- Член од
- 30 јануари 2005
- Мислења
- 7.397
- Поени од реакции
- 1.308
Exactly.Да, луѓето се менуваат. Што сами, што затоа шо некој друг сака. Особено ако дале ветување. Ветениот збор не го кршат, и поради него се мењаат инстантно. Нели е така?
Не, не е.
Уште ко дете, додека го градиш примарниот идентитет, во тебе се врежуваат шеми на однесување, кои е скоро невозможно да ги промениш. Како проаѓаат годините, тие шеми просто се бетонираат, па никакво ветување или туѓа воља, не ги мења. Не залудно се вика, од себе не можеш да побегнеш.
Затоа е скоро смешно кога се обидуваме да мењаме некој друг. Не може да се натераме тоа сами да го направиме, али другите, о да, секако ќе ги промениме по наш мерак.
И колку и да звучи излитено, ако нешто може да внесе промена, онда тоа е љубовта (и не мислам само на партнерската, туку во еден поширок контекст). Ама, за жал, таква љубов, животворна љубов, е многу тешко и да дадеш и да примиш. Егоизмот, зависта, гневот, разочарувањето и сл. некако многу полесно ги користиме.
Откако родителите ќе те сјебат како дете со тоа што те тепале без потреба, или шо и да е кај што згрешиле, (а згрешиле, не бери гајле) ти веќе си изградил еден начин на функционирање. Кога ќе дојде време за да бидеш нечиј дечко, драг Гладиус, девојката од тебе ќе го добие тоа кое веќе е “забетонирано“ па колку и да се трудиш да користиш бормашина, ѕидот може да го изгравираш некако грдо, но плочата ќе си остане бетонска.
Навиката стекната во детски години е вечна, може само да бегаме од неа повремено, нема да се скриеме.