Не фантазирам, кога САД може да функционира така, може и Македонија.
Христо, Тодор Александров бил корен на македонскиот национализам. Македонија на Македонците. Затоа не го набројав, затоа што неговата идеја била ултимативно за владеење на Македонците во целосен етнички македонси состав, а не мултинационално општество, како неговите претходници, затоа и бил толку сакан и почитуван од народот. Ванчо Михајлов, влав по националност, фашист по убедување а финансиран од комунистите, има јасна улога за разнебитување на она што го создал Александров. После целосна анлиза на фактите и сведоштвата, незнам само уште кој го нема увидено тоа. Зошто инаку на македонците во бугарија би им било забрането вршење панихида на Александров? Ама да не ја тераме дискусијата натака.
Многу наши се отерани, истите можат и да се вратат, и ќе се вратат. Во таква пракса мора да има етничко поместување, како што било претходно, и нужно е тоа да се направи, и би се направило. Голем дел од Македонците што останале, ќе никнат како пролетни кокичиња, бидејќи моментално се пригушени. Исто така ќе има и Маџири кои ќе се помакедончат, тоа е нормален процес.
Не се плашам јас од мултинационалност. Не се плашам од ништо во креирањето на таквата држава. Соседите се тие кои се плашат, тие кои ќе го изгубат влијанието на Балканот. Македонија ќе ја има контролата.