Ќе пробам да ви нацртам нешто низ пример.Чисто за да видам дали ќе сфатите нешто и ќе напредувате во ставот или ќе си останете на истото ниво и и во овој случај ќе се расправате по `партиски`.
Имав еден пријател во Пловдив.
Бизнисмен

Имаше печатници во кои што се правеа:
- фалц документи (грчки,хрватски,словенски,холански,шпански и заборавив веќе какви се други пасоши).Барабар со пасошот добиваш и лична карта и возачка дозвола,и ги добиваш со печати од пола од границите на Европа.
-Тревел`с чекови
-фалц дипломи од бугарски универзитети
-и најважно,ги имаа најубавите
фалц долари што некогаш сум ги видел.
За оние што не знаат,кај доларот најголем проблем е условно кажано хартијата,оти тоа не е хартија но поскоро текстил.Не се набавува лесно таков материјал.
Главната печатница му беше во подрумот на домот на армијата во Пловдив.Немаше високопоставен џандар од Пловдив во тие кризни времиња што не му е на платен список.Просто,беше шеф над шефовите во тој град,затоа што ги хранеше сите.
Меѓутоа,едно сабајле, со акција на специјалната полиција,и тоа со акција на НСБОП-
Софија, извршија упад во печатницата и во становите во кои што се држеа готовите `производи`.Поапсија на место кого најдоа,него го снема.
Од некои луѓе разбрав дека е жив и здрав и дека избегал за една земја.
Луѓе што знаат рекоа дека америте биле коске љути заради доларите и тревелс чековите.
И затоа притиснале директно премиерот да издаде наредба и со акција на Софијската полиција во макс. тајност да извршат упад и да ја затворат печатницата.
Паралела ... може да си направите или треба да цртам уште? :wink:
