И повторно нова кампања против навивачите

Феномен

Џомба
Член од
21 август 2008
Мислења
4.837
Поени од реакции
111
И повторно нова кампања против навивачите Супер ова кампањава. Кога ќе праша некој зошто стадионите ни се празни ќе се вадиме дека илјадници навивачи тако звани насилници добија забрана за посетување спортски натпревари заради насилство да не речам пцуење, плукање, исмевање, кунг-фу вештини на истите. Ај да те видам викај „судија педер“. Бап 500 евра казна.
Секој полицаец ќе биде опремен со „штракометар“, па случајно ако удираш со рацете прегласно ќе платиш 3-4 месечни плати. Палиш бакла? Ненормален ли си? Иди земи пиштол испукај се ко чоек не туку се замарај со прскалици. Правиш знаме? Манијак. Апсана... и додека го читате ова оглупуваме...илјадници млади луѓе во моментов гледаат Пинк ТВ, стотина тинејџери баш во овој момент ја земаат редовната доза хероин, десетици педофили во овај час ќе злоупотребат девојчиња, а колкумина ли си ги чистат своите пиштоли и ги спремаат за вечерна употреба?
Се запрашал ли некој колкав проблем се навивачите во споредба со другите девијантни појави во нашево општество?

Преземено од http://ultras.blog.com.mk/
 
jas prisustvuvav bas na ovaa kampanja i toa e jbg prestrogi se kaznite sto da kazam
 
Зошто тропаш од ракав?
Казните се наменети за прекршоци од насилен тип, а не за ракоплескање. И доста со оправдувањата од типот на саркастични нафрлања: "се е средено, па само ова требаше".

Само вака, и никако поинаку.
 
Спорт Владата ќе удри и по џебот на неодговорните навивачи

Автор: Никола Богојевски
Навредливото скандирање, палење противнички знамиња и истакнување транспаренти со непримерни содржини ќе се казнуваат со по 600 евра во денарска противвредност, реши Владата на Македонија, на завчерашната седница. Оваа одлука е со цел да го спречи недоличното однесување на и околу спортските терени.
Владата ги усвоила измените на Законот за спречување насилство на спортските приредби, и одлуката за казна од 600 евра (36.000 денари) ја зголеми до врв, бидејќи досегашната изнесувала само 1.000 денари. Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, покрај првично наброените деликти, најави оти ќе се казнуваат и оние што ќе поседуваат или ќе консумираат алкохол на спортските натпревари. Предвидено било и да има заострување на казните и за организаторите на спортските натпревари.
Измените на Законот доаѓаат за да се воведе ред, но прашањето е како Владата воопшто ќе воведе ред на спортските терени, кога по осум фудбалски првенствени кола во Македонија, видовме и револвераши среде Скопје, па претепан фудбалер во Тетово, а да не зборуваме за националистички пароли, кои се секојдневен декор.
Откако беше донесен законот за спречување насилството, пред четири години, тој речиси не беше употребен (или казните беа мали), а македонските спортски борилишта станаа ринг на физички пресметки од навивачите па до играчите. Но, казните, ако и воопшто ги имаше во минатото за најжешките приврзаници на клубовите, тогаш играчите беа поштедени, па имаше физички пресметки од секаков вид.
Сепак, на Македонија не ѝ е потребен „закон за спречување на навивањето“. Во ниту една земја во светот, пред сè во Европа, нема ригорозни казни за „навредливите содржини“ на паролите или скандирања на навивачите. Рамката за тоа што е недопустливо е - расизмот. Затоа и УЕФА се бори и се обидува да го искорени расизмот и воведува остри санкции за нетолерантноста кон припадниците на другите раси.

:nesvest::nesvest::nesvest:

Уште малце и нема да не пуштаат да навиваме :drk::drk::drk::drk:
 
1. Забрането навредливо скандирање.
2. Забранети пароли со навредливи содржини.

Кај ни отиде демократијата ?

Ах Македонијо биди среќна што нема хулигани како што има во Холандија, Полска, Русија .... тогаш да ве видам дали ќе бидете во можност да донесувате вакви закони. Тифо сцената кај нас е срање, а господата сакат да ја уништат уште повеќе.
 
Ма какво е тоа навивање без нереди?:nesum:

Или балистине гаѓаат со камења а ние седимо чекамо да не удри некој камен по глава и да се плашимо да возвратимо зашто? затоа што ќе платиме казна....!:nenene:
 
А си размислил дека Ти и тие балисти ги загрозувате животите на луѓето што отишле да ГЛЕДААТ ФУДБАЛ како луѓе а не ко животни?
 
Ако навиваш, навиваш за клуб.
Не за Аркани, гасни комори и слично.

Клубот и неговата историја немаат ама баш никаква допирна точка со политика.

И ах Желки, бидете среќни шо нема хулигани како во Полска :)
Аман бе, па ги сереме фрустрираните вратари по диска кои преку работата канализираат сексуална неактивност и злоставување од очувот коа биле деца, а овде се жалиме за ускратување на правото да измлатиме на трибини некој кој носи дрес различен од нашиот...

Грин стрит и Фудбал фектори...пуштете ги настрана. Дај гледајте малку Дискавери, Травел Ченел...
 
Cartoon Network & Boomerang не ги заборавај:)
 
Серпико, не е битно што ќе направи тимот на терен битно е и што ќе направат навивачите против другите:)

Од увек таке било.
 
Серпико, не е битно што ќе направи тимот на терен битно е и што ќе направат навивачите против другите:)

Од увек таке било.
За тие работи имаш Ultimate Fight.
 
А си размислил дека Ти и тие балисти ги загрозувате животите на луѓето што отишле да ГЛЕДААТ ФУДБАЛ како луѓе а не ко животни?

Ако сакаш да гледаш фудбал ќе останеш дома пред телевизор ако сакаш да навиваш идеш на стадион.
 
Серпико, не е битно што ќе направи тимот на терен битно е и што ќе направат навивачите против другите:)

Од увек таке било.

Скајдог, дај да видам кој погласно ќе навива, кој поинтересни песни ќе смисли, кој поголем транспарент ќе направи, кој ќе издржи 90 минути да се дере за љубов на клубот.

А не за пцуење мајки и шајки.

За тие работи имаш Ultimate Fight.
Или Мастурбејшан :)

Забелешка:
Поддржувам пцуење едино на судиите:back:
 
Љубовта кон тимот трае траат и песните али оној што ќе изгуби ќе ги започне проблемите.

Значи ако не успеале на терен идат после утакмица капиш?
 
За тие работи имаш Ultimate Fight.
Епа тогаш најдобро би било само да плсукаме со рачињата и да скандираме
Зарем не би било подобро да станеме семкари и да гледаме театар на стадион/сала?:kafe:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom