Фан Клуб : Овче Поле

StarScr3am

Ѓавол
Член од
22 септември 2009
Мислења
798
Поени од реакции
219
значи ја гледав цела утакмица и навивам за Овче Поле .....тепачката?!?!?!? типично велешка работа....губиш па ќе се тепаш од немоќ ....не викам дека и овие Торус не се китки за мирисање али тоа е црна дамка во македонската кошарка....
1.Овче Поле немаат играчки кадар(не можеш ти да не собереш една 10ка на тренинг)
2.Финансиски не се добро потковани(од блиски извори дознав дека некои од играчите не добиле плата .....затоа можеби си заминаа Караџов и Михајловски) иако јас мислам дека можеби и Михајловски беше предводник на Овче Поле...и ако толку сакаше раководството на Овче Поле да биде успешен тим требаше по секоја цена да го задржи Боби во тимот....инаку сега?!?!?!? можат само да плачат и да кажуваат триста причини незнам тренерот е слаб воа е слабо тоа е слабо....Ако се врати Боби и ако купат уште барем ДВАЈЦА играчи кои можат да играат на позиција 2 и 4 се ќе биде ок ....толку од мене
 

Гробар Мкд

Не дамо Титулу !!!
Член од
19 ноември 2008
Мислења
5.335
Поени од реакции
1.442
значи ја гледав цела утакмица и навивам за Овче Поле .....тепачката?!?!?!? типично велешка работа....губиш па ќе се тепаш од немоќ ....не викам дека и овие Торус не се китки за мирисање али тоа е црна дамка во македонската кошарка....
1.Овче Поле немаат играчки кадар(не можеш ти да не собереш една 10ка на тренинг)
2.Финансиски не се добро потковани(од блиски извори дознав дека некои од играчите не добиле плата .....затоа можеби си заминаа Караџов и Михајловски) иако јас мислам дека можеби и Михајловски беше предводник на Овче Поле...и ако толку сакаше раководството на Овче Поле да биде успешен тим требаше по секоја цена да го задржи Боби во тимот....инаку сега?!?!?!? можат само да плачат и да кажуваат триста причини незнам тренерот е слаб воа е слабо тоа е слабо....Ако се врати Боби и ако купат уште барем ДВАЈЦА играчи кои можат да играат на позиција 2 и 4 се ќе биде ок ....толку од мене
Како прво тепачката ја започнаа Караколев од Штип од екипата на Торус и Шибалиќ кој е од Србија од екипата на Овче Поле, така да тука нема ништо типично велешко... тоа што потоа нарипаа сите играчи од Овче Поле и Торус, тоа е друго дваесет.

1. Дека Овче Поле нема играчки кадар во моментот, нема... Билбија се повреди кој според мене е во првите три најдобри центри во нашата лига, а тоа дека нема цела 10-ка не е дека нема 10 играчи на тренинг... напротив, на тренингот се присутни и дел од младинците, така да услови за тренинг има... е сега ако се мисли на 10-ка од квалитетни играчи, тогаш во овој момент нема поради X причини... :smir:

2. Финансискиот дел не треба да го занима никој, било дали е тоа Овче Поле или Плејмејкер или било која друга екипа... кога ќе погледнеш убаво, во нашата лига во овој период освен Фени и Вардар О. кој се да речеме стандардни во давање плати, друг нема... плати добиваат играчите на Фени, Вардар Осигурување, на Торус и на Овче Поле... е сега дали се касни или не, тоа не треба да го занима никој... Чековски, Соколов, Мираковски, Димитровски и компанија, како можеа цела полусезона да играат без пари во Работнички, и со сопствени пари да си плаќаат превоз за утакмиците... ама играат со срце за клубот, кога се сака се се може :pipi:

Точно дека Боби е одличен играч, но дека бил предводник, не се сложувам... се знае кој е "прва виолина" во Овче Поле- Небојша Ристиќ. Доколку некој ме праша мене, јас би сакал да се врати Боби, и што побрзо да заздрави Билбија... со овие двајца во тимот, го тепаме Торус 102,3%, а на домашен терен ќе им направиме проблеми и на Вардар О. кој оваа година два пати ни "избега од јадицата" и на Фени, тоа гарантирам со глава :helou:
 

StarScr3am

Ѓавол
Член од
22 септември 2009
Мислења
798
Поени од реакции
219
јас зборувам дека нема цела 10ка на треннинг од играчи СЕНИОРИ....не ги зимај во предвид младинците...
1.неможеш ти да бараш успех во лигата со 17 годишни играчи
2."прва виолина" е Ристиќ но се сомневам дека О.П ќе најдат сличен играч како од калибарот на Боби и факт е дека им недостига еден играч како него.од сигурни извори дознав дека Боби не се враќа во О.П така да :( нека барраат чаре во нов играч ...
 

Falcao

rossonero per sempre
Член од
28 мај 2008
Мислења
1.986
Поени од реакции
561
Чеде Петрушевски од следната сезона у прва петорка да го видам. :vozbud:
 

Гробар Мкд

Не дамо Титулу !!!
Член од
19 ноември 2008
Мислења
5.335
Поени од реакции
1.442
јас зборувам дека нема цела 10ка на треннинг од играчи СЕНИОРИ....не ги зимај во предвид младинците...
1.неможеш ти да бараш успех во лигата со 17 годишни играчи
2."прва виолина" е Ристиќ но се сомневам дека О.П ќе најдат сличен играч како од калибарот на Боби и факт е дека им недостига еден играч како него.од сигурни извори дознав дека Боби не се враќа во О.П така да :( нека барраат чаре во нов играч ...
Епа ЈеБиГа, се случија непланирани работи, што поради повреди, што поради лични проблеми... да беше трансфер периодот активен, ќе се доведеа замени за овие играчи, ама во незгоден момент се случија работите :toe:

1. Успехот за оваа година е постигнат, без разлика што неколку клубови имаа големи финансиски проблеми... Полуфинале во Првенство и Полуфинале на Куп на Македонија ни беше целта, е ние таа цел ја остваривме, се друго ќе беше голем плус за Овче Поле... пак ќе кажам, со глава гарантирам дека доколку беше Билбија ќе ги поминевме Торус во Полуфиналето на Купот, ама "шта би било, кад би било" :wink:

2. И тука пак ќе кажам, Боби е одличен играч, јас би сакал да се врати кај нас, но еве како што велиш ти, доколку не се врати, нема да земеме пиштолот и да се утепаме... замена за него ќе се најде, а времето ќе покаже дали тој играч ќе биде подобар или нема да биде подобар од Боби :smir:

Чеде Петрушевски од следната сезона у прва петорка да го видам. :vozbud:
И тоа ќе биде, само ќе почекаш уште некоја сезона :helou:
 
Член од
25 јуни 2007
Мислења
100
Поени од реакции
2
Првиот натпревар од Полуфинале во Првенство го играме кај вардар.оси. тие започнуваат со стартни 1-0,но ме интересира на колку добиени натпревари се игра и кога играме дома??
 
Член од
9 јануари 2009
Мислења
235
Поени од реакции
0
Igraete do 3 pobedi i se igrae eden natprevar gosti eden natprevar doma taka da vi kaaa ce a izigraete na goste narednata e doma.
 

Гробар Мкд

Не дамо Титулу !!!
Член од
19 ноември 2008
Мислења
5.335
Поени од реакции
1.442
Утре во 19:00 часот во Скопје се игра првиот полуфинален натпревар во Првенството помеѓу Вардар Осигурување и Овче Поле. Финалист е екипата која прва ќе дојде до три победи. Бидејќи Вардар Осигурување заврши како првопласиран на табелата, предноста од домашен терен ќе ја имаат тие, а бидејќи ги добија сите четири дуели во лигата против Овче Поле ќе стартуваат и со 1-0 во победи. Овче Поле треба да победи минимум еден натпревар во Скопје доколку сака да игра финале (нормално, треба да ги добие и тие на домашен терен).

Знаеме дека тоа ќе биде екстремно тешко, пред се поради состојбата во која се наоѓа Овче Поле (повреди, лични проблеми на релација играч-клуб, казнети играчи), потоа поради предноста која ја имаат екипата на Вардар Осигурување... и како последно поради тоа што Вардар Осигурување се од Скопје (да не објаснувам зошто така пишав, кога сите знаете како стојат работите :toe:), а како што имам слушнато и ги местеле да бидат Шампиони оваа година (не дека имам нешто против скопските екипи, напротив, но за Вардар Осигурување така слушнав, а и ништо чудно да се случи тоа)... Се надевам, доколку неможе Овче Поле, дека Фени Индустри нема да си дозволи таков "луксуз" :)

Од ова полуфинале, нормално ако не се случи некое чудо и да се пласираме во финале :wink:, очекувам барем една победа на домашен терен и со тоа достојно да ја завршиме сезоната која е Историска за Овче Поле :helou:







Вардар Осигурување - Овче Поле 88-58

Вардар Осигурување има предност од 2-0 во победи во Полуфиналето на Првенството и е на чекор до пласман во Финалето... Следен натпревар помеѓу овие екипи е во Сабота (10.04) во Свети Николе и можеби тоа ќе биде последниот натпревар за Овче Поле во оваа сезона која е Историска за клубот од Свети Николе :wink:

Стрелци за Овче Поле на денешниот натпревар се: Ристиќ со 19 поени, Хелд 15, Маце со 11 поени, Ристе 4 поени, Струков и Боби Ивковиќ по 3 поени, Тоше Ивковиќ 2 и Чеде Петрушевски 1 поен
 

Гробар Мкд

Не дамо Титулу !!!
Член од
19 ноември 2008
Мислења
5.335
Поени од реакции
1.442
Овче Поле - Вардар Осигурување, Почеток 19:30 часот во Спортска Сала "Цар Самоил" - Свети Николе :helou:




Овче Поле - Вардар Осигурување 69-91 за конечни 3-0 во серии и пласман на Вардар Осигурување во Финалето на Првенството :smir:

Прво полувреме се држевме, резултатот на полувреме беше 40-42 за гостите, но во второто полувреме паднавме, а плус тоа и нашиот прв центар по повредата на Билбија, Ристе Стојанов заработи 4 лични грешки и мораше да оди на клупа, така да задачата на Ушкото, Николовски и Перо дополнително се олесни :)... А и последните 4-5 минути, кога веќе беше решен натпреварот, беа пуштени младинците на Овче Поле :smir:

Како и да е, пак ќе кажам, оваа година е Историска за Овче Поле, стигнавме до 1/2 Финале на Купот на Македонија каде можевме и во финале, но бевме оштетени, али ЈБГ било-поминало... и во 1/2 Финале на Првенството каде изгубивме од поквалитетен тим и тим кој можеби е и фаворит за освојување на титулата :helou:

Се надевам дека другата година ќе се опорави Билбија, и да се доведат квалитетни замени за Михајловски и Караџов, и сезоната да ни биде исполнета со успеси и некое трофејче, по можност од Купот (нормално доколку нешто се изменат работите во позитивна насока па да атакуваме и на освојување на Првенстовото) :)
 
Член од
30 декември 2009
Мислења
92
Поени од реакции
3
Светиниколчани,пишете некоја новост за клубот,засилувања,припреми,ве снема нешто
 
Член од
9 јануари 2009
Мислења
235
Поени од реакции
0
Zimate po jaki zasiluvanja bidejki FENI a zavali i vtorata pe4ka :D :D :D
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.926
Поени од реакции
8.803
не се знае дали ќе има кошарка оваа сезона во Св.Николе, сите молчат, нема новости!!!
 

Гробар Мкд

Не дамо Титулу !!!
Член од
19 ноември 2008
Мислења
5.335
Поени од реакции
1.442
Неофицијално, и другата година Овче Поле ќе биде дел од Првата Македонска Кошаркарска Лига со доста големи измени во составот кој беше претходната година... сега за сега толку, кога ќе биде официјално ќе пишам повеќе :helou:
 

Гробар Мкд

Не дамо Титулу !!!
Член од
19 ноември 2008
Мислења
5.335
Поени од реакции
1.442
Неофицијално Врбица Стефанов и браќата Боцевски се новите играчи на Овче Поле, во преговори се уште и со Ефтим Богоев и двајца екстра играчи (едниот е Војдан, а за другиот ќе останам нем) :vozbud:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom