Seongnam - Inter -2 @ 1.45
Овој натпревар е полу-финале на светското клубско првенство и во него се среќаваат шампионот на Азија,тимот на Сеонгнам и шампионот на Европа,тимот на Интер.Сеонгнам играше четврт-финале во саботата во кое беше поуспешен од тимот на Ал Вахда со 4:1 и така обезбеди пласман во ова полу-финале,во кое Интер беше директно пласиран.Тимот на Сеонгнам е тим од Јужна Кореја каде што се игра далеку послаб фудбал отколку во Европа.Тимот на Сеонгнам влегува како голем аутсајдер во овој меч,бидејќи е едноставно за неколку класи послаб тим од тимот на Интер.Во тимот на Интер е најавено враќањето на Милито,Цезар и Маикон,така да тимот на Интер не би требало да има посериозни проблеми со составот за овој натпревар.Сите во тимот на Интер се сконцетрирани на ова Светско клубско првенство и со сите сили ќе играат за да го освојат.Тренерот на Интер,Рафаел Бенитез има ултиматум,ако не го освои светското клубско првенство ќе добие отказ.Тимот на Интер слабо ја започна сезоната,но со добра претстава на овој турнинр и со освојување на титулата,ќе се врати самодовербата на играчите,и ќе може да се почне долга победничка серија и во првенството.Едноставно,тимот на Интер е за неколку класи посилен тим од сите останати тимови кои настапуваат на светското клубско првенство,и големо изненадување би било да не го освои ова натпреварување,или да направи кикс на овој натпревар.Затоа,на овој натпревар очекуваме лесна и сигурна победа за тимот на Интер.
Aнализата е од tip.com.mk