Работа во Италија

  • Креатор на темата Креатор на темата Катаки
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
12 ноември 2008
Мислења
2
Поени од реакции
0
Некој нека каже како да се стигне до работа во Италија? Било каков совет или информација се добродојдени.
 
Некој нека каже како да се стигне до работа во Италија? Било каков совет или информација се добродојдени.

Ќе чекаш да ги укинат визите за ЕУ,најверојатно по изборите и “штрафта“ да те нема.:toe:
 
.. и ти упорно мислиш дека ќе ни ги укинат визите?!
 
Не мислам туку сум сигурен дека еден ден ќе се случи и тоа.:pos2:

Изгледа тоа сигурен си дека ќе дојде на власт SDSM тогаш ќе се укинат визите а тоа е никогаш пошто нема да дојде така ?
 
Изгледа тоа сигурен си дека ќе дојде на власт SDSM тогаш ќе се укинат визите а тоа е никогаш пошто нема да дојде така ?

Можеби кога ќе се укинат визите,нема да постои ни СДС ни ДПМНЕ ама ни ЕУ ни светот,ќе бидеме сосем слободни.:turn:
 
Јас барем ова го знам од луѓе кои отишле во Италија за работа дека одат со Бугарски пасош треба да извадиш :nenene:
 
Ќе чекаш да ги укинат визите за ЕУ,најверојатно по изборите и “штрафта“ да те нема.:toe:
Прашањето е КОИ избори...

.. и ти упорно мислиш дека ќе ни ги укинат визите?!
Па, ако немаше лицемерност и дволичност, пред се од Европа, досега требаше безвизно да шетаме, а не треба да се занемари и улогата на нашите мили ем драги олигарси околу гетото во кое се наоѓаме.
А, доколку се самоукинеме, трчајќи ќе не обезвизат.
 
Луѓе, дури и ако се укинат визите ќе има дополнителни услови, веќе спомнатите.. “сини карти“ и други услови кои ќе треба да ги исполниме ако сакаме да одиме некаде на работа одма по укинувањето на визите.

Тоа од една страна е добро, бидејќи го спречува одливот на кадри.

Визите до овој 15 Ноември би требало да ги укинат со одлука, ако веќе и сега не го сторат тоа тогаш ја предлагам нашиве да прекинат, т.е. замрзнат сите процеси за приближување кон ЕУ се додека не воспостават систем кој нема да биде диригиран од политички интереси на одделни членки (Грција) туку врз исполнувањето на услови од земјата кандидат.
Бидејќи вака можат и до утре да не возат, барем да бидеме на чисто и да бараме други излези и можности.
 
Додека се чекаат сини карти и други заебанции,само оваа година 15-20 000 Македонци заминаа на работа во Италија,каде за килограм набрано грозје се плаќа колку што во Македонија се откупува од винарските визби.
А за замрзнување окулу процесот за преговори со ЕУ требаше да се направи веднаш по стекнувањето кандидатура,барем немаше да бидеме “блентави“ кој 4 години чекале да започнат преговори,на кој преговорите ќе им траат уште најмалку 40 години,според логиката,и уште неизвесен број години одкако преговорите кој се уште не се почнати ќе завршат,ако некогаш и завршат.Во спротивно ќе треба со одредени суштествени промени да се вратиме назад,затоа што некои закони кој кај нас се усвоени а некои ќе се усвојат,додека ЕУ нема ни појма да ги усвои од разни причини,па да бидеме компатибилни со унијата пред да не примат.:toe:
 
Преку Словенија, па во Австрија така послаба контрола има.... не се иде директно.

Сепак треба да се биде предавник со бугарски пасош да пројдеш

Или пак, 2.000 евра за 6 месечна виза.

то е то.
 
Преку Словенија, па во Австрија така послаба контрола има.... не се иде директно.

Сепак треба да се биде предавник со бугарски пасош да пројдеш

Или пак, 2.000 евра за 6 месечна виза.

то е то.

А кога си веќе во Италија,Франција и Швајцарија ти е на “дофат“,таму дневниците и заработката се повисоки,ама проблем е јазикот.Во Франција имаш поголеми шанси и да останеш на подолг период,не познавам некој Македонец да се вратил последниве 10 години,кој замина за Франција,добро се ситуираа и веќе почнаа да купуваат имоти со познатата Македонска снаодливост и адаптибилност.Неколкумина од Прилеп се враќаат на одмор секое лето и се презадоволни од сопствениот успех постигнат во Франција последниве 10тина години.:toe:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom