Сречко Катанец го напушта националниот тим по квалификациите

  • Креатор на темата Креатор на темата Ddime
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Значи, имаме проблем. Кој ќе го наследи?
 
Тоа е најмал проблем. Кој и да го наследи верувам дека боље ке ја води репрезентацијата и со срце, а заради лична суета и пари... Идиот!
Едвај чекам да заврши циклусов зашо не можам да го глеам више...
 
Среќен му пат. Само нека замине и да не се враќа повеке тука за фудбал
 
Нека си оди уште од сега,не после квалификациите.Ваква шанса нема да имаме друг пат.А и овие од ФФМ наместо да ги мотивираат....
 
И со Катанец и без него пак ќе бидат истите резултати. Така да неговото евентуално заминување не прави разлика. Само да не потсетувам Катанец каква голема плата зима.
 
Тапа е чоеков незнам зошто ... нит се труди да напраи нешто со нашиве нит ништа,сака да победува али со некоја др држава за нашата к** го боли .. така да среќен му пат и никад да не се врати во македонија ќе го памтиме само по лошо .. иначе добра замена мирсад јонуз ! ! !
 
Ја би го ставил Чедо Јаневски. Ем помала плата, а мислам дека е подобар. Колку играчи имаме бе по странство што се првотимци, а никогаш не играле за Македонија.
 
И верувај дека Јанески ќе работи многу подобро од ова гомново овде. И знаеш дека колку толку ја сака Македонија, и ќе се труди да направи нешто, за разлика од ова гомново словенско што го боли кур за нас, и го интересира само платата! НЕКА КРШИ ГЛАВА ДА НЕ ГО ГЛЕДАМ!!!

Ама од друга страна кога ќе ми текне, додека е оваа гарнитура на ФФМ и додека тие кажуваат кој ќе игра а кој не, џабе е се!
 
Вака... Не се согласувам дека Катанец бил претерано лош, зашто сепак имавме извесен напредок во националниот тим, со него на кормилото. Но, минатите квалификации се обврза да нè доведе до третото место во квалификациската група и не успеа. Доби уште една шанса, овој пат да стаса до второто место и не му се пишува добро. НО! Квалификациите уште траат.

Јасно е дека постојат само теоретски шанси да стасаме до второто место, но од чист принцип сметам дека треба да се остави Катанец да ги доврши квалификациите до крај. Сите претходни пати сме го менувале селекторот на сред квалификации, што е далеку полоша пракса. Вака, нека ги заврши квалификациите до крај, па нека си оди, како што и самиот најави.

Зошто? Две причини. Прво, тоа се нарекува професионализам - рекол дека ќе ја води Македонија до крајот на квалификациите и го истрајува тоа до крај. Второ, далеку е подобро новиот селектор што ќе го наследи да почне нов циклус на квалификации од нула, отколку да ги пополнува дупките на концепцијата што другиот селектор ги направил, а со која можеби новиот селектор воопшто нема да се согласува.

Значи, мојот став е ваков: Катанец да ја води Македонија до крајот на квалификациите, па ако не успее да ја доведе Македонија до посакуваното второ место, да си оди. Внимавајте: можно е Македонија сепак да дојде до второто место! Што ако Катанец евентуално успее да ја доведе Македонија до второто место? Зарем тогаш би посакале тој да си оди и би го испратиле со толку погрдни зборови?

Е сега, доколку се гледа дека неуспехот е евидентен, да се почне да се бара следен селектор. Мојот став е дека следниот селектор треба да биде Македонец, а не странец, зашто и со странците и без нив ние правиме толку. Па тогаш да одиме со свои сили и да не даваме премногу пари на странци, кога веќе можеме да поминеме со помали трошоци, а да добиеме исти резултати. Чиста економија.

Според моите пресметки, Македонија има уште 4 натпревари. Тоа се потенцијални 12 поени и плус 3-те што ги имаме, тоа се 15 вкупно поени, а тоа ни *гарантира* второ место во групата. Значи, многу ќе зависи од идниот натпревар што го играме (мислам дека е со Норвешка дома). Ако него го добиеме, сме чекор понапред и можеме да се надеваме на понатамошен успех. А ако не, полека ќе треба да почне да се размислува за смена на селекторот. Но не пред тоа.
 
А што викаш сега да го смениме зашто теоријата постои но се граничи со лудост,за преостанатите утакмици новиот тренер се запознае со играчите и тактиката за да нема експериментирање кога ќе почне новиот циклус :smir:
 
Значи, теоријата постои, сепак. Се граничи со лудост? А што велиш за лудоста наречена губење на натпревар од Андора?
Плус тоа, не знам кој рече на истава тема, но секогаш секој може секого да изненади. Зошто да не се надеваме на позитивно изненадување...

А од принцип не сакам менување на тренерот во текот на квалификациите од проста причина што кога некој на нешто ќе се нафати, треба да го истера до крај. Така и ние: сме се нафатиле со тоа Катанец да ни биде тренер, па да ги истераме овие квалификации до крај. Ако го шутнеме Катанец на сред квалификациите, само ќе испратиме (уште еден) сигнал дека сме несериозни како федерација: од кога ги следам квалификациите на Македонската репрезентација, тренерите се менувале на сред квалификациите или некаде при крајот, а идните тренери повторно не се прославувале.

Во најмала рака, Катанец нека ги истера овие квалификации, за да започнеме на создавање навика на доверба до крајот на циклусот на секој тренер. Во спротивно, не знам кое квалитетно тренерско име би се нафатило да биде тренер на Македонија.

Јасно, ќе кажеме дека не ни требаат странци, туку си имаме свои, но принципот е ист: колку што знам, Канатларовски беше сменет при крајот на квалификацискиот циклус, исто и Јовановски. Не знам како поминале Илиевски и Хаџиевски, а во времето на Дончевски не следев... :smir:

Значи, без разлика на сè, Катанец во моментов е тренер на Македонија. И заслужува максимална поддршка од нас, а никако не заслужува погрдни зборови. Тој секогаш професионално си ја вршел задачата но ете, немаше среќа. На крајот на краиштата, самиот тој рече дека првиот гол на Македонија против Холандија на Градски бил неоправдано поништен, но само затоа што Македонија не е Франција или Англија или Шпанија, туку е послабо рангирана репрезентација, па на Холанѓаните им се дала предност.

Во текот на целото свое тренерствување со Македонскиот национален тим, јас немам ниту една забелешка за Катанец. Можете да кажете дека сум неупатен, но прочитав една изјава дека тој сметал на времето дека 10 години ќе остане на кормилото на Македонија. Сега работите се сменети, но дали мислите дека можеби и јавното мислење (т.е. ние) имало влијание на тоа? Па човекот си мисли „Штом не ме сакаат и ме пцујат, зошто па јас да се трудам и да им давам сè што можам и да им ги водам играчите најдобро што знам? Ќе ги истерам до крај професионално, ама само зашто тоа добо ќе стои во моето резиме, а тие после нека кршат глава.“

Не верувајте дека некој од тренерите што ќе го наследат Катанец многу ќе ја „сака Македонија“. Тоа можеби ќе биде случај ако се работи за домашен тренер и таква иницијатива поддржувам, но немојте да мислите дека љубовта кон државата која се води е предуслов за успех во квалификациите. Треба многу работа, многу пожртвуваност, од сите учесници: тренерот, играчите, управата и навивачите (т.е. ние).

Значи, поентата ми е следна: Катанец ќе ја води Македонија до крајот на овие квалификации. Додека е на таа функција, давајте му ја целата поддршка, а бидејќи се знае дека ќе се смени, почнете со време да барате (и да лобирате, ако треба) за нов тренер.
 
Џабе е,не е крив Катанец за слабите резултати...абе и Мурињо да дојде пак ке сме истите...фудбалерите треба срце да остават на терен,но тие не дават се од себе ..тоа е мое мислење...:smir:
 
Џабе е,не е крив Катанец за слабите резултати...абе и Мурињо да дојде пак ке сме истите...фудбалерите треба срце да остават на терен,но тие не дават се од себе ..тоа е мое мислење...:smir:

Не се согласувам со постов. Треба некој и да ги стегне, да биде со нив колку што може повеќе, да ги контролира. Да има коректен однос со нив, да воведе ред, дисциплина. Да ги запознае убаво, кој како дише, кој во какви ситуации како реагира, од што се фрустрира, за да знае кога да го стави - извади од игра, кога губиме, кога победуваме. Не е баш лесно. Можеш ти да контролираш распашана банда како нашата моментално?
На кој не му се игра, аут, ќе дојде друг што ќе игра со срце за репрезентацијата, барем тој повеќе ќе направи. Тренерот на ватерполо репрезентацијата на Македонија е токму ваков човек и веднаш се позна по нашиот успех на европското. Работата е само да најдеме уште еден ваков човек за фудбал.
Ни треба ваков селектор, ама прашањето е кој?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom