Досада

  • Креатор на темата Креатор на темата sara22
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
6 ноември 2008
Мислења
11
Поени од реакции
1
Досадата претставува чувство на празнина, индиферентност, недостаток на интереси, желби или грижи. Досадата може да се јави како резултат на недостаток на стимул кој би го поттокнал човекот, особено кај оние кои не се одликуваат со инвентивност. Некои запаѓаат во состојба на досада бидејки не знаат како да се натпреваруваат-многу пати биле губитници и затоа се исклучуваат. Други, досадата ја користат како средство за привлекување на вниманието. Не ретко досадата резултира од рутинско извршување на обврските така што човекот запаѓа во монотонија губејќи секаков интерес и иницијативност.

Чувството на досада може да претставува одбранбен механизам на заштитување на сопствената личност од обврски за кои таа не се чувствува доволно спобна или доколку истата смета дека тие обврски би и го нарушиле комодитетот.

Досадата може да резултиа во целосана апатија-неосетливост, рамнодушност, безволност. Тоа е психичка состојба на недостиг на интерес за околината и неспособност за емоционално доживување. Досадата во форма на апатија се користи за да се избегне можната промена на постојаното, зошто новото или непознатото создава страв и несигурност.

Поврзано со досадата е и чувството на беззначајност. Кога некоја личност не може да ја пронајде "вистината" или одредени животни вредности, може да се почувствува обесхрабрена и безвредна.

Колку често патите од досада и кои се причините за тоа?
 
Не знам дали дефиницииве на досада се стручно напишани или не, али не верувам дека некој може да `пати` од досада? Не верувам во фразата `недостаток на интереси` или `недостаток на интерес за околината`. Зошто мора по default нешто да не интересира, па отсуството на таков интерес да претставува недостаток? Ако има интерес, добро, ќе преземеме нешто во врска со тој интерес. Ако немаме интерес, пак добро, ќе си кулираме и ќе си уживаме.
 
Какво средство за привлекување на вниманието? незнам за тебе но јас многу мразам досадни луѓе,, и баш зошто се такви не знаат да ми го привлечат вниманието,,напротив ми го одвлекуваат и си го насочувам кон интересни нешта..А кога спомнуваш дека тоа е еден вид одбранбен механизам,, тоа повеќе ме асоцира на мрзата,,безволноста..И да,,мислам дека од досада не може да се пати..Тоа е само една состојба во која сите понекогаш се наоѓаме,, но највеќе би ја одобрила потцртаната реченица како некој вид дефиниција за оваа состојба,, односно тоа е неангажираноста на луѓето да досадното време го поминат или променат во интересно,, правејќи ги работите кои тие ги сакаат и ги прават среќни.:pipi:
 
Дефинициите се извадок од книгата "Бизнис психологија" на Д-р Лилјана Баткоска​

"Досадата се користи како средство за привлекување на вниманието" не означува дека некоја индивидуа е досадна, напротив таа може да биде многу интелигентна, заинтересирана за сето она што ја опкружува... но во одреден момент да ја користи досадата како средство за постигнување на одредена цел.

"Досадата како одбранбен механизам" укажува на тоа дека истата се користи со цел да се заштитиме самите себе од обврски за кои што сметаме дека не сме способни да ги извршиме. Мрзата и безволноста исто така може да се јават во овој контекст, но постои дистинкција при дефинирањето на овие три поими.

Дали една индивидуа ќе ја користи или нема да ја користи досадата како одбранбен механизам или како средство за привлекување на вниманието зависи од нејзиниот карактер т.е од целокупниот збир на психолошките црти на однесувањето на индивидуата, а кои можат да бидат и негативни и позитивни.
 
Епа ајде нека оди мојот прв пост во оваа веќе започната (не со толку голем одзив) тема.

Досада хм... претежно така дефинираното влијание се стекнува кога едноставно телесно не си воопшто заморен но и имаш недостаток на креација. Значи некоја душевна ситуација дека едноставно во моментот ништо не те исполнува. И самиот продолжуваш да ја градиш таа ситуацуја или временска мисла набивајќи си самиот себеси дека тоа ќе трае долго време или поточно сметаш дека ништо не те радува во тој момент. Пробуваш да обвиниш некој друг наметнувајќи му се него за тоа колку ти е (во случајов) досадно но уствари ти пробуваш да избегаш од самиот себеси и од мислата дека многу работи ги сметаш дека не те задоволуваат.

Начинот на победување е чисто врз психички аспект, и претежно лесно поминува ако едноставно си задоволен од својата младост и здравје што е и доволна помисла/причина за радост. И радоста паралелно оди во зависнот од тоа колку повеќе работи те интересираат или си им оддал внимание и време.
 
Досадата е многу честа појава. Но тоа е едноставно така поради неспособноста на луѓето во секој момент да си најдат нешто занимливо. Ми се случило да седам на компјутер и да ми стане многу досадно. Седејќи така, и чекајќи нешто ново и интересно можам само да се нервирам затоа што со секоја наредна помината секунда, мене седењето и чекањето би ми станувале се’ подосадни и подосадни. Затоа, често пати се вртам околу мене, се зафаќам со некоја друга работа, која ќе го исполни периодот на досада, и која би ме заинтересирала дури и повеќе од она што сум го правел претходно.
Досадата е дупка во умот на секој човек, која лесно би се пополнила доколку би знаеле каде да го побараме правилното парче.
 
Многу ретко ме фаќа досада ама кога е така полудувам буквално и одма наоѓам нешто да правам,па крај краева и излегувам од дома и одам негде-било каде.
Сепак досадата не значи дека немаме што да правиме,напротив има толку многу работи само треба да откриеме што сакаме во моментот.
Досадата најчесто го опфаќа оној момент кога сакаме да направиме нешто ама сме спречени во тоа.
Пример:сакаме да гледаме телевизија ама нема струја.Кога се случува ова најдобро е да најдеме веднаш друга активност.
Истото се случува и кога едноставно нема ништо што би ни го привлекло вниманието за да не се однесуваме индиферентно и незаинтересирано.
Често досадата е предизвикана од недостаток на мотивација,од недефинирани цели,неиспланирани часови...Почнете да планирате и мотивацијата за да правите “нешто“ ќе дојде сама по себе.
Социјализирајте се.Излезете,запознавајте нови луѓе или едноставно кренете слушалка и зборувајте со некого со кого одамна се немате слушнато и видено.
Прочитајте книга,научете нешто на интернет за областа која ве интересира,пишувајте(проза,поезија),цртајте...
Досадно ни станува и тогаш кога гледаме нешто на телевизија а воопшто не е интересно или кога безделничиме на компјутер без некоја посебна цел.Тогаш најдобро е да се исклучат и компјутерот и телевизорот и да се зафатиме со нешто друго.
Некогаш “ич време“ е подобро од премногу слободно време затоа што има ситуации кога од толку слободно време нема веќе што да се прави.
Медитирајте.
Внесете некоја нова активност или хоби во вашиот секојдневен распоред.
---------------------------------------------------------------------

The cure for boredom is curiosity. There is no cure for curiosity.

When people are bored, it is primarily with their own selves that they are bored.

Avoiding boredom is one of our most important purposes.
 
Дали ја отвори темава бидејќи ти е досадно или?
 
Никогаш не ми било досадно, досадата е дел од животот на луѓето кои немаат храброст да пробаат ништо ново, или да внесат промена во истиот, и се разбира живеаат празен живот. Токму тоа е единствениот момент кога ми е досадно моментите кога слушам луѓе како се жалат дека животот им е досаден, истиот е све само најмалце досаден, освем ако сами не избереме да го направиме таков!

Постојат толкууу многу работи што можете да ги правите, користете ја имагинацијата и мозкот, лесно е! на крајот на краиштата ризикувајте, секое искуство е добредојдено.
 
Да, Psyside, ама сега не да ми е досадно, абе ќе пукнам од досада :-))
 
Мене не ми е досадно!!!!

Сега станав од спиење,па :kafe:
ондак малце може ќе прошетам низ кабул:)

Луѓе организирајте си го времето АМАН.

--- надополнето ---

Дефинициите се извадок од книгата "Бизнис психологија" на Д-р Лилјана Баткоска​
.

Тогаш истите не важат Генерално-Маркетинг Лоботомија.
 
Ма каква досада... кога имам време за досадување си пуштам такви филмови во умот какви што не можат ни Спилберг, Камерон и цо. заедно да направат. Јас сум и режисер и сценарист и глумец. :icon_cool
 
Зарем постои досада?
хахах ја таква работа не познавам .
Тука досада за време на работно време не мешаме , така?
 
Најмногу ме фаќаше досада кога ќе требаше да седнам да учам математика, али од кога положив сеа мислам дека за подолго време нема да се најди нешто да ми здосади.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom