Историја
Зографско четвороевангелие (XX-XX век),
Зографски манастир
Ростислав, кнезот на
Велика Моравија, сакал да го ослободи
словенскиот народ во неговото царство од зависноста од источните
франкски свештеници и затоа, во
862 побарал од
византискиот император да му прати дваjца мисионери,
Свети Кирил и Методиј, во Велика Моравија. Кирил создал нова азбука: глаголица. Азбуката била користена во Велика Моравија помеѓу
863 (кога Кирил и Методиј пристигнале таму) и
885 за владини и црковни документи и во Великоморавското училиште основано од Кирил, каде се образувале следбениците на солунските браќа (како и самиот Методиј).
Во
886, источнофранкскиот бискуп на
Нитра по име
Вихинг го забранил писмото и затворил 200 следбеници на Методиј (главно ученици од првобитното училиште). Потоа тие се распрснале или, според некои извори, биле продадени како робови. Меѓутоа тројца од нив, стигнале до Бугарија и од нив било побарано од страна на царот
Борис I да ги образуваат свештениците на словенски јазици. Пои прифаѓањето на христијанството бо
Бугарија во
865, верските
церемонии биле изведувани на
грчки од свештеници пратени од
Византија. Заради сѐ поголемото византиско влијание и ослабувањето на државата, Борис гледал на новото писмои и јазик во црквата како важен чекор за зачувување на независноста на
Бугарија. Како резултат на преземените мерки, две академии биле отворени во
Охрид и
Преслав.
Одтаму, учениците патувале по разни места и ја ширеле азбуката. Некои отишле во
Хрватска и
Далмација, откаде ја започнале хрватската варијанта која се користела многу долго време. Во
1248, папата
Инокентиј IV им дал на хрватите уникатна привилегија да се користат со тој јазик и писмо во црквата.
Некои од студентите на охридската школа отишле во
Бохемија каде таа азбука се користела во 10-тиот и 11-тиот век, заедно со други писма. Глаголицата исто така се користела и во Русија, меѓутоа прилично ретко.
При крајот на
9-тиот век, во
Преслав (
Бугарија) поконкретно во Преславската книжевна школа е создадена
Кирилицата од страна на Константин Брегалнички-Преславски. Мора да се потенцира дека кирилицата НЕ е создадена од учениците на Кирил и Методиј. Причините за тоа се многу едноставни-тие од почит кон своите учители ја задржале глаголицата во Охридската школа и ја продолжиле нивната дејност. Кирилицата води делумно потекло од грчкото писмо, со (најмалку 10) уникатни словенски букви кои доаѓаат од глаголицата. Таа речиси целосно ја истиснала глаголицата за време на
средниот век.
от македонското уики