Македонска археологија

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување
Откриена погребна кочија од првиот век
Струмица /19/09/ 15:28
Остатоци од погребна кочија.што датира од првиот век, открија денеска во близина на селото Конче, археолозите од штипскиот и струмичкиот музеј, јави телевизија А1.
get_img

„Станува збор за четвороколка, но се додека не завршат ископувањата не можеме да потврдиме дали ова било гробница на великодостојник. Нашите претпоставки се дека датира од првиот или вториот од нашата ера”, изјави археологот Трајче Нацев.

Погребната кочија е пронајдена случајно откако археолозите решиле да го истражат пошироко реонот од локалитетот „Манастириште” каде сега работат на друга могила, која била цел на неуспешни обиди на дивите копачи.

Ова е шеста погребна кочија откриена во Македонија
 
Македонската археолошка офанзива што оваа година зафати 16 капитални локалитети, покрај заштита ќе обезбеди и нивна музејска и теренска презентација.
Во античкиот локалитет Хераклеја Линкестис четири месеци повеќе археолози и 100-тина физички работници вршат ископување во четири сектори, а Дирекцијата за заштита на културно наследство потроши четири милиони денари.

Досега се откриени повеќе артефакти, керамика и монети, а во јужниот сектор се наоѓаат најопипливите археолошки резултати.

„Дефинитивно го откривме бедемот од времето кога доаѓаат Римјаните во овие краеви и прават еден маркантен бедем, којшто е граден по строгите димензии, односно канони на големиот градител Витрувие“, рече Аница Георгиевска, археолог.

Кај археолозите владее голем оптимизам дека оваа археолошка кампања ќе продолжи и идната година со уште поголем интензитет.
heraklea.jpg

„Од месец февруари до крајот на годината ќе има интензивни археолошки истражувања на многу значајни локалитети. Тоа ќе бидат Скопската тврдина, Хераклеја, Стоби и некрополите на Марвис“, изјави Паско Кузман, директор за заштита на културно наследство.

„И другите ќе бидат исто така во фокусот на интересот и финансирани се со поголеми финансиски средства, но овие локалитети ќе бидат целосно окупирани од стручен кадар, ако не ни стигнува од Македонија ќе се позајмиме и од нашите пријатели и соседи, и со физичка работна сила која ќе брои илјадници луѓе“, вели Кузман.

На овој начин во Хераклеја и другите археолошки наоѓалишта забрзано се вклопуваат камчињата од мозаикот за минатото на овие простори, кое се уште е завиткано со многу тајни.
 
Јас ја поддржувам оваа офанзива,редно беше да се превземе нешто.

Ајде да чујам ваши коментари околу ова.
 
Супер е ова, нешто што МНООООООГУ одамна требаше да се направи, искрено јас најмногу се надевам на четвртата македонска престолнина.

Мислам дека многу работи ќе смени тој археолошки локалитет.
 
Се убаво и супер ама малце касно, незнам како е во другите делови на Македонија ама во Југо Истокот е катастрофа. По разрушувањата на Вардарски Рид од страна на Југославија, по разрушувањата на истиот локалитет од страна на автопатот Е-75 (финансиран од Гејлада со пари на ЕУ) и по 2 децении диви копачи на Исарот кај с. Марвинци, незнам дали нешто остана за офанзивата.

Како и да е ГОЛЕМ поздрав до потегот и се надевам дека клучни локалитети како Црквиште, Градиште (овие ги има неколку), Исарот и четвртата престолнина, ќе бидат интензивно истражувани. Кој знае можеби и некоја нова ќе најдат.
 
Има некои локалитети останати... не е само вардарски рид и марвинци...а четвртата престолнина ќе биде многу поголема од првите три...Пелагон...и ќе биде многу скоро откриена !
 
Долго време му беше забранувано на овој народ да копа на оваа територија и да си ги бара своите корени.

Сега конечно се истражува нашето минато,знам дека на многу наши соседи (посебно на атињаните) тоа ич не им се допаѓа,ама кој ги е...

Браво за оваа археолошка офанзива.(y)
 
А бе шо копаат ?? РИМСКИ БЕДЕМИ !?!? НАТПИСИ НА ГРЧКИ ЈАЗИК ??
Каде се тие кои 60 години со камиони на ЈНА обезбедувани од УДБА и ОЗНА изнесуваа од македонија се со доказуваше дека тука постоеше посебен народ најстар во светот. Артефакти, споменици, цели градови, камен по камен се растурани и носени некаде по скришните подземни скривници на ЈНА и Ватикан за да не дознае овој Македонски народ дека е најдревен од сите древни народи. Нарочно се подметнувани лажни докази како плочата на Василиј, како грчките натписи, римски пари... расфрлани се со цел да никогаш не се дозволи по никоја цена да стани збор за посебност на Македонската нација. Иљадници луѓе, патриоти и чесни археолози Македонци кои се обидоа тајната да ја изнесат на видело завршуваа со мистериозна смртт, претепани, обесени, изгорени, удавени... а на нивно место се носеа археолози од Србија.
Нема да ја дознаеме вистинската прикаска за Македонија и Македонците додека не се вратат стотиците иљади артефакти однесени и скриени, и додека не се отворат тајните досијеа на Ватикан, НАТО и ЦИА за нивната улога во криењето на вистината и уништувањето на доказите со децении.
 
Добро бе Лет3 ваљда комунистите не изораа се???:toe:
Не само што изораа и однесоа туку и оставија ФАЛСИФИКАТИ, закопаа лажни монети, скулптури, зидови... да докажууваат дека сме Грци , Бугари, Срби. Тие не работеа ко денес овие кутри археолоџиња со метле и минијатурно казмиче шо по цел ден копка 5 квадратни сантими земја и за цел работен век дал едно грне ќе откопа, тие имаа динамити, багери, булдожери.
 
Let смири живци човек, како ги поврза во ист контекст Ватикан и ЈНА :nesum:
 
абе колку и да однесоа у вааа наша земјичка има историја колку сакаш, и ја поздравувам оваа офанзива
 
Кој не верува дека комуњарите работеа против Македонската историја, само нека го посети мотелот на вардарски рид во Гевгелија. Цел мотел (значи треба темели), со помошни згради и мали објекти (пак треба копање за темели), бетонски клупи столови и високи јарболи за знамиња, како и парк со дрвја (значи треба дупка да се сее дрвото) и најважно споменик за партизаните од 2 светска војна во изграден врз центарот т.е. стоата на вардарски рид (сега е дислоциран на друг рид).

И сега некој на мене ќе ми каже дека никој ништо не најде додека се градеше такво нешто? Ма ајде!
 
Откривање на престолнината на Пелагонците, градот Пелагон според мене е најзначајно во вакви тешки моменти за Македонија. Таму би требало да има непобитни докази за нас Македонците и Македонија.

Останува да се утврди и да се истражи дали навистина била на врвот Висока во близина на с.Бонче и да се извојува археолошка победа.

Целосна поддршка за археолошката офанзива.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom