Здраво кајгана психолог. еве ме мене пак. Ова е единственото место каде можам да се обратам за помош.
Имам голем проблем со мајка ми.Секогаш нешто не и чини кај мене. Секогаш тоа што правам и смета и се противи и секогаш нешто не ја бендисува во врска со мене. НИкогаш ме нема пофалено за ништо и буквално и смета се што правам. Ако не излезам ќе ме труја цела вечер зошто не сум излегол, ако излезам пак ќе ме труја зошто толку рано или зошто толку доцна сум излегол... Ако земам да јадам нешто зошто јадиш тоа зошто не јадиш друго. И поради овие работи често доаѓа до караници. Секој ден се караме. Да не ме сватите погрешно таа не ми забранува ништо не ми забранува да излегувам или да не ми дава пари или да ми дава казни или нешто слично туку ете кажав се што правам не чини, и јас постојано се чудам во што е проблемот. ЈАС сум одличен ученик сите изминати години, не пушам не пијам не се дрогирам не лудувам не сум немирен и слични работи за кои родителите се обично загрижени.Едноставно нема проблем со мене. Не сум самобендисан али што е така е... АЛи сепак нешто не и чини. 16 години го трпам истото па истото секој ден.Сега пред малку пијав нескафе и ми вели ти стварно не си во ред ми вика.На ова време нескафе пијаш. Една вечер не излегов седев дома и ми вели јас те мислев за паметен аама..... Веќе не можам . да имав каде одамна ќе заминев и немаше да живеам тука... Почнувам да мислам дека женана едноставно ме мрази и не ме сака.. незнам што е проблемот со незе. Некогаш и јас губам контрола по малку и и повишувам глас ама не можам веќе ке полудам. дајте некое решение за ова:S ви благодарам поздрав..
Мислам дека проблемов не е нешто посебно голем, ама сфаќам дека иритира и вади од кожа нон стоп нешто да не чиниш. Да речеме дека и јас го иам истиот проблем, се супер сум не пијам не пушам, дрн дрн, одлична во школо и све, ама све не праам добро, све не чини. Ама моите некако се луѓе што едноставно не знаат да погледнат подалеку од нивните носеви па не можат да ме разберат коа им зборам дека не треба така, не разбираат дека не сум ни дете и не сум лош човек. Ама, може мајка ти е различна личност. Знаеш што иам пробано? На пример ќе ми речат зашто во таа чаша, не се става нес во таа чаша. И јас ќе речам во која се става? Као у смисла ако праам погрешно да ме научат. Нареден пат ќе направам во таа чаша што ми рекле. Па нема да можат да ми викнат. Пример за излегување, зашто не сум излегла. Ќе објаснам убаво што е работата, не сме се договориле, не ми се излегува, иам попаметна работа, има некој што не ми се свиѓа во друштвото... Ако сум се вратила покасно, ќе објаснам дека сите останале повеќе дека било интересно и сум сакала уште малце да останам. Така, кога ќе ти рече дека нешто не чини што праиш, прашај ја како треба според неа, само да пазиш да не звучи саркастично зашто обично така го сфаќаат.
А и на крај краева можеш да ја прашаш зашто се правиш погрешно според неа, дека ти си сеа на возраст кога најмногу ти е потребна мајка да те сфати да биде тука, да те пофали да ти каже дека си добар дека се гордее со тебе, наместо само да те критикува. Дека си во фаза на развој кога сега ти е најважно правилно да постапуваат со тебе, зашто од неправилен однос на родителите можеш понатаму да имаш проблеми во смисла, премногу самокритичен, незадоволен, да немаш самодоверба... Тоа се многу важни работи, особено на 16 години кога почнуваш да се оформуваш полека во одреден карактер со особини што ќе ги имаш понатаму. Најмногу од твоите родители зависи во каква личност ќе прераснеш.
Или, уште подобра идеја
На пример, кога одиш негде на подолго време, на пример на одмор, важно неколку дена да не си дома. Можеш да и напишеш писмо со се што ти тежи, се што сакаш да се промени, се што прави да се чувствуваш лошо, и да и објасниш дека многу ја сакаш и дека двајцата би се чувствувале многу попријатно во заедничко друштво ако би ги немало тие работи. Дека се плашиш да споделуваш со неа мислења и искуства зашто се плашиш дека ќе те искритикува. Може идејава со писмово е малце женска, ама можеби пред другите. Ама со родители не веруавам дека така ќе изгледа. Ако не си слободен пред твоите пред кого треба да бидеш ?
Се надевам дека барем нешто придонесов да ти се подобри со советиве. Ај вајда ќе ти се среди
Поздрав.