Ова е Република Македонија!

  • Креатор на темата Креатор на темата Bratot
  • Време на започнување Време на започнување

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Веб-сајт
www.macedonianspark.com
Се' попровидна е реториката на Грција која се базира на создавање виртуелни непријатели и проблеми

Република Македонија, која по распадот на СФРЈ се здоби со независност, во изминатите 17 години, на патот на своето опстојување и етаблирање како држава, се соочи со голем број пречки и тешкотии, при што вложуваше големи напори да си обезбеди свое место на меѓународната сцена. Но, неизбришлив е впечатокот дека на секој чекор по овој пат полн со трње, Македонија неизбежно се судираше со пречката наречена Грција. Со други зборови, Грција со помош на меѓународната заедница како да и' стана судбина на Македонија.

Така, во спорот околу името, Грција и натаму е упорна во својата заложба да не дозволи Република Македонија со светот да комуницира со нејзиното уставно име, што е парадокс и преседан во меѓународните односи. Оваа заложба на нашиот јужен сосед не завршува само со неприфаќањето на уставното име на нашата држава, туку засега длабоко во националното ткиво на македонскиот народ, оспорувајќи го неговиот националниот идентитет. Во таа своја „кауза“, Атина ги употребува сите дозволени и недозволени средства. Еклатантен пример е самитот на НАТО во Букурешт, кога го попречи приемот на Македонија во овој воен сојуз.



Македонија не случајно стана кандидат за прием во НАТО и земја-аспирант за прием во ЕУ. Впрочем, водејќи се од тој факт, како и од улогата на Република Македонија, која како земја претставува значаен чинител во стабилизацијата на Балканот, некои земји-членки на ЕУ ги поддржуваат нејзините напори да се интегрира со евроатлантските структури. Во прилог на тоа може да се спомне ставот и изјавата од пред неколку дена на претседателот на Полска Лех Качињски, кој на средбата со македонскиот колега Бранко Црвенковски отворено даде подршка на напорите на нашата земја за интеграција со ЕУ и НАТО. Сепак, со жалење треба да се констатира дека градењето став околу македонското прашање кај земјите-членки на Унијата обично се случува под политички влијанија внатре во ЕУ и во НАТО. Кога сме веќе тука, не е излишно да се потенцира дека Македонија е во подобра позиција во имплементацијата на политичките, па и економските услови за влез во овие структури, визави некои земји кои се примени во Унијата уште пред пет или десет години. На дел од земјите-членки на ЕУ ова им е добро познато, па се залагаат за прием на Македонија.

Грција стана „славна“ и позната по тоа што умее да фингира проблеми без проблем, кои потоа создаваат тензични состојби на меѓународен план. Политичката номенклатура во Атина сигурно дека е свесна за позицијата во која се наоѓа Македонија. Но, таа и понатаму е решена да истрае на својата тврдокорна политика кон нас. Затоа би било преоптимистички да се очекува дека Грција во скора иднина би можела да го промени својот став околу македонското прашање. Зашто, доколку се случи тоа, тогаш ќе се демаскира долгогодишната реторика на грчките политичари, базирана најчесто на виртуелна матрица. Во прилог на тоа може да се посочат примери. Така, Грција долги години кај својата јавност Турција ја прикажува како закана и ја смета за земја-непријател, а Македонија како држава која не постои. Сепак, радува тоа што народот во Грција, иако полека, веќе почнува да реагира на оваа реторика на Атина, чиј лајтмотив е своите соседи да ги прикаже како непријатели, се разбира, виртуелни.

Уште повеќе радува податокот што на овие реакции во Грција се' почесто се вклучат и познати имиња, поранешни дипломати или пензионирани лица од воениот естаблишмент на нашиот јужен сосед. На пример, во неодамна објавената книга „Оставајќи ја униформата“, еден од поранешните команданти на грчката морнарица Андонис Андонијадис отворено признава дека во Грција владее реторика која се темели на лаги и измислици против Турција. Книга предизвика жестоки расправи во Грција. Да потсетиме дека во политичките кругови во Грција се' уште се водат жестоки расправии околу случајот на Григорис Валјанатос, кој деновиве е исклучен од редовите на опозициската партијата ПАСОК само затоа што во централните вести на еден ТВ-канал изјави дека Грција треба да ја признае Македонија под уставното име, повикувајќи и на почитување на правата на македонското малцинство во оваа земја. По ваквиот јавно изнесен став на својот сопартиец, лидерот на ПАСОК, Папандреу, за кого некои кругови и овде во Македонија сметаа дека е попрагматичен политичар наспроти политичката гарнитура на десницата, ја осуди неговата изјава и по кратка постапка го исклучи од партијата. По тој повод, реагираше дури и Хелсиншкиот комитет на Грција, обвинувајќи го Папандреу за популизам, за воведување самоцензура и за превртливост. Значи, кога се во прашање односите меѓу нашата земја и Грција, несомнено е дека тие треба да бидат добрососедски. За жал, од Грција не може да се очекува ваква конструктивност.



Неодамна се случи еден значаен настан кој може да влијае врз иднината на македонско-грчките односи. А тоа е изборот на Барак Обама за претседател на САД. Се поставува прашањето дали ќе се случи пресвртница и евентуално за каква пресвртница станува збор? Факт е дека грчко-македонскиот спор околу името е заглавен. Дали и кога ќе продолжат преговорите е тешко да се претпостави. Но, не е тешко да се претпостави дека одлучувачки фактор за текот на преговорите и признавањето на Македонија под уставното име од страна на Атина во голема мера ќе зависат од ставот на САД, односно нејзиниот нов претседател. Поради тоа, голем дел од јавноста во Македонија е загрижен, бидејќи за време на изборната кампања, грчкото лоби во Америка штедро го помагаше Обама. Па, сосема е нормално да се очекува новиот претседател на САД да се стави на страната на Грците.



Треба да се потсети дека Македонија за краток период измина пат полн со непремостливи пречки и сопки. Како земја која излезе од урнатините на еден друг поредок, по осамостојувањето се соочи со опасни искушенија, па дури и со внатрешен конфликт. Но, и покрај овие искушенија, таа стана пример и модел за мултиетничност и мултиконфесионалност, посебно за своето опкружување, но и пошироко. Овој податок ни дава право да очекуваме дека Македонија ќе истрае на тој пат. Дотолку повеќе што денес веќе не само Македонците, туку заедно со нив и Турците, Албанците и другите етнички заедници веќе покажаа дека заеднички ќе ја водат оваа битка со намера да се стигне до целта. А тоа е воспоставување мир, соработка и добрососедски односи на Балканот и пошироко, како и одлучност за зачувување на овој мултиетнички модел во кој ќе доминира граѓанскиот концепт над националниот. Така, Македонија успешно ќе се одбрани дури и од ваквите наметнати и виртуелни проблеми и спорови од Грција.

Затоа, слободно може да се рече дека дури и по цена Македонија да не биде членка на ЕУ, па дури и по цена Грција да ја добие поддршката на САД во спорот за името, Македонија вечно ќе остане и ќе опстојува како Република Македонија. Од прости причини што ова е Република Македонија, му се допаѓало тоа некому или не.

(Авторот е новинар)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=CFCCE5BA9BCDF14FAA7FA9754921F299
 
Не и можеме ништо на Гејлада иако фактите и аргументите се на наша страна од проста причина што имаме 0 сојузници во Европа а Гејците ги држат ако не сите 25 земји членки тогаш бар 20 од нив во рака.Во меѓународната политика нема правина туку кој има поголемо влијание во Унијата и колку таа од тоа зависи...а од нас не зависи ама воопшто верувај ми.
 
Не и можеме ништо на Гејлада иако фактите и аргументите се на наша страна од проста причина што имаме 0 сојузници во Европа а Гејците ги држат ако не сите 25 земји членки тогаш бар 20 од нив во рака.Во меѓународната политика нема правина туку кој има поголемо влијание во Унијата и колку таа од тоа зависи...а од нас не зависи ама воопшто верувај ми.

Па и немаме потреба од сојузници за нешто што ни припаѓа природно.:toe:
 
Па и немаме потреба од сојузници за нешто што ни припаѓа природно.:toe:

Не се работи дали ни припаѓа или не туку се работи за притисок,лобирање и пријателство со земјите членки на ЕУ,а Грујо со сите не испокара,мат и маскара не направи шо би рекол Пејо :)
 
Не се работи дали ни припаѓа или не туку се работи за притисок,лобирање и пријателство со земјите членки на ЕУ,а Грујо со сите не испокара,мат и маскара не направи шо би рекол Пејо :)


Со никого се нема скарано, не туку трескај глупости.

Тоа што ЕУ дипломатите сакаат да го решат спорот со нас по линија на помал отпор, е друга работа.
 
Со никого се нема скарано, не туку трескај глупости.


Срамна недела
Тамара Грнчароска


Заврши посетата на македонските политичари на 63. Генерално собрание на ОН. На наша среќа, но малку предоцна. Она што се случуваше на релација Скопје - Њујорк изминатава недела е срам за државата, кој е добро што конечно заврши. Сега уште да се заборави.

Премиерот Никола Груевски од Скопје и претседателот Бранко Црвенковски од Њујорк, потпомогнати од министерот за надворешни работи Антонио Милошоски, изминатава недела на целиот свет му покажаа колку сме дома раскарани, без единствена државна политика и позиција по клучните национални прашања, без почитување кон самите себе, без срам пред другите, и колку ниско може да паднеме, а притоа „око да не ни трепне“.

Однесувајќи се како раскарана снаа и свекрва, а не како носители на најмоќните и највлијателните функции во една држава, тројцата му го покажаа на светот грдото лице на македонската политичка реалност олицетворено во суетите и ароганцијата на нејзиниот врв.

И додека целата македонска јавност очекуваше изминатава недела да биде потврда на македонската зрела политика, особено по истекот на годината во која Македонија беше на чело на Генералното собрание, ние (т.е. некои во наше име) единствено успаавме да презентираме само менталитет од балканската крчма преку изјави за медиумите и официјални соопштенија, кои беа под секое ниво на моментот во кој се наоѓа државава.

По расправиите за амбасадорските места, Судскиот совет, усвојувањето на законите, прославите на празниците, цела недела како пинг-понг се следеше караницата меѓу Груевски и Црвенковски, овој пат за тоа кој е надлежен да го реши спорот со името. Груевски од Скопје бараше од Црвенковски во Њујорк да го реши спорот со името, на што добиваше одговор „да се смири“.

Милошоски како колатерална штета на караницата - во Њујорк со претседателот, а под контрола на премиерот - не успеа да се амнестира од сето тоа, па и тој се вклучи во срамот, повторувајќи ги од Обединетите нации зборовите на шефот на Владата.

Неделата што се навестуваше и се очекуваше како клучна во преговорите за спорот со името со Грција и која требаше да се искористи да се потврди „предноста“ во наша корист по последниот предлог на медијаторот од ОН, Метју Нимиц, ние всушност ја искористивме да ги збуниме сите, па дури и Атина, која, вообичаено, е резистентна на нашето однесување.

Ги збунивме со тоа што покажавме дека тоа прашање во суштина и не било толку битно и претставува параван за личните фрустрации на политичарите, што грчките претставници не се ни потрудија да не коментираат. Ќе чекаат самите да си ја ископаме дупката. Класика.

На медијаторот, пак, наместо некаков одговор на неговиот последен предлог за решение, му ја потврдивме функцијата посредник, но овој пат не меѓу Грција и нас, туку меѓу Груевски и Црвенковски. Нимиц како потврден дипломат успеа да го направи она што на македонскиот претседател, премиер и шеф на дипломатијата не им успеа - да ја намалат тензијата и личната нетрпеливост и да покажат, барем привремено, заемна функционалност, во име на Македонија.

Нимиц ја кажа реченицата која им недостига на нашите претставници во нивното докажување на својата политичка зрелост: „И покрај разногласието меѓу македонските претставници за одредени прашања, властите во Скопје имаат усогласен став за името“. Жално е што тие можеби не ја сфатија пораката и лекцијата која со таа изјава им ја одржа Нимиц.

И сега, кога се' се заврши, може да здивнеме со олеснување дека државниот врв се прибра дома и може да продолжи да се кара без да не' резили пред светот. Но, искушенија не престануваат. За десетина дена, како што се најавува, медијаторот треба да предложи решение за името. Знае ли двоецот што ја води државата како ќе одговори или тогаш ќе им треба медијатор да ги усогласат ставовите за иднината на оваа земја и нејзините граѓани.
 
Офф топик:

Зачестена е употребата на целосното име „Република Македонија (Republic of Macedonia)“. Се во ред, тоа е и нашето целосно уставно име. Проблемот (ако може да се нарече таков, го согледувам во следната реченица:

„Неколкуте земји на балканот како Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина, Република Македонија, Бугарија и Турција...“

Можеби не е ништо но сепак според мене (не дека на некој му е гајле) во горенаведената реченица не треба да стои „Република Македонија“, туку „Македонија“, бидејки сите други земји се наведени со својата кратка форма.

Со други зборови Македонија=Република Македонија и треба да се користи соодветната форма во соодветни реченици, бидејки вака ми изгледа како да не местат како да сме под „Р“.

Незнам сепак оваа е моја гледна точка.
 
Крајниот одговор е дека Грците имаат силна поддршка од ЕУ за разлика од нас па затоа потребно е и те како лобирањето и создавање државни пријатели наспроти плукањето по критиките од Брисел и ЕУ претставниците мислам и другите форумџии ќе се сложат со мојот став.
 
ЕУ го кажа својот став по македонското прашање во Лисабон пред 15 години -- исцело на страната на Грција -- и ние таму нема што да бараме.

Ниту пак тие имаат што да бараат од нас, прибидејќи се надвор од секакви цивилизирани рамки.

Можеме само да цицаме некои фондови од ЕУ во меѓувреме бидејќи ЕУ е социо-комунистичка творба - и на тоа се сведува работата. Се додека Грција има во ЕУ право на вето, сулудо е да се повинуваме на политиката на СДСМ за ЕУ.

А сојузници треба секогаш да се бараат, во секоја прилика, така што откривање топла вода не ти помага.
 
ЕУ го кажа својот став по македонското прашање во Лисабон пред 15 години -- исцело на страната на Грција -- и ние таму нема што да бараме.

Ниту пак тие имаат што да бараат од нас, прибидејќи се надвор од секакви цивилизирани рамки.

Можеме само да цицаме некои фондови од ЕУ во меѓувреме бидејќи ЕУ е социо-комунистичка творба - и на тоа се сведува работата. Се додека Грција има во ЕУ право на вето, сулудо е да се повинуваме на политиката на СДСМ за ЕУ.

А сојузници треба секогаш да се бараат, во секоја прилика, така што откривање топла вода не помага.

Mисиру, да те опитам пријателски, ти кај си? Во која држава живееш?
 
треба да продолжиме да се прајме будали
и да се трудиме да влезиме во европа и нато
до кога???
да влезиш во сојуз со душманот
да му ги отвориш границите и да ти прај шо сака
не ни е нас проблем грција
проблемот го имаме внатре
да се трудиме тоа прво да го средиме

а за гејласите лесно е
игнор
 
Крајниот одговор е дека Грците имаат силна поддршка од ЕУ за разлика од нас па затоа потребно е и те како лобирањето и создавање државни пријатели наспроти плукањето по критиките од Брисел и ЕУ претставниците мислам и другите форумџии ќе се сложат со мојот став.

Па така е, ама кога не не сакаат ќе треба да ги критикуваме. Што ќе се прави, немоќни сме.
 
Офф топик:

Зачестена е употребата на целосното име „Република Македонија (Republic of Macedonia)“. Се во ред, тоа е и нашето целосно уставно име. Проблемот (ако може да се нарече таков, го согледувам во следната реченица:

„Неколкуте земји на балканот како Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина, Република Македонија, Бугарија и Турција...“

Можеби не е ништо но сепак според мене (не дека на некој му е гајле) во горенаведената реченица не треба да стои „Република Македонија“, туку „Македонија“, бидејки сите други земји се наведени со својата кратка форма.

Со други зборови Македонија=Република Македонија и треба да се користи соодветната форма во соодветни реченици, бидејки вака ми изгледа како да не местат како да сме под „Р“.

Незнам сепак оваа е моја гледна точка.

Ovoj del od Makedonija e nezavisna i suverena Republika.Ova ne e cela Makedonija i NE SMEE da bide tretirana kako takva.
 
Mисиру, да те опитам пријателски, ти кај си? Во која држава живееш?
љоч ,имаш уште муабет ??
после ова шо го кажа?
Цитат:
Напишано од ace_svaba
новости нешто има?
како се повредените? Што им е? фатија некого? приведоа?


Го убија Зоран Марковски...пак!

*omg, they killed Kenny*
__________________
-=- I love how someone links a picture of a woman with a penis and it turns into a discussion about monitor resolution -=-
-=- I see dead people everytime I feel disrespected..-=-
-=- You know what oral sex is? She screams screw you, and I say bite me! -=-
They say pussy and paper is poetry power and pistols - If i Die Tonight
http://miloshevic.blogspot.com/
 
Ovoj del od Makedonija e nezavisna i suverena Republika.Ova ne e cela Makedonija i NE SMEE da bide tretirana kako takva.

Не така! :nenene:
Според оваа теорија Гејците може да кажат „Бидете Северна Македонија или пак Вардарска Македонија“...

Република е само уредувањето... може да е Демократска Република Македонија ... но сепак е МАКЕДОНИЈА а тоа другото е само уредувањето... (може и Империја Македонија :pos2:)

Незнам дали ме разбираш?
 
Back
На врв Bottom