Официјални НБА натпревари во Европа?

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.100
Веб-сајт
www.kajgana.com
Комесарот на НБА лигата Дејвид Стерн изјави дека постои можност во наредните три години некои од официјалните натпревари на оваа лига да се играат во Европа.

Повеќе.
 
Нах, имаше и најави за влез на силните европски тимови во НБА, но сето тоа остана и ќе остане само како идеја. Преголеми трошоци, замор кај играчите, гледачи... епа полни сали има ионака, незнам зошто толку би жртвувал (Еклстоун ќе напишев:)), незнам зошто толку би жртвувал Стерн само за некое доларче плус. Сепак интересен е тренингкампот наречен NBA Europe Live, не можам да речам не но, нека остане само на тоа. НБА тимовите не се Харлем глобтротери, НБА тимовите се приморани да играат во пеколно темпо, да играат 82 наптревари а сето тоа зачинето со постојани патувања преку атлантикот... хм. I agree to disagree :)
 
Јове, мислам дека во план им е да формираат посебна Европска конференција, како што има сега мидвест, пацифик и слично, се со цел да се избегнат прекуокеанските патувања, е сеа не знам како ќе биде ако евентуално некоја Европска екипа настапува во плеј оф, тогаш дефинитивно ќе имаат проблем екипите, иако не се сомневам дека на Штерн воопшто нема да му пречи екстра доходот од оваа промена.
Јас сум да си остани Евролигата, зошто со квалитет не сме така далеку од Американците како пред 10-20 години, би било штета за Европската кошарка најдобрите екипи да се повлечат и да настапуваат под закрила на НБА, јас сум дефинитивно против ова.
А ништо чудно и Штерн да се чувствува загрозен, за повеќето НБА играчи преселбата во Европа веќе и не е така фиктивност, еве видовме Делфино од Торонто премина во Кимки, и потегот кој ја шокираше цела кошаркарска Америка, Џош Чилдерс од Атланта премина во Олимпијакос. Да не ни зборувам за шпекулациите за Коби и Леброн.
Сакам да кажам им се доближуваме на некогаш по квалитет недопорливите Американци, се надевам дека во оваа идеја за проширување на НБА нема скриени намери да се спречи експанзијата на Европската кошарка.
 
Комесарот на НБА лигата Дејвид Стерн изјави дека постои можност во наредните три години некои од официјалните натпревари на оваа лига да се играат во Европа.

Повеќе.


Зошто да не ...!?
Па тоа веке се има случено одамна само ,се нема десено во Европа..
Значи не знам колку сфакате,но тоа ке бидат неколку (3-4-5-6) натпревари што би се одиграле во Европа ,најверојатно на почетокот на сезоната..Такво нешто се има играно во Јапонија ,Мексико и незнам уште каде..
Значи ништо неизводливо ,исто како предсезонскиве што беа..

А што се однесува за некои тимови од Европа или па цела конференција ,уфф за тоа ке треба доста време да помине ,барем 7-8 години минимум...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom