текст од време
Македонските власти уште во мај годинава пред Комитетот за тортута на Обединетите нации најавиле дека наскоро ќе ја расформираат специјалната полициска единица „Алфи“ поради многуте поплаки од страна на граѓаните за пречекорување на овластувањата и за прекумерна употреба на сила. На состанок на Комитетот за борба против тортура на ООН, што се одржал на 8 мај во Женева, претставници на македонското МВР и на Министерството за правда најавиле дека единицата „Алфи“ наскоро ќе биде распуштена. „Секторот за професионални стандарди има добиено многу поплаки од граѓаните, а бројот поплаки добиени од народниот правобранител и од невладините организации е намален. Тоа покажува дека механизмот за поплаки е прифатен од јавноста. Околу 30 проценти од поплаките се однесуваат на работата на специјалната мобилна единица „Алфи“. Како и да е, таа единица наскоро ќе биде укината“, се вели во извадокот од излагањето на Војче Зафировски, тогашен директор на Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди. На состанокот присуствувал и министерот за правда Михајло Маневски. На нашето прашање кога точно ќе биде укината единицата, Зафировски, кој во меѓувреме е префрлен во одделението на МВР за организација и стратегиско планирање, изненадено праша: - Од каде ви е идејата дека единицата „Алфи“ ќе биде расформирана?
Кога му посочивме дека таква негова изјава е цитирана во записникот од 825. состанок на 14 сесија на Комитетот за борба против тортурата, Зафировски одрече дека рекол такво нешто. - Тоа не е точно! Реков само дека ќе формираме работна група која ќе ги разгледа забелешките на работата на припадниците на единицата. Тоа веќе го сторивме и кога ќе биде направена целосна анализа, таа комисија ќе донесе одлука - рече Зафировски. Иако имале рок од десет дена за да побараат корекции на содржината на записникот, МВР и Министерството за правда не го сторила тоа, па во него и натаму стои ветувањето дека единицата наскоро ќе биде укината, на што во иднина државата би можело да биде повикана да го почитува ветеното. Контроверзната полициска единица од неуниформирани и вооружени полицајци, позната како „Алфи“, е честа цел на критики во извештаи на домашните и на странските организации и институции за заштита на човековите права. Домашниот Хелсиншки комитет за човекови права во неколку последователни извештаи укажува дека формирањето на единицата не е во согласност со Законот за внатрешни работи, но тоа остана без соодветен одговор од надлежните. Во заклучоците од истата сесија на спомнатиот комитетот на ОН во Женева, се изразува загриженост што недостига независен и надворешен механизам за испитување на случаите на пречекорувања на овластувањата од страна на полицајците и се бараат мерки и активности во тој правец. Сведочења за злоупотреби и слични констатации се изнесени и во последниот извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија, во кој уште се нагласува дека, според сведочењата, претераната и неоправдана употреба на сила од страна на „Алфите“ најчесто е насочена врз припадници на ромската популација. Притоа се повторуваат барањата итно да се испита вистинитоста на сите обвинување и да се зајакне работата на правобранителот.
Клоци по казна, возење во багажник
Најострите забелешки за работата на „Алфите“ се содржани во последниот извештај на Комитетот за превенција на тортура при Советот на Европа. Во интервјуа со нивни претставници, „значителен број“ македонски граѓани се пожалиле на малтретирање од страна на „Алфите“. Многумина од испрашуваните биле клоцани со нога, со тупаници, удирани со пендрек или со дршка од пиштол и со други предмети пред или за време на сослушувањето. Целта била од сослушуваните да се извлече некое признание или едноставно да се „казнат“. Нивната делегација евидентирала и една поплака за сексуално изживување од страна на припадници на единицата врз лице кое било задржано преку ноќ во полициска станица. Најчести и најконзистентни биле поплаките за претерана употреба на сила при апсење, врзување на уапсените па дури и нивното ставање во багажник од автомобил при транспортот до полициска станица.
линк