население (што би рекле денес
селани). Ова население доминирало во однос на феудалците и клериците. Овој поим се сретнува од северните краишта на Полска и Германија, на исток Русија, Украина, на југ Балканов вклучително и Грција. Се игнорираат фактите дека и германското селско население кое бегало од германските феудални поседи било нарекувано Серби.
Овде на балканот кога биле формирани нови мали кралства се појавува и случај да на една територија на Балканов, на некој нов крал му текнало меѓу другото да биде крал и над Сербите кои во тоа време се издиференцирале со посебна “општествена свест“ во однос на “господарите“ (феудалците, аристократијата) и клерот, па така настанува политичкиот термин Серби или Срби, а подоцна ќе настане и српска нација или народ.
Точна етимологија тешко дека ќе се најде, некои учени упатуваат на зборот
серв во смисла население кое
е под владение и кое
служи на господарите (феудалците), но како синоним за селани може да се претпостави и денешниот збор
срп (претходно
серп), како алатка за жнеење па оттаму и селаните да биле наречени
серпи т.е. серби, но оваа етимологија е само претпоставка.
Не наседнувај на провокации од нечија досада, пушти нека се забавува.
А да се договориме да нема термин- Словени?
Нели би било пологично толкувањето?
Работите се многу јасни.
1. Слово. Во средниот век поимот Словен произлегол од Словото како ознака на христијанско верско-културно движење кое започнува со делувањето на Кирил и Методиј (“НА ПОЧЕТОКОТ БЕШЕ СЛОВОТО.. и тн).
Како што Римјаните го прошириле латинскиот јазик (без разлика од каде и од што потекнува овој јазик) така преку проповедање на Словото (божјиот збор, со специфично толкување) се зацврстил но и проширил словенскиот јазик (ова е упростено објаснување, нормално). Преку прифаќање и проповедање на божјото Слово настануваат и Словените во средниот век и Немците (оние кои не го говорат Словото).
2. Право - Слави. Раниот среден век е време кога религиозната мисла доминира (националната свест тогаш имала скоро незабележително значење). Се појавуваат разни религиозни групации кои верата ја толкувале преку своја догма, со свои теории. Земете историски книги и прочитајте какви све не религиозни секташтва постоеле. Овие верски концепции многу често жестоко се судрувале. Така во источното римско царство се појавуваат Славите кои сметаат дека на правилен начин го Слават името Господово, значи Слави во смисла Право-Славни, оттаму и овој денешен поим. До ден-денешен ние Славиме, правиме селски Слави, семејни Слави, Славиме празник, Славиме родендени, го Славиме името господово. Значи чисто религиозно значење.
Дали е конечно јасно дека Словени и Славјани немаат никаква врска со некакви племиња од зад карпатите.
Точно се знае кои племиња продирале на Балканот: Хуни, Авари, Бугари, Власи (Влахоринхини, сагудати, драговити), Кумани, Печенази и тн.
Аман веќе !!!!!!!!!!!!!