Креационисти се убедени дека земјата и вселената не се постари од 6000 години.
Но испитувањата на наоди со Ц14 покажуваат старости и со стотици иљади па и милиони години.
Светлината која ни стигнува од звездите патува милијарди години. Еволуционизмот се потврдува и докажува низ научни методи и истражувања, геологија палеонтологија, таксономија....
Еволуцијата не е теорија, таа е факт кој се одвива од постанокот на животот пред милијарди години и кој трае и денес. Механизмите на таа еволуција се се уште теорија, и се уште се предмет на истражувања и секој ден се откриваат нови работи за неа и нејзините механизми. Факт е дека е земјата постара од 3,6 милијарди години, факт е дека повеќеќелиски организми постојат веќе 800 милиони години, факт е дека најголем број на денешни живи суштества не постојеа во минатото , немаше птици ни цицачи пред 250 милиони години, денес немаме диносаурси и пикантропи, факт е дека сите живи форми се развиле од поранешни живи форми и кои биле различни, на пример птици се развиле од организми кои не биле птици, луѓе од организми кои не биле хуманоиди.... Сето тоа се базира на научни докази, а тој кој мижи пред нив и не ги прифаќа исто така може да ги отфрли научните докази дека земјата бе е равна плоча, дека земјата ротира околу сонцето, дека звездите се сонца одалечени милиони светлосни години од нас... и да се врати во среден век и прикаските за штркови кои носат деца