Тренутак истине - квиз на Нова

  • Креатор на темата Креатор на темата Mädchen
  • Време на започнување Време на започнување

Mädchen

Smile
Член од
31 мај 2006
Мислења
1.571
Поени од реакции
38
Возраст
39
"Trenutak istine" е еден вид квиз,кој се емитува на Нова Тв.Играта ја тестира искреноста на натпреварувачите.Тие одговараат на прашања кои претходно ги знаат,а се поставени на детектор за лаги.Прашањата се однесуваат на нив лично.
60141475.jpg
Дали го гледате овај квиз?И дали вие би имале храброст да се пријавите на еден таков квиз каде што би требало да ја кажете целата вистина за вас?Дали сето тоа вреди за парите кои можи да ги добиете?
Јас би рекла,НЕ.
 
Во емисија признаваат дека ја изневериле девојката/дечкото, дека спиеле со девојката на најдобриот другар... Обично партнерите им раскинуваат после емисија (некои се дури во публика кога дознаваат дека биле изневерени и сл). :pos:

Имало некој што паднал на прашањето: дали е задоволен од должината со која располага. Рекол да, а детекторот го фатил дека излажал и испаднал. :pos:
 
значи вечерва, дај да видам шо имет напраено хрвативе, знам дека е ова америчка идеја, ама незнам како се викат оригиналот... :vozbud:
 
Оргиналот се вика "The Moment of Truth",а квизот се емитува во 23 земји.
 
НАЈЗАКОН ШОУ!!! Го обожавам, едноставно хрватите се закон.
 
Инаку на квизот никогаш не би се пријавил а гледам од хрвативе има и доста позитивни, ама исто толку и негативни реакции за Тренутак.
 
Многу оговарачка емисија ми е :pos2:.
А и како голем скептик,се сомневам во веродостојноста на вистината,штом нема детектор во истиот момент кога одговараат се друго ми е по претпоставка дека е точен одговор.
 
И јас често го гледам ова шоу, баш е интересно. :)
И, НЕ. Никогаш не би се пријавил на такво нешто. LOL. :)
 
И јас не би се пријавил, некако мислам дека и да не кријам нешто, со тие прашања сигурно ќе ти се дознае вистинското лице. И СЕКАКО... ако одам таму, одам до крај, ако треба до гола кожа нека останам, некако таа сума некако многу ми паѓа во очи, сепак може не би го направил тоа за пари, сепак кој знае што се би се открило :nesvest::nesvest:
 
Кај е детекторот бе, зошто не го даваат да се гледа...
 
2-3 пати имам гледано и интересно е да се гледа.Ама некако ептен ми е како за стари тетки квизов, за оговарање.
 
Никогаш го немам гледано, не знам за што се работи, ама што знам мислам некако е направен само за пикантерии и за демек има нешто скандалозно.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom