Кајгана психолог

Член од
10 септември 2009
Мислења
142
Поени од реакции
14
На него јасно дека никогаш нема да му простиш. Никој ни не го бара тоа од тебе. Треба да го најдеш тоа што на тебе ти треба. А тој и неговото патење не ти требаат, апсолутно. Во ред е да имаш нерасчистени сметки. Не си сфатила дека на светов има секакви луѓе? Па, има и такви што мозокот ќе ти го разорат, ќе те направат емоционален инвалид, ама они не мислат дека згрешиле нешто. Или може знаат дека згрешиле, ама птичката на нивното раменце, наречена совест изгледа не функционира. Ако си дел од светов мораш да се помириш со тоа. Не е твоја работа да се тупиш со луѓе што грешат и не гледаат дека го направиле тоа. Себични се, па што. Ти жива си после болката? Жива си. Ако си преживеала значи не било толку сериозно. Ако знаеш дека поминало време откако се случило тоа и ти функционираш, значи можеш да живееш со тоа. Само ти бираш дали ќе си ја тупиш главата и ќе му дозволиш на тој некој мочко да си го пуни егото со твојата болка, или ќе бидеш отпорна на неговиот паразитизам. Ако му вратиш, знај дека така ќе му дадеш до знаење дека те боли. А он тоа го чека. Паразит, што сакаш? Ако мислиш дека со некоја работа можеш да му одземеш нешто или да му предизвикаш болка... Тешко. Тој штом со своите грешки си живее како да не се случиле, апсолутно без каење, што мислиш дека можеш да му одземеш? Ако е паразит, што можеш да му одземеш за да го повредиш? Храната! Единствено така ќе му нанесеш болка. Ако твојата болка му е храна на неговото его, единствено тоа може да биде најголемата мака што можеш да му ја создадеш, а воедно и себе да си помогнеш. Не се мачи со болви повеќе, не вредат.
Така е се како што кажа, но сфатив дека проблемот не е во него, туку во мене, дефинитивно јас сум сеуште опседната бидејќи ми значи, не ми е сеедно во врска со него. Ем го презирам за работите што ги направил, ем да не кажам го сакам, а ми значи. Јас сум опседната со него а него ку* не го боли. Јас сум право за на психијатар, ми нема лек.
 
Член од
19 јули 2006
Мислења
3.157
Поени од реакции
129

Не си ти крива, психата ви е таква на 90% жени, трчате по тие што не ве рецкаат и ве понижуваат а им го мавате колецот на тие што се фини и ве сакаат :). Не можеш против тоа дури и да сакаш да се промениш, у ген ви е веќе влезено. Дури и да ти е јасен механизмот зашто е тоа така (а има зашто) ќе го сфаќаш од мозок ама пак ќе те влечат такви типци. И се би било ок кога не би постоел фактот дека со таков тип на долги патеки завршуваш у катастрофа како жена и после нема враќање назад.

Единствено трајно решение би ти било да најдеш тип што ќе те сака (овој не те рецкал очигледно) ама што е доволно интелигентен да те сфати како функционираш па повремено јако да те стресе со ситно скандалче, караница, флерт со колешка итн за никогаш да не помислиш јас овој ќе го врткам и да му го удриш колецот :). Само обично фините машки немаат појма дека и тоа им е битно за успешна врска со жени ко тебе (без лутење скоро сите сте такви :)).

Затоа батали психијатар, нормална женска си само барај тип што искрено те сака а не е мифка, има и такви ако се потрудиш и отвориш широко очи :).
 
Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178
Така е се како што кажа, но сфатив дека проблемот не е во него, туку во мене, дефинитивно јас сум сеуште опседната бидејќи ми значи, не ми е сеедно во врска со него. Ем го презирам за работите што ги направил, ем да не кажам го сакам, а ми значи. Јас сум опседната со него а него ку* не го боли. Јас сум право за на психијатар, ми нема лек.
Оооо па што не кажеш бе дека за дечко се работи? :) Ја мислев некоја другарка ти земала дечко или нешо така, не мислев дека е волку едноставно :) Се шалам. Ама сите сме поминале низ тоа. Зашто јас го сакам а он не приметува, или он не ме сака или он сака друга... Работата не е дека имаш проблем, и не е дека си луда па си за на психијатар, туку си у години кога ти е нормално така да се чувствуваш. Тој ќе ти се свиѓа (или ќе го сакаш како што викаш ти) зашто он не ти обрнува внимание, па ти е интересен. Познато е дека она што не можеме да го имаме ни е попривлечно. Ама, мислам дека наскоро ќе сфатиш дека тој некој е сварно кретен и не те заслужува, малце ќе се освестиш. Па коа ќе му свртиш грб, он ќе потрча по тебе, демек ќе те сака не знам што. И ти или ќе му дадеш шанса и ќе сфатиш дека тој не е тоа што ти треба, па ќе го откачиш, или уште у старт ќе му речеш, батка, таа игра со мене више не ја играш. И хепи енд на крај, ќе си најдеш некој шо ќе ти биде супер, нема да те замара и се ќе биде океј. :)
У секој случај, и да не се сврти по тебе тој некој ден, мислам дека секако ќе дојде тој ден кога ќе сфатиш што вреди што не, за што треба да се замараш, за што не. Те уверувам дека ќе дојде кога тогаш, не се секирај. Само ти бираш по кој пат ќе ги стекнуваш искуствата, иако патот на чувствата често повеќе го избираме, ама така полесно се учи. Тешко некој некогаш научил нешто од туѓи зборови, треба да осети на своја кожа за да стекне искуство за некои работи. И ти ќе ги направиш своите грешки и своите правилни одлуки, се во свое време. Не се секирај само, ќе помине.
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
Така е се како што кажа, но сфатив дека проблемот не е во него, туку во мене, дефинитивно јас сум сеуште опседната бидејќи ми значи, не ми е сеедно во врска со него. Ем го презирам за работите што ги направил, ем да не кажам го сакам, а ми значи. Јас сум опседната со него а него ку* не го боли. Јас сум право за на психијатар, ми нема лек.
Не си за на психијатар, тоа е сигурно ;)

Не ти е јасно како некој што ти велел дека те сака, може да те повреди толку, а потоа да не биде тука за да ти ги лекува раните и да ти биде рамо за плачење.
Како некој со кој си ја замислувала твојата иднина - го нема ни во сегашноста.
Како, човекот кого си го „идеализирала“ и си му пружила се, не е тоа што си мислела.

Нормално е човек да биде разочаран од некоја врска, од некоја друга личност. Нормални се и мислите што ти одат кон него, тоа што сакаш да бидеш пак заедно. Особено ако повторно и повторно се сеќаваш само на убавите работи со него.
Но, помината е подолго време откако не сте заедно, тој е сменет - ти си сменета. Таа врска што сте ја имале, нема да биде иста, никогаш нема да можеш до крај да му го простиш ова. Како ќе се будиш покрај човек за кој си размислувала како да му се одмаздиш, како ќе можеш да му пружиш безусловна љубов на некој што направил да страдаш...

Пред се, мора да му простиш зашто те повредил. Во себе.
Да се ослободиш од мислата дека он те повредил и е одговорен за се. Мораш да имаш на ум дека и он толку знаел, дека и он е човек кој греши и дека не мора да значи дека тоа ти го направил намерно.
Се додека си со таа мисла дека он те повредил - го држиш крај себе и не го пушташ да си замине. И тоа, го држиш најлошиот дел, најнегативниот. Што ти носи само лошо емоции.

И да почнеш да бараш друг. Да, знам дека е лесно да се каже и знам дека треба да се бориш за љубовта, но не секој заслжува да се бориш за него.

Размисли каква иднина би имале кога он би ти се вратил, а каква би имала кога би го заборавила.

Не е лесно да се дава совет на ваков тип проблем без да знаеме што ти се дешавало, како траела врската, како завршила и многу други фактори, и воопшто да даваме совети кога не сме во твоја кожа за да осетиме како ти е тебе, но сепак, потруди се да си најдеш решение кое ќе те направи среќна.

Ако ти треба нбешто - пиши ми пп. :smir:
 
Па баш се е како што кажа на почетокот. И сега сум посреќна без него, ако гледаме објективно, но само во психа ми удира, тоа што не можам да заборавам, и постојано се сеќавам на некои глупости. А можда и е до навиката, бидејќи долг период бевме заедно. Не знам како е што е но го чекам денот коа више нема да се оптоварувам со него.

И фала за постовите, што се обидувате да се чувствувам подобро :) :back:
 
Р

~~РубинРед~~

Гостин
Па баш се е како што кажа на почетокот. И сега сум посреќна без него, ако гледаме објективно, но само во психа ми удира, тоа што не можам да заборавам, и постојано се сеќавам на некои глупости. А можда и е до навиката, бидејќи долг период бевме заедно. Не знам како е што е но го чекам денот коа више нема да се оптоварувам со него.
Нормално дека ке ти удара во психа,се е до навиката,си ги поминувала деновите со него.
Времето ке покаже се а тоа е најдобар лек.
 
Член од
31 јули 2010
Мислења
111
Поени од реакции
23
Дали ви се случило, некој многу да ве повреди, значи ептен да ви згреши... и само да размислувате за тоа како да вратите, да чекате прилика? одамна се случи се, ама не можам да заборавам, не може еден ден да помине а да не помислам на тоа. Се опседнав со тоа дали може да направам нешто за да се одмаздам, постојано мислам на тоа како личноста да пати, како да плати за се, знам дека ништо не можам да направам, но се опседнувам со тоа што се случи и со тоа што не можам да вратам со иста мера или полошо, се оптоварувам со тоа дека ќе помине туку така, без никој да си ги плати грешките, како да заборавам... не можам со месеци трае ова
Нема време за било каква одмазда,нема потреба од губење време за да направите некој да пати.,немаме можност за такви луксузни игри со животот.Едноставно животот на човекот не е вечен си има свој век на траење.Тој период треба да ги искористиме да научиме што повеќе за љубовта на пример.Ете и претходно кажа дека колку и да не те рецка типот ти упорно сакаш да си со него,а од друга страна дадоа совет дека тоа е период во кој сите сме биле и е неизбежен и треба да се помине покрај него да се осети дека тоа што ти го правиш во моментов можеби и не е правилно.Затоа не си го коцкај времето залудно смислувајќи како да му се одмаздиш затоа што ќе се изгубиш себе си,ќе ги изгубиш целите и идеалите што си ги имала претходно.Искористи го секој момент да научиш нешто од твоите искуства да се прилагодиш на денешницава и да ја исцрпеш сета можна среќа и љубов од неа.Заборави на минатото и фрли поглед кон иднината , а дејствувај СЕГА.Немој да останеш на статус кво каде што си сега.Прошетај и барај нова љубов сигурно постои.Па и да не успееш и во неа , не се разочарувај секако си во ќар од уште едно искуство.Хмм па еве да речеме сите ние кажуваме како треба да се однесуваме во однос со љубовта тоа значи дека има одредени правила по кои треба да се придржуваме за да успееме во неа..Епа ако љубовта е "занает" кој треба да го испечеме , тогаш љубовта е единствениот занает кој го добиваме бесплатно(освен трошоци за кафе и поклони хаха).Имаш еден куп лекции надвор и тоа бесплатно само треба МУДРО да ја избереме онаа лекција од која највеќе ќе научиме...Животот е краток затоа фокусирај се на нешто поинакво од ова што ти е мета сега.
 
С

Сибињанин Јанко

Гостин
Мислам дека се само-изолирам од општеството. Избегнувам контакти со луѓе. До пред некое време не бев свесен за тоа. Инаку не сум корисник на никоја социална мрежа(не ни сакам да бидам), освен кајгана но и тука не сум активен. Целиот сум изгубен...ѕидот се крева. Мненија, совети?
 
Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178
Мислам дека се само-изолирам од општеството. Избегнувам контакти со луѓе. До пред некое време не бев свесен за тоа. Инаку не сум корисник на никоја социална мрежа(не ни сакам да бидам), освен кајгана но и тука не сум активен. Целиот сум изгубен...ѕидот се крева. Мненија, совети?
Многу малку информации даваш за себе, за да може било кој да ти даде поконкретен совет во врска со проблемов. Значи, свесен си дека избегнуваш контакти со луѓе. А штом си пишал овде, значи и свесен си дека не треба така. Останати се многу прашања отворени, како на пример, што е со животот? Што ти се случува? Како ти е дома? Девојки? Школо? Друштво? Речиси е сигурно дека проблемот и решението лежи во некоја од овие области што ти го сочинуваат животот. Колку години имаш? Исто така, не даваш ни информација за тоа колку време си затворен? Што чувствуваш? Ако не сакаш контакти со луѓе, најверојатно не би ни сакал да ги споделиш овие информации со нас. Ама овде никој не знае кој си, така да немаш што да изгубиш. Можеби некој ќе даде добар совет или нешто што ќе те замисли и ќе ти отвори некои карти. Нема потреба да ти кажувам дека не е убаво што си се изолирал, затоа што нели, ти тоа и сам го знаеш. Само, прашање е ЗОШТО? Помогни си, поставувај си прашања, давај си одговори. Не си луд, ако тоа ти паднало на памет, во никој случај. Сите имаме периоди кога не сакаме никој да не вознемирува, да бидеме единствени во нашиот свет. Би требало да помине. За жал, не би можела ништо повеќе да ти кажам од ова, зашто многу малку информации имаш дадено... Се надевам наскоро ќе седнеш и ќе пишеш нешто повеќе.
 
Искрено ти препорачувам да посетиш психолог, кој ќе може и знае да ти допре до суштината, зашто го правиш тоа. Овде на форумов, колку и да се трудиме, нема да може да ти помогнеме. Не сакам да те плашам или нешто, но ме загрижија оние работи кои ти ги болдирав.
Можно е да развиваш некоја фобија, или да ти се случило нешто кое ти става граница, да не сакаш да контактираш со луѓе и сл.
Собери храброст и желба, донеси силна одлука и побарај помош.
 
Имам девојка, имам друштво, одам на факултет. По природа сум таинствен и срамежлив, но во последно време губам контрола до степен на нетрпеливост кон другите. Мразам гужви, дешавки со многу луѓе. Ги губам и луѓето околу мене, ги влечам во некој мој свет, им ја земам слободата, ги гушам.
 
831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.982
Поени од реакции
12.610
Искрено ти препорачувам да посетиш психолог, кој ќе може и знае да ти допре до суштината, зашто го правиш тоа. Овде на форумов, колку и да се трудиме, нема да може да ти помогнеме. Не сакам да те плашам или нешто, но ме загрижија оние работи кои ти ги болдирав.
Можно е да развиваш некоја фобија, или да ти се случило нешто кое ти става граница, да не сакаш да контактираш со луѓе и сл.
Собери храброст и желба, донеси силна одлука и побарај помош.
Демек психолозите помагаат, тие не се способни за ништо друго освен за препознавање на проблемот, и не можат ништо друго да ти пружат освен разговор.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.774
Поени од реакции
9.900
Демек психолозите помагаат, тие не се способни за ништо друго освен за препознавање на проблемот, и не можат ништо друго да ти пружат освен разговор.
Добар разговор и совет злато вреди..а што треба да прават психолозите,лоботомија..?
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
Мислам дека се само-изолирам од општеството. Избегнувам контакти со луѓе. До пред некое време не бев свесен за тоа. Инаку не сум корисник на никоја социална мрежа(не ни сакам да бидам), освен кајгана но и тука не сум активен. Целиот сум изгубен...ѕидот се крева. Мненија, совети?
Taман си, секој дошол у твојата ситуација порано или покасно.
Немаш гајле штом си свесен за тоа што ти се случува ќе го дотераш како ти одговара. :)

--- надополнето ---

Добар разговор и совет злато вреди..а што треба да прават психолозите,лоботомија..?
Не ама пари сигурно да
За мене психијатар е ова
 
831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.982
Поени од реакции
12.610
Добар разговор и совет злато вреди..а што треба да прават психолозите,лоботомија..?
Злато вреди, ама не ти треба психолог за тоа, добро, кај некои може да упали зависи од чоеко и маката...обично ќе му препишат куп таблети за да го доутепаат.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom