Земја на информатичари. Стварно?

  • Креатор на темата Креатор на темата back_rest
  • Време на започнување Време на започнување

back_rest

ex mod coder
Член од
19 јули 2006
Мислења
1.590
Поени од реакции
107
Фино е како поим. Футуристички. Идеално за премачкување очи и занесување чиниш оваа технологија од вчера е излезена па ете ние генетски сме гуруа. Па башка пак Министерство за Информатичко Општество, со некое мета-постоење, без некоја конкретна фунцкија и пред се остварени цели. (на страна ваучерите)

Да му почнам по список:

- бесплатни интернет кафеа. Во центар на Скопје. Ауф, промотивно. Џипси групис внатре, си гледаат клипчиња децата на интернет. Нека се радуват, океј.

- Компјутер за секое дете. Набавка на огромен број компјутери, мрежна опрема и дополнителни работи. Се од прилично брзо застарувачка технологија. Башка, не PC структура и ем тоа Linux. Едвај кадарот се обучи да работи на windows, сега некој ќе тераш да администрира линукс машини. Глупости. Резултат: компјутерите чмаат во училиштата, никој не ги користи. И да ги користат, ме занима што прават со нив.

- е-влада, е-образование е-се-друго. Ништо на крај. Целосната ни е-архитектура е катастрофа. Барем пред да почнеме да се занесувам со она е- пред било што, треба да размислиме дали имаме е-администрација. Бирократијата владее, софтверите се катастрофа, ефикасноста е нула. Нестандардизирани процедури, двојни резултати, конфузии, непотизам во државниот софтвер, грешки.

Што требаше, а за што абер нема.

- ФЕИТ и ПМФ. Двата по саглам факултети во МК кои колку толку ги бидува за изучување на ИТ технологиите. Веќе повеќе години се на дното на просветителското постоење. Со минијатурни плати, огромен број на студенти, пренатрупаност, огромна работа, нула време. Неможност за независно одлучување и функцинирање бидејќи се само дел од друг факултет. Прогрес, нула. Еј решение, универзитет за информатика. Абе пак фино звучи, ама на некој паметен му текна дека вака не бива, па ајде го одложија за една година (почеток на крајот).

- Студенти. Ајде ваучерите. Оправдано, добро и крајно потребно. Секоја чест. Јесте да има ќар кај приватните и ќар од данокче и ствари кој 90% ќе се врати, ама сепак, добро е офајдувањето. Ама останатото, катастрофа. Проект кај МИО, официјално промовиран во февруари месец како дел од познатото земја на информатичари. Реализација, нула. Студентите се приморани само да се снаоѓаат како знаат за интернет. Понудите од дистрибутерите се строго за физички лица со постојан престој и на база на договор врзан со локација која не е студентска соба. Заклучок, невозможно. Безжичен пристап, од скоро укинат. Е ајде бе, ИТ студенти, промовираната генерација, живее во студентски дом (настрана условите) отсечен од светот без интернет. Океј бе, ние ќе ги учиме ИТ технологиите офлајн, или во интернет кафеа со 128кбпс пристап. За жалење.
А никако не е. Еден месец работа е, потребни се само средства. Тим од 5-6 студенти ќе ја завршат работата. Бељата е што се е некаде изгубено во политиката. Фак'м.

- средно училиште. Учат една година, информатика, пола година програмирање, изборен (кај повеќето барем училишта кога јас бев средно). Професорите се прича сами за себе. Кој од комунистичка школа шо учеле фортран па потоа неуспешно се префрлиле на паскал, или останатите со завршен технолошки факултет и курс по информатика, па сега се гуруа. За жалење.

Колкуза споредба. Бугарија има навистина развиена широко појасна мрежа која е стварно за завидување. Тие не знаат за слаб интернет пристап, имаат ефтини домашни конекции од по 28мб и повисоки брзини, студентски домови ептен поврзани и што ли уште не. Еј а пазете, немаат кампањи. Ајјј....

Заклучок, демагогија. Редно е стручни лица да се уфрлат во тој сектор, и ако нешто се има намера да се прави, нека се прави, а не само да се демагогира и парите да се трошат на излични ствари.
 
Во повеќето од случаевите се согласувам со тебе, нема што, пост на место и вредна критика. Ама никако да ми помине ова низ прсти...:
непотизам во државниот софтве

Wtf?
 
Да да, ако си запознае со револуционерните софтвери од класата на ПИОМ Клиент и оние новите кои сеуште ги немам видено, станува збор за ефтини третокласно софтвери изградени од лица и фирми кои на многу интересен начин се блиски до владата или нивни службеници.
Можда претерав малце со непотизам (ама сигурен сум дека има) но нефер избор сепак има.
 
Катастрофален подход!
Кампањи реклами демагогии политики!

Премногу запишани студенти на информатички науки, преголеми квоти на државните, никаква контрола врз квотите на приватните.

Ова ќе предизвика и те како проблеми во догледна иднина после 10-20 год.

Македонија е мала земја треба да изгради добра мрежа за да може да се постига голема брзина.

Компјутер за секое дете - лоша идеја.
Министерство за инф. - лоша
 
пред некој ден читав во весник за роуд шоуто во америка и баш забележав дека се фалеле со ова и тогаш го искоментирав истово....
добро, не со потточки ама незнам зошто треба да се чудиме...
имаме влада која сака, море не да сака, обожава кампањи и фрлање на наши пари за фалење... :tapp:
 
Да да, ако си запознае со револуционерните софтвери од класата на ПИОМ Клиент и оние новите кои сеуште ги немам видено, станува збор за ефтини третокласно софтвери изградени од лица и фирми кои на многу интересен начин се блиски до владата или нивни службеници.
Можда претерав малце со непотизам (ама сигурен сум дека има) но нефер избор сепак има.
Сакаш да кажеш дека си малце напизден зашто добрите тендери за развивање на одреден софтвер ги кркаат све некои блиски на Власта?
Хах. Само можам да се насмеам зашто ми е премногу смешно дека се замараш. Не е топла вода, и мало дете знае ама тоа е. Тука живееш и така ќе живееш
 
Сакаш да кажеш дека си малце напизден зашто добрите тендери за развивање на одреден софтвер ги кркаат све некои блиски на Власта?
Хах. Само можам да се насмеам зашто ми е премногу смешно дека се замараш. Не е топла вода, и мало дете знае ама тоа е. Тука живееш и така ќе живееш
Интересно е што потоа сите други клиентски софтвери треба да се прилагодат на нивниот софтвер. Да не речам и компјутери.
Беше тоа едно време кога книговодителите работеа со ефтини компјутерчиња, ефикасен софтвер и се убаво. Сега се појави МППП клиентскиот софтвер кој работи под .НЕТ и кој направи лавина во купувањето на компјутери. За што? За да се тупат другите програмери со двојните податоци (различни) кои ги доставуваат кон институциите и сега пак да се тупат со нов закон кој ќе почне да се користи од први први и кој ќе смене се од корен.
Е затоа се нервирам.
 
Сакаш да кажеш дека си малце напизден зашто добрите тендери за развивање на одреден софтвер ги кркаат све некои блиски на Власта?
Хах. Само можам да се насмеам зашто ми е премногу смешно дека се замараш. Не е топла вода, и мало дете знае ама тоа е. Тука живееш и така ќе живееш

За жал тоа е.

Ама заради такви работи, сега ни пола од училиштата не се каблирани со струја и мрежа. Сите предвидени средства се потрошиле, а работава на пол пат е.
 
фрлање на наши пари за фалење... :tapp:

Не разбирам...Ваучерите според тебе е лошо што ги делат? Бесплатните интернет кафиња е лоша идеја? Бесплатниот интернет е лоша идеја? Или поопшто, спортските сали и олимписки базени, лоша работа?
 
Не разбирам...Ваучерите според тебе е лошо што ги делат? Бесплатните интернет кафиња е лоша идеја? Бесплатниот интернет е лоша идеја? Или поопшто, спортските сали и олимписки базени, лоша работа?
Уште да имаше вакви работи ќе беше супер. Салите што почнаа да ги градат се распаѓаат, од два базена минус три работат. Се на се ни информатика ни спорт ни бутур.
Во денешно време најдобро е кафич-кафана-дискотека да се отвори, една таква убава владина :) барем ќе биде посетувана
 
Уште да имаше вакви работи ќе беше супер. Салите што почнаа да ги градат се распаѓаат, од два базена минус три работат. Се на се ни информатика ни спорт ни бутур.
Море Точкест...досега е изградени 8 целосно, 9тата за месец дена ќе биде отворена...ниедна не е во Скопје освен големата. Базени сеуште нема пошто како што разбрав, тие се проект кој почнува 2009та година.
 
Не разбирам...Ваучерите според тебе е лошо што ги делат? Бесплатните интернет кафиња е лоша идеја? Бесплатниот интернет е лоша идеја? Или поопшто, спортските сали и олимписки базени, лоша работа?
кога цитираш цитирај како што е и не го вади од контекст...
значи ова беше реченицата
имаме влада која сака, море не да сака, обожава кампањи и фрлање на наши пари за фалење... :tapp:
клучниот збор се кампањите... а таа за македонија дека е земја на информатичари е една од поголемите направени досега и се фрлени огромни пари а далеку дека македонија е земја на информатичари :helou:

инаку браво за ваучерите, само што мислам дека немаше за сите апсолвенти, знам имаше проблеми со тоа...

бесплатното интернет кафе во охрид сум го посетил неколку пати

а бесплатниот интернет шо беше преку телефон... еднаш пробав онака чисто експериментално да се уклучам ама нишо... можда еден сат го вртеше тој бројот и нишо... то беше целосен промашај... т.е. за оние кои не знаат можеби велеа браво, еве владава и бесплатен интернет а всушност можеа да се вклучат некои си 500 луѓе во исто време и тоа со дајал ап брзина...
 
За делот во кој спомнуваш за средните школи,за проектите како компјутер за секое дете и сл.те подржувам,односно тврдам како учесник и сведок на сето тоа дека работите се всушност како што ги констатираш ти.Мислам дека се сложуваме.позз
 
Не се осеќате дека офтопик муабет правите?

Едит: санкционирано од админ.
 
Еј, види шо убаво си го имам напишано ова. Уште пред избори, уште пред вчерашниве случување уште пред сиве овие глупости и карања по етерот и испрани мозоци од кои сега останав крајно зачуден.

Прашање: дали ако утре се соберат 100-200 студенти и одржат мирен протест против проектите бесплатен интернет и компјутер за секое дете (како што фино сум објаснил горе), ќе окркат ќотек од друга „спонтано“ собрана група на „контрапротестанти“?
Или пак не задираме во црква, или пак ќе промашиме добар тајминг меѓу избори и целава работа ќе помине како ништо. Без медиумски напис. Без реакција.
Оние кои цел живот се посветени на таа струка, кои стануваат експерти и се подржани експерти ќе останат омаловажени од партиските структури кои македонец ги величи и бетер од црквата.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom