Скопски фестивал 2009 - одбери го твојот победник (анкета)

Победник на Евросонг!

  • Сленг – Генгста оро

    Гласови: 127 48,3%
  • Ристо Самарџиев feat. Зоран Џорлев – 103 бели лебеди

    Гласови: 14 5,3%
  • Next Time - Нешто што ќе остане

    Гласови: 29 11,0%
  • Проект Македонија – Помалку наивно

    Гласови: 10 3,8%
  • Рок Агресори - Динг донг

    Гласови: 20 7,6%
  • Даниел – Сила на љубовта

    Гласови: 2 0,8%
  • Александар Белов - Застани

    Гласови: 9 3,4%
  • Костадин Папа – За неа постојам

    Гласови: 3 1,1%
  • Влатко Лозаноски - Блиску до мене

    Гласови: 20 7,6%
  • Верче Пандиловска – Северно од мене, јужно од тебе

    Гласови: 0 0,0%
  • Браво Бенд - Девојко

    Гласови: 2 0,8%
  • Влатко Илиевски - Најбогат на свет

    Гласови: 13 4,9%
  • Калиопи & Наум - Рум дум дум

    Гласови: 12 4,6%
  • Кристијан - Нема да зборам

    Гласови: 1 0,4%
  • Дејан Трифуновски - Љубовта доаѓа

    Гласови: 0 0,0%
  • Андријана Јаневска – Дрво без корен

    Гласови: 1 0,4%

  • Вкупно гласачи
    263
Статус
Затворена за нови мислења.

rossoner stefan

Модератор
Член од
5 декември 2007
Мислења
1.770
Поени од реакции
192
Elena ne bese 13-to tuku 10-to. ;)
Togas direkno vlegovme vo finale. :oeoeoe:

Pa Karolina ne morase da se natprevaruva vo polufinale, inace da bese vo polufinale nemase da pomine vo finale. :)

Karolina uspehot na evrovizija go dobi blagodarenie na Elena.
Вака сега.
Елена не беше ни 10 ни 13.Елена беше 12 и таа година не влеговме директно во финале впрочем како никогаш до сега.Наредната година Каролина беше прво во полуфинале па влезе во финале.
Каролина во 2002 во Талин беше 19 место.Во 2007 во полуфинале 9 место во финале 14.Во 2007 кога беше Каролина имаше 43 земји учеснички што значи дека е точна информацијата од Дијаманте.
И друг пат проверете некоја информација не лупајте дека Елена не однела директно во финале.

Инаку песната што ке ја пеат Калиопи и Наум е многу многу многу интересна
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Eте се согласувам со претходниов пост
Елена и Каролина во 2006 и 2007 првин се натпреваруваа во полуфинале, каде Елена зема 10 , Каролина 9 место на полуфиналната вечер
на финалната вечер Елена освои 12. место, Каролина 14. место со оглед на фактот дека таа Евровизија во 2007 настапуваа 43 земји учеснички, рекорден број дотогаш на Евровизија - многу повеќе од кога Елена пееше претходната година
мината година се зголеми уште бројот на земји учеснички, меѓутоа нашите не успееа да се пласираат ни во финале, за жал

Од овогодинешните учесници на Македоснкиот Избор за песна на Евровизија, можам да кажам дека Калиопи и Наум имаат најголемо искуство, песнат сигурно им е весела, меѓутоа јас сум за Александар Белов, ќе видиме во секој случај
 
Член од
3 јули 2008
Мислења
245
Поени од реакции
9
Elena ne bese 13-to tuku 10-to. ;)
Togas direkno vlegovme vo finale. :oeoeoe:

Pa Karolina ne morase da se natprevaruva vo polufinale, inace da bese vo polufinale nemase da pomine vo finale. :)

Karolina uspehot na evrovizija go dobi blagodarenie na Elena.
Си испомешала нешто...
Македонија никогаш на Евровизија не влегла директно во финале, а Елена беше на 12 место!
 

rossoner stefan

Модератор
Член од
5 декември 2007
Мислења
1.770
Поени од реакции
192
Eте се согласувам со претходниов пост
Елена и Каролина во 2006 и 2007 првин се натпреваруваа во полуфинале, каде Елена зема 10 , Каролина 9 место на полуфиналната вечер
на финалната вечер Елена освои 12. место, Каролина 14. место со оглед на фактот дека таа Евровизија во 2007 настапуваа 43 земји учеснички, рекорден број дотогаш на Евровизија - многу повеќе од кога Елена пееше претходната година
мината година се зголеми уште бројот на земји учеснички, меѓутоа нашите не успееа да се пласираат ни во финале, за жал

Од овогодинешните учесници на Македоснкиот Избор за песна на Евровизија, можам да кажам дека Калиопи и Наум имаат најголемо искуство, песнат сигурно им е весела, меѓутоа јас сум за Александар Белов, ќе видиме во секој случај
Дијаманте помисли што ќе се случи ако победи Алекс и не влезе во финале.Ке се врати, нашите стручњаци по мода ке го оцрнат дека се облекол ко вдовец од Шведска стручњаците по пеење дека пеел фалш а ценетите музички експерти дека песната била лоша.Ке падне у депресија и нема ништо да видиме од него.
Најубаво е да има убава песна која после тоа ке биде одлично примена од радио слушателите а него ке му донесе слава.За евровизија има време.
 
Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
Во право е Дијаманте дека Каролина во 2007 имаше подобар пласман од Елена кога ќе се споредат учесниците. Во 2006 имаше 37 учесници, а во 2007 дури 42!
А, кога ќе го вратиме филмот и кога ќе видиме Елена колку фалшираше, тоа кажува се. Ја спаси само просечната песна и прилично добрата кореографија.

Инаку, сите овие 12-тина познати кои се за Скопје 2009, од одма се знае дека влегуваат во финале, и нормално има место уште за едно 3-4 дебитанти кои може да изненадат да се пробијат до кај 6-то место, ама мали се шансите.

Во секој случај, очекувам како лани, да ги пуштат песните 1-2 недели пред фестивалот за да можеме да си одбереме фаворит.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Мала поправка, Каролина кога пееше имаше 43, не 42 земји :pos2:
Иначе Росонер Стефан, се согласувам, во право си, најмногу ќе ми биде жал за Александар тогаш он самиот ќе падне ниско затоа што несакајќи и несвесно високо летнал, одеднаш енормна популарност
Епа не знам, ајде ќе видиме од песните
 
Член од
24 ноември 2008
Мислења
34
Поени од реакции
0
Не знам што се расправате за глупости кога сите наши претставници кои влегоа во финале имаа ист пласман оти истите земји ги гласаа сите горедолу исто само што пласманот се разликуваше во зависност од тоа како беа гласани другите земји.
Инаку Елена го делеше 12 и 13 место со Северина и доколку директно во финале влезеа 12 земји во тој случај ќе влезеше Хрватска оти тие имаа една 12ка а ние намавме ниту една.Али у секој случај не гледам никаква разлика во нашите досегашни претставувања освен во тоа кој како испеа и кој колку трема имаше останато беше исто никој не воодушеви никога и мораме со тоа да бидеме реални.
 
Член од
23 јули 2007
Мислења
115
Поени од реакции
0
Што мислите кој ке се пријави?
Јас мислам дека ке биде Геј Геј во комбинација со уште 2ца минимум.
Онаа Ева ке биде.
Деана сигурно (сирото девојче колку е лоша само)
Ламбе по четврти пат ке проба
Не е чудо Елена пак да проба.
Повеќето ке бидат некои пејачи кои вадат една песна на 2 години и аматери.
Конечен резултат... Па како и секогаш....
Ej od tie sto gi kaza ni polovina nema da peat, od tie ke pee samo Lambe, i na ovaa Makedonska Evrovizija poveke ke bidat debitanti...kako st se Next Time, Vlatko Lozanovski, Ana simonovska itn..:nenene:
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Е добро де. Се сум утнал еее аман па не сум Нострадамус.
 
Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
Значи, не оваа, наредната сабота на 7.2 на МТВ ќе има „специјална“ емисија каде сите пејачи се обврзани да присуствуваат, т.е. ќе се одржи ждрепка за редоследот на песните.
Се надевам дека како и лани што имаше во тогашната специјална емисија ќе пуштат по мал дел од секоја песна.
 

M@We4kA

Loading . . .
Член од
26 јуни 2007
Мислења
559
Поени од реакции
5
Да бидеме позитивни, само еден може да победи

Во пресрет на националниот Избор за песна на Евровизија, кој годинава ќе се одржи на 19, 20 и 21 февруари, со Гордана Андрашевска, Шеф на македонска евровизиска делегација, која последниве неколку години беше дел од нашиот евровизиски тим, се обидовме да одговориме на прашањата врзани за самиот избор, за очекувањата, песните, скандалите..., но и за евентуалните фаворити, кои неминовно се наметнуваат пред секој натпревар...

Ако се изземе учеството на Калиопи во евровизиските претквалификации, за кои во 1996-та година не знаевме речиси ништо, годинава Македонија на Евровизија учествува по 9-ти пат. Нашата евровизиска одисеја започна пред 11 години, кога Владо Јаневски во Бирминген настапи со Не зори зоро, освојувајќи го 19-то место. Две години подоцна ХХЛ со 100% те љубам за четири места остварија подобар пласман од Владо...

Во 2002 година Каролина Гочева настапи со баладата Од нас зависи, и се најде на 19-та позиција. Тоше Проески пееше на Евросонг 2004, со англиската верзија на Ангел си ти – Life, и беше 14-ти.

Следната, 2005-та година Мартин Вучиќ се претстави со Make my day, и беше 17-ти, додека во 2006-та Елена Ристеска со Нинанајна беше 12-та, што за сега важи за нашиот најдобар пласман на Евровизија.

Својата втора евровизиска шанса Каролина Гочева ја доби во 2007-ма година, кога пеејќи ја Мојот свет беше 14-та, а лани, на Тамара, Врчак и Адријан Гаџа со трендовска тема Во име на љубовта за влакно им избега евровизиското финале во Белград, бидејќи на второто полуфинале беа десети според гласовите од телевоутинг, што не беше доволно за понатамошното натпреварување, оти во финалето, според новите правила, влегуваа деветмина со најмногу телефонски гласови и еден, според одлука од жирито.

Чекајќи го 21-ви февруари, кога ќе дознаеме кој ќе не претставува на Евросонг 2009, кој годинава се одржува во Москва, традиционално можеме да констатираме дека Евровизија повторно и го крева адреналинот на нацијата – сеедно дали заради неа се сплотуваме, како во годината кога сите застанавме зад Тоше, или се караме, како што беше случај во неколку наврати пред и после тоа.

Со верување дека скандалите се зад нас, во разговорот со актуелниот Шеф на нашата евровизиска делегација Гордана Андрашевска допревме многу теми, уверени дека годинава имаме кормилар кој ја знае стратегијата и има рецепт за добар пласман во Москва...

Како нов шеф на македонската евровизиска делегација, во едно време-невреме, особено за државната телевизија, која е носител на проектот, со каква мисла, планови и очекувања влегувате во Избор за национален Евросонг? Ова особено ве прашувам бидејќи секој домашен избор го следеа озборувања, шпекулации и скандали...

Точно е тоа дека ова се тешки времиња за државната телевизија. Но, за среќа работите тргнуваат на подобро и ние веруваме дека наскоро повторнo ќе можеме да застанеме на здрави нозе. Познато е дека МРТ како членка на ЕБУ единствено има право да го организира Националниот избор во нашата земја. Ние сметаме дека треба да го искористиме тоа право, без оглед колку е тешка состојбата во МРТ, и да и овозможиме на Македонија да биде присутна таму каде што се присутни уште 42 земји од Европа, а тоа сепак не е мала бројка. Сакаме да му овозможиме на нашиот претставник да почувствува што значи да се натпреварува на еден ваков познат и популарен музички фестивал, а притоа да ги брани боите на својата земја. Нашите планови се да организираме достојно претставување на македонската песна во Москва и ќе направиме сe што е во рамките на нашите можности да го реализираме тоа успешно.

Од кои причини годинава, кога МРТВ е во можеби најтешката финансиска положба во својата историја, Изборот место една вечер трае три вечери – две полуфинални и една финална програма? Дали квалитетот на пристигнатите композиции беше пресуден за ваква одлука – 32 песни да бидат изведени во две вечери?

Не, првин ја донесовме одлуката да го смениме форматот оваа година и да имаме две полуфинални и една финална вечер, а потоа го распишавме конкурсот. За 32 песни се одлучивме најмногу заради тоа што на тој начин ќе им дадеме можност на што поголем број автори да земат учество и да се натпреваруваат рамноправно со своите композиции. Со еден збор, Евросонг да биде подостапен за повеќе автори, а со тоа, и за повеќе изведувачи. Ако направиме споредба со другите земји учеснички на Евросонг, секоја од нив својот претставник го избира на различен начин: годинава некои земји првин го избраа изведувачот, а потоа песната (Турција, Холандија и Грција), некои имаат неколку полуфинални и една финална вечер, а некои, пак, одат дури во долги селекциони процеси, како што е Бугарија која со изборот започна уште во септември, а ќе заврши на крајот од февруари. Значи, Македонија во тој поглед е некаде на средината, како во однос на должината на самиот селекционен процес, така и по бројот на песните, ни премалку ни премногу.

Бидејќи секоја година домашниот евровизиски буџет беше јавно соопштуван по медиумите, се знае ли колку годинава ќе бидат издвоени средствата за домашниот избор и за престојот во Москва? Поучени од ланските проблеми врзани за финансирањето на евровизискиот тим, имате ли ветување од надлежните дека такво нешто нема да се повтори?


Евросонг е навистина скап проект и финансиите се проблем секоја година. Навистина е многу убаво, да не речам идеално, да не мора да се грижите за финансиите и да му се посветите само на организирањето на проектот. Тогаш, се разбира, и успехот ќе биде поголем. Но нашата куќа прави навистина големи напори да се обезбедат потребните средства. Ние најискрено сакаме да веруваме дека годинава нема да изостане финансиската поддршка и од институциите во државава, пред се поради фактот дека ова е сепак проект од национален интерес. Морам да потенцирам дека во текот на целиот евровизиски настан во земјата во која се организира Евросонг, нам никој никогаш не ни се обраќа како претставници на МРТ. Ние таму ја претставуваме Македонија.

Неполн месец пред националниот Евросонг, можеме ли да откриеме каков звук ќе преовладува во песните? Што се ќе има прилика да слушне публиката во Универзалната сала, меѓу 19-ти и 21- февруари? И, дали барем рефрените на песните ќе може да ги слушне широкиот аудиториум и пред официјалниот старт на манифестацијата?

Па, тоа не е тајна. Еве, ќе откриеме дека годинава публиката во Универзална сала, како и гледачите на Македонската телевизија и слушателите на Македонското радио ќе имаат можност да слушаат рок, поп, поп-фолк, ар-ен-би, балади, фанк... Има итересни композиции за сите вкусови. А со цел да ја запознаеме јавноста со песните, десетина дена пред Фестивалот ќе и овозможиме да ги слуша рефрените од композициите на програмите на ТВ и радио-станиците во нашата држава.

Она што прво се забележува кај списокот на изведувачите е голем број на дебитанти и имиња со многу мал естраден бекграунд. Што беше пресудно за една ваква одлука – недоволни пријавени големи имиња, или стратегија – скриен адут во непознатото?

Тоа не беше посебна одлука или стратегија. Точно е, има доста дебитанти. Но има и пејачи и групи кои што и се познати на нашата јавност, како и проверени музички имиња. Нема да издвојам никого посебно, бидејќи за мене сите тие се рамноправни изведувачи кои ја добиле можноста од авторите да ги исполнуваат нивните композиции во натпреварот за избор на најдобра песна. Значи, авторите на композициите ги одбраа изведувачите. Можеби на списокот има имиња кои немаат богат естраден бекграунд, но има момчиња и девојки со извонредни вокални квалитети на кои, според оценката на авторите, треба да им се даде шанса. Затоа ова нека им биде една убава можност да покажат што умеат, но и да го збогатат своето естрадно искуство.

Ви фалат ли, емотивно, годинава како изведувачи имиња како што се Биба Додева, Владо Јаневски, Ламбе Алабаковски, Александра Пилева... Сметате ли дека тоа што ги нема можеби е производ на шпекулациите дека секоја година, уште пред Изборот, се знае името на победникот?

Конкурсот беше отворен за сите државјани на Македонија. Сите автори и изведувачи беа добредојдени сега и ќе бидат и во иднина, без оглед на сите шпекулации што досега кружеле во јавноста. Можеби годинава изостанале изведувачките имиња што ги наведувате, што не значи дека ќе ги немаме в година нив или некои други. Да, убаво би било да се охрабрат да учествуваат сите добри и познати пејачки имиња, и да го сфатат ова како еден натпревар. Впрочем, само еден може да победи.

Можеби е неблагодарно да ве прашам, но каде мислите дека публиката ќе го бара својот фаворит – меѓу оние, медиски најпопуларни, или ќе се реши за тој што има најдобра песна?

Следејќи ги изјавите и коментарите на дел од публиката, претежно помладата публика, очигледно е дека се врзуваат за својот миленик уште пред да ги слушнат песните и тука и ќе го бараат својот фаворит. Најреално би било да гласаат за најдобрата песна, зашто тоа е целта на натпреварот, избираме песна за Евровизија.

Со оглед на фактот дека при гласање преку телевоутинг најмногу гласа помладата популација, можеме ли да констатираме дека нивен фаворит ќе биде оној кој е во тој момент медиски најпопуларен?


Може да се каже дека е така. Младите се неприкосновени во фаворизирањето на својот миленик. Верувам дека ќе гласаат за оној изведувач кој, според нив, има најдобар вокал или има харизма. Во моментов во државава имаме неколку имиња кои се многу популарни кај младата публика. За кој од нив ќе гласаат најмногу, ќе покаже телевоутингот на 21 февруари.Дали заради тоа за победникот рамноправно ќе одлучува и жири-комисијата, која на некој начин ќе и биде корекција на евентуалната лоша одлука од публиката?

Токму од таа причина ние го применуваме принципот во кој жирито и телевоутинг одлучуваат за најдобрата песна во однос 50 - 50, исто како што ЕБУ почна да го применува од 2008 на Детскиот Евросонг, а од годинава и во Финалето на Евросонг. Сметаме дека тоа е најреалниот начин.

Колку членови ќе има жири-комисијата, и дали и кога ќе се знаат имињата на членовите кои ќе гласаат јавно?

Жири комисијата ќе брои 12 членови и тие своите гласови ќе ги соопштат јавно откако ќе бидат ислушани сите композиции. Од разбирливи причини, имињата на членовите од жири комисијата нема да бидат објавени пред Фестивалот.

Што, според вас, за Македонија би претставувало реален успех на Евросонг во Москва?

Следејќи ја оваа манифестација одблизу веќе неколку години, без пристрасност можам да кажам, од она што сум го слушала на Евросонг, дека нашите претставници воопшто не заостануваат во однос на вокалните квалитети зад претставниците од другите земји. Со добра песна, добар вокал и се разбира солидна изведба реален успех би бил да влеземе во финалето.

Можете ли, како Шеф на делегацијата, да се заложите државата посериозно да го сфати нашето учество на оваа манифестација? Особено мислам во делот на финансиите...

Тоа беше моја заложба и кога не бев Шеф на делагација. Но, сега имам и можност и инструменти да го правам тоа и сесрдно се залагам и апелирам нашата држава, релевантните институции да застанат зад овој проект, да му се придаде соодветна важност и да ја поддржат МРТ во организацијата на овој популарен музички настан, како дел од културното претставување на нашата земја во Европа.

За да музичката Европа најдобро не прифати, што, според вас, треба да се направи – да се снимат повеќе јазични верзии на песните, да се направи скап видео-спот, да се испромовира песната во што поголем број земји, да се има добра кореографија, костуми, сцена...?

За да не прифати Европа треба да имаме, пред се, интересна песна, нешто што ќе го привлече нивното внимание, што нема да биде стереотипно и веќе видено. Сметам дека е доволно да се направат две јазични верзии, освен оригиналната на македонски, односно на англиски и на земјата домаќин, конкретно на руски. Промоцијата во другите земји може да биде корисна, но не и пресудна. Има земји кои направиле скапи промотивни кампањи, ја прошетале половина Европа, а сепак нивните пејачи не успеале да влезат во финалето. Освен изведбата која е примарна, мошне важен е и сценскиот настап комплетно, зашто токму тоа е она што ќе го слушне и види Европа вечерта кога ќе треба да гласа. Ако добрата изведба биде надополнета со кореографија и гардероба што ќе бидат соодветно ускладени со она што го бара песната, ако сето тоа биде спакувано добро, ќе имаме можност да бидеме и добро прифатени.

Домашниот Избор секоја година го следеа скандали. Што е потребно да смениме во кодот за да нема такво нешто? Каде грешиме?
 

M@We4kA

Loading . . .
Член од
26 јуни 2007
Мислења
559
Поени од реакции
5
За да се избегнат скандалите што го следеле домашниот избор, неопходни се, пред се, транспарентност, професионалност и чесност во работата во текот на целиот Национален избор. Во таа смисла, потребно е да се подигне свеста кај сите инволвирани страни да се однесуваат фер и пријателски, почнувајќи од организаторот, потоа авторите и изведувачите, и се разбира претставниците на медиумите. Секој од нас треба да се воздржува од навреди и скандали. Потребно е да создадеме позитивна атмосфера, зашто ние имаме заедничка цел - а тоа е: најдобро можно претставување на Македонија. Ние мора да сфатиме дека треба сите безрезервно да го поддржиме претставникот што ќе биде избран. Јасно е дека секој има свој фаворит, но кога мнозинството од публиката и од жирито ќе избере една песна, тогаш треба сите да застанеме зад изведувачот на таа песна. Тој во Москва нема да ги претставува само своите фанови, својот дел од публиката, туку цела Македонија.

Сметате ли дека е и грешка што ние постојано ја менуваме нашата Евросонг-делегација. Кога, на пример вам, би ви се пружила можноста три сезони да бидете Шеф на делегација, сигурно би имале многу појасна слика за состојбите, и полесно би можеле да направите стратегија на претставувањето?

Лично сметам дека треба да се задржи еден континуитет на екипата која работи на Евросонг, без оглед на резултатот од претходната година. Можеби во втората година, токму поради евровизиското искуството што ќе го стекнете, ќе имате појасна слика, ќе знаете што се бара, ќе сфатите каде сте погрешиле претходниот пат и што треба да направите следниот пат. Во последниве неколку години тимот кај нас е делумно ист, но се менува Шефот на делегацијата. И тоа не е ништо необично, се случува и во другите земји, иако можеби не толку често. Но има земји во кои Шефот на делегацијата не е сменет повеќе од 15-тина години, дури и кога доживеале тотален неуспех и не успеале да влезат во финалето. Токму тоа е предизвик за разработка на нова и подобра стратегија.

Македонија во 2009-та по девети пат учествува во Избор за песна на Евровизија. Според вас, кога најподготвени истрчавме пред Европа?

Навистина би било неблагодарно да се издвои некоја година посебно. Ние како организатор на Изборот секоја година му пристапуваме на овој проект со иста сериозност и посветеност. Ако се суди според резултатите, највисок пласман освоивме со Елена, но не помалку беше впечатливо и запаметено и претставувањето на Тоше, или на Каролина, на Мартин...

Имате ли годинава притисок од ланското наше непласирање во финалето на Евросонг во Белград. Што ако и годинава се повтори историјата?

Воопшто не размислуваме така. Тоа што лани не влеговме во финалето, сега не го чувствуваме како притисок. Одиме понатаму. Се разбира, не беше пријатно. Но свесни сме дека ние лани вложивме максимални напори да се претставиме во Белград најдобро што можеме во рамките на нашите можности, особено што беше Белград, и особено што нашите минатогодишни претставници се добро познати на тамошната јавност. Очигледно тоа не беше доволно и Европа реши така. Во финалето се пласираа 20 земји од оние што се натпреваруваа во двете полуфиналиња, но не влегоа 18 земји, меѓу нив и некои кои што имаа скапи промотивни кампањи, скапи спотови и одличен промотивен материјал. Ние не би сакале да мислиме дека ќе се повтори историјата. Не води позитивна мисла и верба. Но исто така треба да бидеме реални дека конкуренцијата е навистина силна. Тука е собран најдобриот музички потенцијал на Европа.

Годинава, до сега, прилично транспарентно го водите целиот процес и одржувате одлична комуникација со медиумите, што го правеа и најголемиот број на ваши претходници, со исклучок на една или две личности кои мислеа дека Изборот е нивна приватна забава. Ќе остане ли вашиот приоритет соработката со медиумите на високо ниво и до крајот на процесот?
Апсолутно, воопшто немам дилема во тоа. Секогаш сум отворена за соработка со медиумите, но на начин кој ќе претставува фер, коректно и објективно известување на јавноста. Ако тоа се почитува, комуникацијата и понатаму може да биде одлична. Сметам дека улогата на медиумите е мошне важна кога се работи за овој настан и можат во голема мера да придонесат за креирање на онаа позитивна атмосфера што ја споменав. Затоа многу внимателно и приоѓам на соработаката со медиумите и досега сум задоволна од нивната коректност во објавувањето на се што е ново и интересно во врска со Евросонг. Апелирам и ги охрабрувам тоа и понатаму да биде така.
Иван Беќковиќ
Теа модерна
 
Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637

Мене ми се чини, или на таблана кај што пиши Macedonia пред тоа има некое ливче што го покрива FYR?
 

M@We4kA

Loading . . .
Член од
26 јуни 2007
Мислења
559
Поени од реакции
5
Генгста оро – дефинитивно најмакедонска песна на националниот Евросонг

Охридската група Сленг деновиве ја достави конечната снимка на својата песна Генгста оро, со која ќе настапи на националниот Евросонг, до одговорните во МРТВ.

Генгста оро авторски ја потпишуваат Даниел Јовески (музика) и Кирил Марин (текст). За сценската интерпретација на темата Генгста оро и оргиналност на самата идеја, на сцената во Универзална ќе бидат задолжени четворицата изведувачи: Cerber (Климент Србиноски), Urban Minds (Наум Размоски и Горан Гулески) и Кирил Марин, кои ќе бидат подржани од двајца статисти заради збогатување на сценскиот настап. Тоа се Јован Куциноски и Бојан Трајчески.

Сигурно многу луѓе се прашуваат зошто името на песната е токму Генгста оро, па еве накратко да објасниме – вели авторот на музиката Даниел Јовески (фото 2), и дополнува: Сакавме песната да биде најмакедоска што до сега е пратена за Избор за песна на Евровизија. Затоа ќе докажеме дека песната и со македонски народни инструменти измиксани во модерен ритам (Gangsta style) ќе биде во светски тренд...


MMM.com.mk
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom