Aко читаш низ темава не си единствен со таков проблем.Богами и јас бев таква депресивна пред некој ден и побарав совет овде.По неколкуте совети кои ми ги делеа јас сфатив дека ништо не е вредно да се замараш.Животот е преубав за да се преоптоваруваш со мали ситници.Знам дека не е секогаш розево околу нас,и овие периоди се стандардна појава кај секој млад човек а богами и кај постар,и може да доведе до полошо.
Мора да ја најдеш причината за тоа чуство во тебе,мора да рaзговараш со најблиските и да се обратиш кај стручно лице доколку и понатаму продолжи да ти се случува истото.Ако е на подолг период тогаш навистина е проблем.
Не ми е јасно зошто се обидуваш сето тоа да го решиш со алкохол?И самиот велиш дека повеке не е тоа тоа нели?монотоност те убива,а можно е и друштвото да не ти одговара.Гледам имаш 18 години,па ти енос ке почнеш да ги учиш лекциите кои ти ги носи животот.Цел живот е пред тебе.
Најди нешто што ке те исполнува,дружи се со некој кој ти оговара на карактерот,кога ке видат позитивна личност во тебе ке видиш дека полесно ке си најдеш и некое рипче