Не зборев за семејството, тие се твоја крв и технички немаат избор дали да те прифатат или не, секако ќе те сакаат и
не се грижат за твојата репутација.
Eкзактли. Ниту јас се замарам.
Зборев за пријателите, нели ги спомна и нив, а ако се крај тебе, тоа веројатно значи дека имаат добро мислење за тебе и ти ги познаваат квалитетите кои (барем во нивните очи) ги надминуваат твоите маани; следствено: во нивните очи, ти имаш висок углед.
Никогаш не сум се лажел себеси дека секој со кого поминувам малку повеќе време ми е пријател. Вистински другари имам само двајца. Знам врз основа е изградено тоа другарство. Затоа и тврдам дека не се замарам со угледот кон некои други луѓе. Просто не ми се важни. Никогаш нема ни да ми бидат можеби.
Зошто, ако те мислат за ѓубре, немаше да бидат со тебе, без оглед на тоа што се знаете од градинка.
И не се работи за никакво име, слава, популарност и не знам што... Се работи за тоа дека
сите се трудиме да бидеме подобри личности за да оставиме впечаток кај другите.
Се трудиме да бидеме подобри личности ...ДА. Но не за впечаток кај другите, просто, за себе. За моја подобра иднина, за исполнување на моите соништа.
На пример, зошто си љубезна со комшии, солидарна со соученици, доверлива со пријатели, нежна спрема партнерот итн.? За да се претставиш како добра личност и да им докажеш дека ја заслужуваш нивната наклонетост.
Љубезност кон комшии?? Хах...је, рајт. Like that will be the day.
Абе не треба да глумиш и да изиграваш нешто што не си, не се работи за тоа.
Се работи за тоа дека сите работиме на тоа да станеме изградени личности, со цврсти ставови, харизма, квалитети, интелигенција, се` што би не направило подобра личност. А кога истото ќе го постигнеме, ќе го уживаме добриот углед, кој сам по себе ќе си дојде.
Tочно, изградени личности. Но никако поради тоа што сакам да имам подобар углед/репутација пред тебе, или некој друг. Кажав, просто, поради тоа што мислам дека тоа така треба.
И... не смееш да ми отстапиш место во 57ца, не би прифатила, ти си постар и имаш предност
Ах, пусти ќотек...женско си мури...
Истовремено и зрел, интелигентен, свој, изграден (нафрлам доблести). Муабетот ми е,
веќе си имаш изградено углед, кој ги подразбира сите твои + и - карактеристики, кои зависно од вкусовите на луѓето, на некои ќе им се допаднат, на некои не.
Важно имаш одреден углед;
се држиш за своето и не се променуваш.
Можеби имам изградено некој углед, ама искрено, најискрено, не ми е важно. Знаеш колку тоа ми значи што имам некаков углед изградено? Ништо...пак се будам сабајлето, си го пијам кафето, се спремам на работа. Ништо не ми менува во животот тој углед што го имам ете кај тебе, позитивен на пример.
Личностите кои ти се блиски те имаат прифатено затоа што те почитуваат каков што си, што значи дека имаш висока репутација во тој круг на луѓе.
И сам знаеш дека ова не е точно баш. Претходно спомнав дека сме социјални суштества.
Не можеш да опстоиш сам, зависен си од луѓето и околината, финансиски, егзистенцијално, емотивно... секако.
Можеш. Се е во психата. Доколку се навикнеш да го пиеш кафето со некого, ти станува навика. Убаво ми е кафето и сам на тераса. Луѓето се променлива материја Ива. Денес не има, утре не нема. Животот тече. Жалосно, романтично, трагично, смешно, траги-комедија, како сакаш наречи го. Ја прифатив реалноста дека не можам да живеам во таков си некој свет каде што зависам од некого, на било каков начин. Бев, видов, се заебав. Сменив страна.
Според тоа, логично е да сакаш да ги освоиш симпатиите на луѓето од кои заклучивме дека зависиш, и, иако „живеам за другите“ не е најдобар избор на зборови, во суштина тоа е така.
Таман работа да се менуваш. Стоењето на своето е една од поважните работи при градењето на углед.
Дури и кога тврдиш дека не ти е гајле за твојата репутација... Индиректно постојано ја градиш и одржуваш.