ЛооооЛ,многу малко е тоа бе !!!
За жал во Полска кошарката никогаш не била популарен спорт, последниве години откако влегоа пари па се инвестираше во тимови, странци и напреднаа.
Полјаците живеат за фудбалот, фанатици се. После одбојката,ракометот,скијањето, жужел-мотори во сала и сега последна пасија им е Ф1 со Кубица.
Проблемот со Полјаците е што ги интересира само својот тим, на вести дават само ако полска екипа игра или полски играч.
Другото го занемаруваат и се нервирам бидејќи од 10 резултати во Премиер лигата тие ќе кажат само за Арсенал на пр. каде брани нивниот голман.
Истото се случува во сите спортови.
Иначе, салата е таман искрено. Со таа разлика што сепак потребни ни се финансии за да дојдеме во поголем број, а тие финансии на грците не им се проблем, па вака можеме да бидеме рамномерни.
Ќе почнам со лобирање кај Полските навивачи кои ќе одат на натпреварот да застанат од наша страна и да не поддржуваат, ама треба многу логистика за тоа па ќе видиме колку ќе ни излезат во пресрет од АМС и КФМ, па и Македонската амбасада во Варшава.
Ќе гледам и веб страна една да се отвори со координирање, помош за патување, сместување и сите дополнителни информации кои ќе ни бидат потребни.
Со цел за пристојна сума да можат што повеќе наши навивачи да дојдат до Познањ.
Ќе има и видео бимови надвор низ градот 100%.
Кој има и време малце да посвети околу страната, нека ми даде до знаење на пп па ќе се договориме.