- Член од
- 23 јуни 2008
- Мислења
- 4.002
- Поени од реакции
- 4.245
Македонски телеком од 12 ноември воведува телевизија преку интернет протокол - IPTV, услуга која ќе биде позната под брендот МаxTV. Оваа услуга ќе се нуди и во пакет заедно со интернет и фиксна телефонија како 3 Маx.
Корисниците на Т-home основните телекомуникациски услуги (говор и интернет) како и телевизија ќе ги добијат на едно место, на иста сметка. Основниот пакет на услугата МаxTV ќе чини 999 денари, а за 3 МаxTV ќе има два пакета со еднократна претплата од 1.200 денари, и цена на пакетот од 1999 денари со вклучени 25 гигабајти интернет сообраќај, 500 вклучени минути во мрежата на телеком и преку 70 ТВ канали, односно 2.499 денари со неограничен интернет сообраќај, неограничени разговори во мрежата на Македонски телеком и исто така преку 70 ТВ канали.
“Една од карактеристиките на оваа услуга е што на пример програмите во живо можат да се паузираат и да се гледаат во било кое време, можат да се изнајмат филмови од големата видеотека на барање без да го напуштите вашиот дом“, рече Николај Бекерс, главен извршен директор на Македонски телеком, на денешната презентација.
Меѓу другите карактеристики кои ги вклучува услугата се електроснки програмски водич што ја покажува целокупната програма за 14 дена, слика во слика на ТВ екраните, како и можност за контрола од страна на родителите врз програмата со вклучување забрана на одредени содржини.
Оваа услуга за прв пат е воведена во Франција пред 5 години. Во Германија пак на пример, основниот пакет на ваква услуга чини над 50 евра.
„Македонски телеком“ ја воведува услугата телевизија преку Интернет протокол ИПТВ, под брендот МаксТВ. Комерцијалниот старт на услугата ќе биде дел од трипл плеј пакетот, сервис со кој компанијата, исто така, првпат настапува на пазарот, и ќе нуди, покрај ИПТВ, фиксна телефонија и Интернет. Во рамки на овие пакети корисниците ќе добиваат три услуги на иста сметка, преку два пакета, 3 Макс комфорт по цена од 1.999 денари и 3 Макс комфорт плус по цена од 2.499 денари. Ќе се наплаќа и еднократен надомест од 1.299 денари за инсталирање на потребниот приклучок и опрема.
Според главниот извршен директор на „Македонски телеком“, Николај Бејкерс, со воведувањето на Макс ТВ-услугата, граѓаните на Македонија ќе уживаат во производите и бенефитите на најсовремената технологија. „Со Макс ТВ-услугата се добиваат различни мултимедијални и интерактивни телевизиски и видеосодржини со многу подобар квалитет на ТВ-сигналот“, објасни Манче Трендафилов од „ Македонски телеком“. Пакетот 3 Макс комфорт содржи Интернет од 25 гигабајти сообраќај, 500 минути разговор на локално и национално ниво, 20 проценти попуст на меѓународни разговори кон мобилните мрежи, бесплатни меѓународни разговори кон 10 земји и 70 телевизиски канали. Содржината на 3 Макс комфорт плус пакетот опфаќа неограничен Интернет и разговори во мрежата на „Телеком“, 30 проценти попуст на меѓународни разговори и 20 проценти попуст на разговорите кон мобилните мрежи, како и 70 телевизиски канали. (МИА)