SuicideMessiah
Советник
- Член од
- 7 јули 2008
- Мислења
- 5.585
- Поени од реакции
- 309
Конзервативен театар
Треба да подзапреме денес, да излеземе од филмот на паролите и да се обидеме да создадеме концентрациона влада на голема коалиција. Нејзината програма треба да биде составена од четири точки: влез во НАТО во 2009, датум за преговори во ЕУ истата година, визна либерализација за ЕУ истата година и соочување со финансиската криза истата година
Македонците низ оваа политичка елита денес го кажуваат своето историско ЊЕТ. Но, ги загрешивме и темите на кои се „нетиме“, а особено времето за „нетење“.Ниту прашањата на кои се инаетиме се вистинските, најмалку одговорот НЕ. Резултатот може да биде историски автогол, со кој натпреварот трагично ќе се одлучи .Почнаа со „болката“ да се каже НЕ на уцените на Албанците оличени во Охридскиот договор, да се стави на свое место А. Ахмети. Завршија со посипување со пепел, со повлекување и повик до Ахмети да влезе во власта, но остана впечатокот кај оние наивните од населението дека, еве, се обиделе нешто.
Продолжија со НЕ кон уцените од меѓународната заедница. Ја урнаа позицијата на земјата на тој план , се посипаа со пепел повторно ( тужат весници и новинари кои тоа го евидентирале), но повторно остана впечатокот кај наивните дека еве нешто се обиделе. Продолжија со НЕ кон Грција, а преговорите се во тек! Ќе ја турнат земјата во изолација, ќе ја поделат внатрешно и ќе ги посрамат Македонците до крај, а сепак оставија впечаток на наивните дека еве нешто се обиделе.
Сериозно им пропаѓа тоа што единствено пркна во зачеток, мало економско консолидирање, со класика кај вмровците, силна партиска парична мобилизација ... сега се пред конечен и целосен делегитимирачки рубикон: надвор од НАТО И од ЕУ во среднорочна перспектива, земја во изолација, со економска криза на повидок во следната година - за такво нешто никој што гласал за нив не гласал всушност. Ова е сосема друга програма од почетната, сосема нова перспектива е пред нас, која по сите линии е влошена и ќе се влошува допрва. За што гласавме? За ова секако не!
А, пак, најсмешно од се' е што таа политика идеолошки се означува како „конзервативизам“!?
Џон Стјуард Мил за британската конзервативна партија има кажано дека „ ...конзервативците се глупава партија ... „. Неговата тогашна инспирација за констатацијата се наоѓа во огромно количество во сегашните претенденти за конзервативци на Балканот: во основа строго антиинтелектуална дружба ... чии акции и програми се засновани на „слогани, пароли и популизам ...“, а не на идеи.
Современите претенденти на конзервативната идеологија од Балканот имаат уште еден проблем, типично за пионери-конзервативци: немаат репер во сопственото партиско ниту државно минато во однос на кој ќе се определи конзервативниот идеал (кој се чува барем бегло во меморијата) туку само „село-весело“ . Од нивната база липти зоо-градина на неодредени силеџии што намирисале пари и власт. Нашиве, пак, имаат и именски оксиморон: во насловот содржат ... револуционерна организација ..., а сакаат да бидат конзервативна партија?
Значи, бидејќи се сеопшт оксиморон: новоконструирани конзервативци, тие се конзервативци во желба, со намера тоа да бидат. Пред таа конструкција стои натписот „работите се во изведба... внимавај“!
Од под конзервативното милје кое некои внимателни советници им го плетат, се наѕираат селските немиени нозе, влакна од носот и од ушите, со прашални погледи: ааа, што сме биле ние? .. конзервативци... е арно де, тоа сме ... немет Бранко и Фрле да ни кажует што сме ...!
Има, сепак, да бидеме чесни, една нишка што ги поврзува нашиве со конзервативните партии - популизмот и паролите. Демократските конзервативни партии, експлозивната смеша на популизам и пароли ја балансираат со внатрепартиска дисциплина и одговорност за јавните функции. Нашиве тука се пропаднати во дупка на „единоначалие“ и фамилија, па види ти од каде конзервативните начела да ги потфатиш. Нормално се' завршува како провинциски театар. Секоја од идеите во политиката има консеквенции, но тоа го имаат и идиотските идеи.
Она што би било многу важно и многу одговорно денеска е согледбата која имаше сила Љ.Георгиевски да ја направи пред конфликтот 2001! Во таква криза не може да се оди со еден политички блок. Треба да подзапреме денес, да излеземе од филмот на паролите и да се обидеме да создадеме концентрациона влада на голема коалиција.Нејзината програма треба да биде составена од четири точки: влез во НАТО во 2009, датум за преговори во ЕУ истата година, визна либерализација за ЕУ истата година и соочување со финансиската криза истата година.
Потоа нека си кршат глава како сакаат!
Љубомир Д.Фрчкоски