- Член од
- 7 октомври 2008
- Мислења
- 6.055
- Поени од реакции
- 6.443
Двајца гевгеличани пријавени за присвојување на културно наследство
А.Ш.(56) од село Мрзенци, Гевгелија и З.М.(55) од Гевгелија заработиле кривични пријави поради присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство. Според првичните анализи станува збор за повеќе вредни предмети кои потекнуваат од римскиот период пред почетокот на 3 век пред новата ера.
Како што информираат од МВР, при претресот во семејната куќа на А.Ш. во селото Мрзенци, биле пронајдени две метални глави со приказ на коњска глава, две метални глави со приказ на глава од орел, метален предмет со приказ на глава од орел и со дополнителни странични апликации од лебед, три монети, еден метален предмет со апликација на коњ со оштетување на предните нозе и опашката, една метлна алка со една монистра, една метална рачка од нож и три тегули,од кои две во облик на пирамида и една во форма на квадратна плочка. Според кажувањето на А.Ш. тој предметите пред околу еден месец ги набавил од лицето А. Д. од Скопје.
По претходно добиени криминалистичко разузнавачки сознанија за недозволено присвојување на културни добра претрес бил извршен и во домот на З.М во Гевгелија каде биле пронајдени еден камен фрагмент со изгравиран релјеф, метален сад, метална чаша со изгравиран релјеф, метална игла со изгравиран релјеф на рачката во долниот дел, седум керамички фрагменти од два сада, метален предмет со апликација во форма на глава од змија, девет фрагменти од монистри, привезок со тристрана форма, тока од ремен, два метални привезоци и други предмети. Според З.М. дел од предметите ги пронашол при копање на шупа во село Сермелин, а дел ги купил од лице од село Миравци пред околу 15 години.
Од МВР велат дека пронајдените предмети кои се од непроценлива археолошка и историска вредност, со потврда привремено биле одземени од А.Ш и З.М, и дека ќе бидат доставени на вештачење и стручна анализа во Управата за Заштита на Културното наследство при Министерство за Култура.
Против осомничениот З.М., од страна на полицијата и досега биле поднесувани кривични пријави за истите дела, додека А.Ш. бил познат на полицијата по друг вид на криминал.
Ова со продавање и препродавање на културно наследство не е ниту ново ,ниту пак непознато а тие луге и се добро познати на јавноста.
Ова што им го нашле, е само една трошка од онаа што веќе го продале.
Добро е што полицијата конечно почна да приведува вакви луге , иако штетата е огромна што тие и такви како нив ја имат направено.
Друга страна на мегданот е тоа што лугето који на свој имот навагат вредни предмети и културно ги пријавуваат за возврат не добиват ништо а многу често и се случува истото да биде препродадено.
Ова мора да се спречи бидејки не ни остана уште многу од наследството.