Креационизам наспроти еволуционизам

  • Креатор на темата Креатор на темата bucio
  • Време на започнување Време на започнување
Немој ти да се бламираш и да вадиш цитати од контекст, туку читај ја целината....
Ајде посочи ми те молам што извадив од контекст?! :toe: Еве нека си кажат и другите, нека прочитаат се и нека кажат дали сум извадил од контекст било што!
 
За неупатени, кои пишуват постови напразно: г-динот Петровиќ е доктор по медицина и по гелогија, не е теолог, понајмалку атеист. Текстовите ги пишува според неговите професионални определби и не се произлод, како ти што велиш, од неговите „теолошки„ размисли, туку производ од неговата двојна професија и истражувањата од истите.

овие два линка немаат никаква врска со професорот ти Мирољуб Петровиќ види и сам

А за репутацијата на Петровиќ и да не зборувам, никаков геолог не е, може дипломите да си ги закачи на мачката на опаш, повеќе е теолог него било што друго.
 
Креационисти се убедени дека земјата и вселената не се постари од 6000 години.
Но испитувањата на наоди со Ц14 покажуваат старости и со стотици иљади па и милиони години.
Светлината која ни стигнува од звездите патува милијарди години. Еволуционизмот се потврдува и докажува низ научни методи и истражувања, геологија палеонтологија, таксономија....
Еволуцијата не е теорија, таа е факт кој се одвива од постанокот на животот пред милијарди години и кој трае и денес. Механизмите на таа еволуција се се уште теорија, и се уште се предмет на истражувања и секој ден се откриваат нови работи за неа и нејзините механизми. Факт е дека е земјата постара од 3,6 милијарди години, факт е дека повеќеќелиски организми постојат веќе 800 милиони години, факт е дека најголем број на денешни живи суштества не постојеа во минатото , немаше птици ни цицачи пред 250 милиони години, денес немаме диносаурси и пикантропи, факт е дека сите живи форми се развиле од поранешни живи форми и кои биле различни, на пример птици се развиле од организми кои не биле птици, луѓе од организми кои не биле хуманоиди.... Сето тоа се базира на научни докази, а тој кој мижи пред нив и не ги прифаќа исто така може да ги отфрли научните докази дека земјата бе е равна плоча, дека земјата ротира околу сонцето, дека звездите се сонца одалечени милиони светлосни години од нас... и да се врати во среден век и прикаските за штркови кои носат деца
 
Проблемот кај креационистите, (и кај конспираси теоретичарите) е тоа што постојано кукаат и ја негираат официјалната теорија поддржана со докази и факти.

Досега не видовме ниту еден факт дека Бог го создал човекот. Само кукање по еволуционистичката теорија за човекот.
 
За неупатени, кои пишуват постови напразно: г-динот Петровиќ е доктор по медицина и по гелогија, не е теолог, понајмалку атеист. Текстовите ги пишува според неговите професионални определби и не се произлод, како ти што велиш, од неговите „теолошки„ размисли, туку производ од неговата двојна професија и истражувањата од истите.

Кој е неупатен се гледа, дали името ги врзува или паметот, не знам. Има две личности со исто име и презиме, Мирољуб Петровиќ, еден геолог, еден доктор.
И двајцата се забегани, овој вториов не е предмет за оваа тема, можеби на друга ќе се задржиме на него.

За овој првиот, божемскиот геолог:
Избркан е од постдипломски студии затоа што се исмевал на колегите геолози и не ја добил дипломата во србија туку некаде којзнае каде, ако и воопшто ја добил.
А дека не е теолог мало морген, нека прочитаат драги форумџии, дали овој контроверзен човек треба да биде некаков авторитет

Centar za prirodnjačke studije je kreacionistička neprofitna organizacija koja djeluje u Srbiji. Osnovana je sa ciljem naučne afirmacije i popularisanja koncepta biblijskog stvaranja, kao i "principa zdravog života". Njen osnivač i predsednik je geolog Miroljub Petrović. Sjedište joj je u Beogradu.
 
Токму затоа и ти велам, дај да ти отворам тема за марксизмот, бар ќе имаш што да напишеш под тој наслов, разбираш...Вака, ти преостанува саде сочно плукање, што е некултурно. 50 Евра казна е за тоа...
 
Е ајде веќе еднаш, отвори ја, или уште подобро една за марсизам-дарвинизам, можеби ќе имаш доста за тоа да ни кажеш бидејќи веќе се изјасни дека порано си бил таков марксист-дарвинист, и тоа поголемиот дел од твојот живот. Јас тоа нити сум бил, ни сум, ни ќе бидам.

А BTW за плукањето досега неколку илјади евра ќе требаше да платиш, колку се изнаплука и по признати авторитети и науки. А признаваш за авторитет некој си забеган инжинер по геолошки науки. Дури и поповиве кај нас имаат повеќе школо од него.
 
Мики, према христијанско становиште што се тоа звезди и галаксии и колку се далеку од нас. Дали тука науката и астронномијата е во право дека галаксиите се милијарди звезди одалечени од неколку до стотици милиони светлосни години? или има некое друго објаснение за нив од страна на црквата
 
Значи да расчистиме нешто:
„ден“ во библијата не мора да значи период од 24 часа може да значи и многу подолг временски период.

Мојсеева 2:4
Тоа се раѓањата на небото и земјата, кога беа создавани. Во денот кога Господ, Бог, ги правеше земјата и небото (6 „дена“ во 1)

Евреите 4:4-6
Зашто некаде за седмиот ден е речено вака: „И Бог почина во седмиот ден од сите Свои дела.”
И пак на тоа место: „Нема да влезат во Мојата починка.”
И така, ако останува некои да влезат во неа, а оние кои порано го чуле Евангелието не влегле заради непослушност;

Оттука излегува дека седмиот „ден“ уште трае.
 
A кога Исус воскреснал на третиот ден тогаш беа по 24 сати деновите ? Номални секојдневни или пак некои посебни?
Кој одредува колку зборот “ден“ на некое место во библијата трае?
Дали зборот “ден“ во библијата мора да означува само подолг или може и пократок период од 24 сати?
 
Би можело да е и пократко на пример светлината ја нарекол ден а темнината ноќ и така го дели денот на половина
 
Би можело да е и пократко на пример светлината ја нарекол ден а темнината ноќ и така го дели денот на половина
можда можда..... се е можно отворени се сите опции, да се толкува и претпоставува што и колку траел еден ден дали бројот 11 значи 12 дали ако рекол црно мислел на бело.... Затоа и денес имаме еден куп христијански цркви сите втемелени на истата библија и сите убедени дека баш тие најправилно ја толкуваат.
 
Тоа што сакав да кажам е дека Мојсеј го употребил зборот ден за да го објасни тие периоди на создавање а не да воведе некоја дефиниција за тоа што е ден.
 
Дали се повикуваш на некој доказ дека за тоа Мојсј го употребил зборот ден? постојат зборови месец, година, деценија, век, вечност.... или долг период..... многу време. Употребен е баш зборот ДЕН.
Чему сега тој ден не е ден а другиот ден е ден?
 
Значи да расчистиме нешто:
„ден“ во библијата не мора да значи период од 24 часа може да значи и многу подолг временски период.

Мојсеева 2:4
Тоа се раѓањата на небото и земјата, кога беа создавани. Во денот кога Господ, Бог, ги правеше земјата и небото (6 „дена“ во 1)

Евреите 4:4-6
Зашто некаде за седмиот ден е речено вака: „И Бог почина во седмиот ден од сите Свои дела.”
И пак на тоа место: „Нема да влезат во Мојата починка.”
И така, ако останува некои да влезат во неа, а оние кои порано го чуле Евангелието не влегле заради непослушност;

Оттука излегува дека седмиот „ден“ уште трае.

И колку тие „6 дена“ всушност биле?
60 дена? 6 години? 6 века? 6 милиони години?
и да се 6 милиони години, пак нешто не штима, не се сложува ни со геологијата, ни со астрологија, ни со палеонтологија ни со антропологија......итн
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom