Формула 1 сезона 2009

  • Креатор на темата Ајсшутер
  • Време на започнување

Дали правилата конечно ја направија Ф1 интересна и рамноправна?

  • Да

    Гласови: 86 41,3%
  • Не

    Гласови: 122 58,7%

  • Вкупно гласачи
    208
Член од
13 април 2008
Мислења
7.590
Поени од реакции
6.952
Браво за Батон, стварно одлично извози денеска, што мене лично ме изненади и пред квали. не очекував Брон повторно да доминира .. Фаворитите пак потфрлија, на чело со Маса. Пофалби исто така имам и за Трули и Фетел кои имаа одличен ден. Утре ќе биде доста интересно, особено стартот на трката .. А па ако има и дожд, ептен ќе биде густо ... :wink:
 
gelcev

Scuderia Ferrari
Член од
13 август 2008
Мислења
451
Поени од реакции
10

A ti na toa li se raduvas sto masa e pozadi hamilton lolz pa kako sto gledas barem eden vozac na ferrari e megu prvite 10 a na mclaren ............... ako de poraduvaj se

Суспензија за Hamilton до крајот на сезоната?!

Актуелниот светски шампион, по признанието дека ги излажал стјуардите на трката во Австралија, се соочува со казна од неучество на неколку трки до суспензија до крајот на сезоната!

Hamilton се пожали дека добил наредба од својот тим да ги излаже стјуардите, по што спортскиот директор во тимот на McLaren, Dave Ryan летна од своето работно место. Тој еден ден по суспензијата од трката во Австралија искрено се извини што не бил докрај искрен со официјалните лица и директно го обвини Dave, кој пред Lewis да ја даде изјавата, го посоветувал што да каже.

“Немав намера да лажам! Ме заведоа и затоа се случи ова. Сите сега гледаат на мене како еден голем лажго, но сакам да им кажам на своите навивачи дека тоа не сум јас, дека јас сум возачот кој го гледаа на патеките изминативе две години” – изјави Hamilton. Тој изјави и жалење за спортскиот директор на тимот кој го загуби работното место.

Целата оваа ситуација ја натера FIA дополнително да го разгледува случајот и дополнително да одлучи дали ќе му даде уште поголема суспензија на младиот талент. Според аналитичарите, има шанси тој да добие суспензија и до крајот на сезоната, што секако не би било добро за неговата успешна кариера.

Da ne e uste edna prvo aprilska sega ?
 
Член од
19 јуни 2007
Мислења
3.422
Поени од реакции
116
Јас мислам да ги казнат доживотно МекЛарен. Само така Ферари ќе успее во Ф1. :tapp:
 
Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Јас мислам да ги казнат доживотно МекЛарен. Само така Ферари ќе успее во Ф1. :tapp:
Абе Ферари и така нема шанси зашто се избациа нови сили во Ф1 сезонава. Али треба да се казни Хамилтон. Сепак тоа ти е вид измама. Сеа казната дали ке биде толку голема не верувам али суспензија слична на неколку трки (на крајот од колоната на стартот на трката) е доста веројатно.
 
gelcev

Scuderia Ferrari
Член од
13 август 2008
Мислења
451
Поени од реакции
10
Јас мислам да ги казнат доживотно МекЛарен. Само така Ферари ќе успее во Ф1. :tapp:
Sam si prizna sto treba da go pomiluvaat eve ti

Добив инструкции и бев доведен во заблуда од страна на мојот претпоставен да сокријам одредени информации, па тоа и го сторив. Сакам да им се извинам на моите навивачи, на кои им покажав кој сум во минатите три години. Не сум лажго, не сум нечесна личност. Секој пат кога сум информиран да направам нешто, го правам тоа. Овој пат сфатив дека е голема грешка. Тука сум за да се извинам на сите, и да ги уверам дека нема да се случи повторно. Никогаш не сум се чувствувал толку лошо, пробајте да се ставите во моја позиција и да го разберете тоа. Како што реков, не сум лажго, но не можам да сторам ништо кон луѓето кои велат дека сум нечесен

Казнети учесниците во шпионската афера

Шпионската афера од 2007 година, популарната “Степнигејт” го доживеа својот расплет. Судот во Модена прогласи за виновни четворица инженери на Мекларен. На Роб Тејлор, Џонатан Нил и Педи Лов им е изречена казна во висина од 150 илјади евра, додека поранешниот инженер на Мекларен, Мај Кофлан доби повисока казна, од 180 илјади евра. Инженерите се обвинети за поседување приватни информации кои припаѓале на тимот на Ферари.

izvor formula1.com.mk
 
Член од
19 јуни 2007
Мислења
3.422
Поени од реакции
116
А шо е крив Хамилтон бе?! Он само слушал тимски наредби. Ако некој треба да се казни, тоа е тимот, а не Хамилтон.
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Оваа година очигледно оти нема ништо да биде од Мекларен и Ферари.
Ке биде, во еврпскиот дел од шампионатот. Сега се во тесно, немаат заден дифузер (кој Браун, Вилијамс, Торо Росо го имаат), кога ке се знае дали е легален или не (мислам ке биде легален) ке може да се израмнат. Според она што го покажуваат, Ферарито е некои 0.3 секунди поспоро, Мекларенот 0.5 секунди во круг.

Суспензија за Hamilton до крајот на сезоната?!
Според аналитичарите, има шанси тој да добие суспензија и до крајот на сезоната, што секако не би било добро за неговата успешна кариера.
Не верувам дека ке си дозволат да го дисквалификуваат Хамилтон. Кога не ги дисквалификуваа возачите во сезоната 2007 нема ни сега. Мислам дека дисквалификацијата од австралиското ГП е доволна казна за него. Се понатаму само ја уништува убавината на Ф1 реално гледано. А ако го дисквалификуваат Хамилтон до крајот на сезоната, се пореално ке биде да гледаме натпревари во Формула1 организирана и предводена од автомобилските произведувачи Рено, Ферари, Мерцедес, БМВ, Тојота... Берни, Мозли и нивните глупи правила нека им ги продаваат на други.

Кога сме кај квалификациите, Браун засега се недостижни за Мекларен, Ферари, Рено. Но изјавата на Бриаторе дека Рено е 15% побрз со задниот дифузер (кој го имаат а не го користат) е само знак дека се чека официјално ФИА да се изјасни по тоа прашање и да се знае дали може да се употребува или не. Доколку може да се користи до моментот на одлука (14 април еј, му треба 20 дена да се соберат и да кажат да или не :tapp:) Ферари, Мекларен, Рено ке го имаат спремено па ако се дозволи ке може да се користи и усовршува веднаш.
 
gelcev

Scuderia Ferrari
Член од
13 август 2008
Мислења
451
Поени од реакции
10
А шо е крив Хамилтон бе?! Он само слушал тимски наредби. Ако некој треба да се казни, тоа е тимот, а не Хамилтон.
Znaes sto e kriv sto sokril informacii da im rekol na stujardite sto se sucilo ke go kaznea samo Dejv Rajan a na hamilton moze i ke mu pregledaat niz prsti a taka tesko sepak ke ima nekoja kazna od koga doznaa stujardite dzabe mu e sto se izvinuva i sto prizna (ti od koga ke odkrades nesto potoa i da priznaes oti si kriv i oti ne sakas pak ke si ima sankcii)

Dark King ne bidi tolku siguren deka nemaat sansi ke vidime posle 14 april kako sto navede Dzish
 
Cappie

Vincere non è importante: è la sola cosa che conti
Член од
29 мај 2008
Мислења
1.914
Поени од реакции
307
Не верувам дека ке си дозволат да го дисквалификуваат Хамилтон. Кога не ги дисквалификуваа возачите во сезоната 2007 нема ни сега. Мислам дека дисквалификацијата од австралиското ГП е доволна казна за него. Се понатаму само ја уништува убавината на Ф1 реално гледано. А ако го дисквалификуваат Хамилтон до крајот на сезоната, се пореално ке биде да гледаме натпревари во Формула1 организирана и предводена од автомобилските произведувачи Рено, Ферари, Мерцедес, БМВ, Тојота... Берни, Мозли и нивните глупи правила нека им ги продаваат на други.
формула 1 од секогаш била еден од најџентлменските спортови. вчера со многу примери го потврдија тоа и миленко и неговиот гостин во шоуто. а лажењето не е баш џентлменско однесување. и тоа свесно лажење. знае дека не е така, ама сепак вика дека е така. треба да знае како треба да се однесува, а не да лета во облаците, да се мисли дека е најмоќен. во ред, хамилтон можеби не треба да заслужи таква казна, но екипата на мекларен со сите во неа, витмарш и компанија не треба да чекаат никаква одлука на фиа, треба сами да си поднесат оставка. да мислиш оти ќе ти попуштат, само затоа што имаш поголемо име од твојот противник, тоа не може никако да се оправда, и тоа би требало да се казни.
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
формула 1 од секогаш била еден од најџентлменските спортови. вчера со многу примери го потврдија тоа и миленко и неговиот гостин во шоуто. а лажењето не е баш џентлменско однесување. и тоа свесно лажење. знае дека не е така, ама сепак вика дека е така. треба да знае како треба да се однесува, а не да лета во облаците, да се мисли дека е најмоќен. во ред, хамилтон можеби не треба да заслужи таква казна, но екипата на мекларен со сите во неа, витмарш и компанија не треба да чекаат никаква одлука на фиа, треба сами да си поднесат оставка. да мислиш оти ќе ти попуштат, само затоа што имаш поголемо име од твојот противник, тоа не може никако да се оправда, и тоа би требало да се казни.
Се сложувам со тебе, но сепак ке видиме. Можно е да си добие казна џупалето со дисквалификација. Него друго ме интересира. Ако го дисквалификуваат, ке може резервниот (тест) возач Педро Де Ла Роса да го замени? Има некој вакво инфо? Бидејки со евентуалната дисквалификација на возачот останува Мекларен со 1 болид, па логично е да можи некој од тест возачите да го замени дисквалификуваниот (нешто како што го заменуваа Монтоја кога се повлече од Ф1)
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.666
Поени од реакции
5.349
А шо е крив Хамилтон бе?! Он само слушал тимски наредби. Ако некој треба да се казни, тоа е тимот, а не Хамилтон.
А се прашувам јас што ќе биде, ако добие тимска наредба да се самоубие...
Хамилтон не е дете мало, и ги знае правилата и обичаите во овој спорт, и не треба да си дозволи да лаже во никој случај..
Ќе изгуби првенството со негова дисквалификација до крајот на сезоната, но треба да добие соодветна казна, зошто направи прекршок, кој не треба да помине неказнето...

Се сложувам со тебе, но сепак ке видиме. Можно е да си добие казна џупалето со дисквалификација. Него друго ме интересира. Ако го дисквалификуваат, ке може резервниот (тест) возач Педро Де Ла Роса да го замени? Има некој вакво инфо? Бидејки со евентуалната дисквалификација на возачот останува Мекларен со 1 болид, па логично е да можи некој од тест возачите да го замени дисквалификуваниот (нешто како што го заменуваа Монтоја кога се повлече од Ф1)
Ако не добие МекЛарен казна како тим (мислам дека нема шанси да ја добие, зошто сепак се работи за лага на Хамилтон и на спортскиот шеф), веројатно дека ќе може да вози Педро Де Ла Роса на местото на Хамилтон за оние трки за кои би бил (ако би бил) дисквалификуван Хамилтон...
 
Член од
19 јуни 2007
Мислења
3.422
Поени од реакции
116
А се прашувам јас што ќе биде, ако добие тимска наредба да се самоубие...
Хамилтон не е дете мало, и ги знае правилата и обичаите во овој спорт, и не треба да си дозволи да лаже во никој случај..
Ќе изгуби првенството со негова дисквалификација до крајот на сезоната, но треба да добие соодветна казна, зошто направи прекршок, кој не треба да помине неказнето...
Па доби казна. Не доби ниеден бод од трката во Австралија. :)
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.666
Поени од реакции
5.349
Па доби казна. Не доби ниеден бод од трката во Австралија. :)
Ќе видиме што ќе каже дисциплинската комисија, која уште нема одлучено околу зголемување на казната...
 
milanez4e

Milan Per Sempre
Член од
8 март 2009
Мислења
393
Поени од реакции
22
еве како ке стартуват утре според казните на Баричело 5 места назад и Фетел 10 места назад.

1. Jenson Button
2. Jarno Trulli

3. Timo Glock
4. Nico Rosberg

5. Mark Webber
6. Robert Kubica

7. Kimi Raikkonen
8. Rubens Barrichello

9. Fernando Alonso
10. Nick Heidfeld

11. Kazuki Nakajima
12. Lewis Hamilton

13. Sebastian Vettel
14. Heikki Kovalainen

15. Sebastien Bourdais
16. Felipe Massa

17. Nelson Piquet Jnr
18. Giancarlo Fisichella

19. Adrian Sutil
20. Sebastien Buemi
 
Kajgana Shop

На врв Bottom