ВОНДРЕДНО: ПРЕД ДА ГО ПРОЧИТАТЕ МОЈОТ ДЕЛ ВИ ГО ПРЕНЕСУВАМ ПРИЛОГОТ ОД ДНЕВНИК од 18 март 2006
НЕ СЕ СРАМЕТЕ, НЕ СЕ ПЛАШЕТЕ - ПРИЈАВЕТЕ! НЕМА КАЗНА ОД 8000 евра народе македонски!!!! ЗАТВОР ЗА ИЗМАМНИЦИТЕ!
Полицијата ќе го скине синџирот ако измамените проговора
Министерството за внатрешни работи апелира да проговорат сите измамени Македонци, кои наседнале на примамливата понуда од контроверзниот финансиски синџир "Gem collectio", кој во најголема тајност веќе неколку години постои во Хрватска и во Србија и Црна Гора, а кој набргу ќе биде префрлен во Македонија.
Како што претходно информиравме станува збор за опасна пирамидална мрежа, која на Балканот оставила илјадници измамени граѓани, ветувајќи им милионска заработка. Од неодамна, секоја недела, специјален автобус со десетици Македонци заминува во Велика Плана во Србија и Црна Гора, каде што се одржува презентација на организацијата.
МВР информираше дека синџирот може да се скине само ако измамените проговорат.
- Сите измамени Македонци, без разлика на тоа што биле изманипулирани во друга држава, треба да побараат помош од полицијата. Тие не треба да стравуваат од заканите на измамниците и треба да побараат помош од надлежните институции. Само на тој начин ќе може да се откријат организаторите на измамничкиот синџир - велат во МВР.
За тајниот финансиски синџир "Gem collectio", кој ја обвитка земјава, МВР соопшти дека разбрало од "Дневник".
Причината зошто пирамидалниот синџир егзистира во најголема тајност е договорот што членовите на мрежата го потпишуваат со организацијата.
Во договорот стои: "Ако за ова кажете некому во наредните пет години, ќе бидете тужени и ќе платите 8.000 евра казна".
Принципот на работа е едноставен. За да станете член на "тајното братство", треба да платите 2.300 евра на сметка на офшор-компанијата Fit For Success (FFS). Компанијата е регистрирана на Гибралтар, но често ја менува локацијата на неколку егзотични острови. За секој нареден член што ќе го натерате да се зачлени во мрежата ќе добиете околу 500 евра, а од тој ангажман по пирамидален принцип заработуваат и тие што се на врвот од структурата. Организаторите ветуваат дека за само десет месеци можат да се заработат најмалку 50.000 евра. Новите членови на пирамидалниот синџир, поттикнати од примамливата заработка, најчесто се обидуваат да ги насамарат пријателите да станат негови членови.
На компјутерската мрежа Интернет веќе подолго време тајно се дискутира за контроверзниот пирамидален синџир. Интернет е единственото место каде што измамените можат да ги разменат искуствата, но и да соберат доволно информации за "рушење" на пирамидата.
- Станува збор за тешка измама! Луѓе, ве молам не наседнувајте! Мене ме измами мојата најдобра другарка. Полицијата се уште собира доволно докази да ги пикне во затвор организаторите. Пирамидата лесно се руши, но нејзините фараони тешко можат да се откријат. Кога сфатив дека е измама и кога одлучив да се откажам, тие почнаа да ми се закануваат на телефон- раскажува една девојка од Србија за своето искуство со тајната мрежа.
За контроверзноста на финансискиот синџир сведочат и затворските казни што ги добиле 13 члена на организацијата пред две години во Хрватска. Обвинение било покренато и против организаторите на синџирот во Србија и Црна Гора.
Еј народе македонски со какви идеи си ти .... не не не се ова изливи на патриотизам туку изливи на фрустрација кон македонскава наша напатена незнаја...
ТАТ,АЛФА-С,ФИКОМ ... до кога со прирамиди и понзи ? Кога ќе почните да барате информации пред да напрајте нешто ????
Статијава генерално не е наменета за тие што се членови на пирамиди - од нив ништо не бива, што од страм, што од неверување тие никогаш нема да принзаат дека се измамени - статијава е наменета за оние кои допрва мислат да се зачленат во пирамиди.
Ме фрустрира новата пирамида која пушта канџи во мојатаа околина. Богами и за фрустрација е. Нема што многу да го објаснувам измамничкиот процес само накратко ќе споменам. Ти бараат да облечиш костум, да платиш 900 денари за двајца 1500, одиш во хотел таму сите со аплаузи те пречекуваат, ти се фрлаат јаки пичиња, ти се курчат сите со нивните рент-а-кар ауди,бемвиња,мерцедеси и со нивните фалсификат-од-имотни листови, штедни книшки - и ти си вчудоневиден. А во целиот тој процес никој не ти кажува што работи - што е и нормално, нели професија измамник звучи одбивно некако. И удираат на еден друг сентимент, на човековата нетрпеливост и љубопитност, ти бараат да уплатиш 2000 или 2300 евра "ама имаш само три дена да одлучиш" - пошто е јасно ако ти дадат повеќе од три дена дека можеш да налеташ на мојов блог или на милионите слични статии по светов и да се спишманиш.
Пазете дечки, сето ова се одвива тајно поради едноставен факт- НЕЛЕГАЛНО Е! Пусти луѓе не само парите што ќе ги издадат и по затвори ќе завршат. За тоа презентирам докази подоцна..
Друго прашање што ми паѓа на памет а сакам да го разработам е каква категорија на луѓе воопшто наседнуваат на ова ? Необразовани, прости се вашите први претпоставки - ама НЕ. Не се баш тие луѓе кои наседнуваат необразовани и прости, туку се повеќе сиромаси и лакоми. Кај што е танко таму се кине. Некој што има 10.000 евра нема никогаш да лупни безвезе 2300 евра, ама некој што има 2301 многу побрзо ќе се реши. Тоа кај мене предизвикува уште поголемо сожалувње, зошто баш тие , на кои парите им требаат најмногу - сиромасите - да бидат измамени ? Трагедија.
Наредна и најважна точка на разработка се секако доказите против пирамидите. Ги има премногу ама накратко ке ви презентирам некој. Прво да се запознаеме со Понзи. За Чарлс Понзи, како и за други измамници, куса биографија можете да прочитате во ВЕЧЕР . Поопширно за понзи шемите не успеав да најдам на македонски па еве што кажува српската википедија. Сега ќе ви извадам листа на измами во Македонија и светот.
1. Ликивидирани 518 пирамиди во Русија - Утринск
БИНГОООО. ДОДЕКА ИСТРАЖУВАВ ЈА НАЈДОВ БАШ МРЕЖАТА ШТО СЕ ШИРИ ВО МОЈАТА ОКОЛИНА!!!!!!!!!
ДНЕВНИК ЈА ИМА НАЈАКАТА ПРИКАЗНА!!!
ова е линкот
http://star.dnevnik.com.mk/default.aspx?pbroj=2510&stID=36697
VIDETE GO I OVA
http://www.spic.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=4&tabid=1&EditionID=76&ArticleID=2813