Римз, знаеш добро дека проблемот со албанското знаме беше што по никоја цена не сакавте ни најмала промена да ставите на него за да се разликува од официјалното знаме на Албанија. Ако тоа не е инат не знам што е?
Една рецка да се ставеше исто ќе се избегнеа многу проблеми ама и на вашите им одговараше радикализација заради некои нивни интереси.
За факултетот. според тебе, излегува дека на сите Албанци им било забрането да студираат на друг факултет па ете морал тетовскиот да се отвори а тоа нема врска. Не секоја земја отвара високо образование на малциските јазици и не можеш тоа да го земаш како негативен пример.
Македонија реално може да истера со два максимум три добри универзитета и толку.
Има и премногу политика во целкава работа пошто и самиот знаеш каков е квалитетот на некои од новите факултети (вклучувајќи го и тетовскиот).
Силен, нема што да се менува знамето. Тоа е тоа. Не сега ќе се ценкаме. Тоа што некој има проблем да сфати, и дека живееме под такви заебани околности, не е тоа мој проблем. Јас лично не би прифатил никаква промена на знамето. Не мора да значи дека со тој став помалку го почитувам македонското.
Во врска со факултетите, не ни сакам да навлегувам. Како прво, проблеми имаше, малку, многу...имаше. Можам лични примери да ти редам колку сакаш. Крај краева, транзицијата би била полесна. Си завршил основно, средно албански, каде каде полесно ти е да се изјасниш на албански на факултет отколку на македонски. Искрено.
За таа споредбата на другите земји и малцинствата...чоече. Не сум јас малцинство. Тука сум роден, тука се родени и моите, и претците мои. Таква е средината, таква политика се водело на времето, јас и ти сме само последици. Останува на нас дали ќе се почитуваме, или не. Јебига, реалност. 2-3 факултети, колку може да издржи не знам јас, но можеше комотно да се направи компромис, кој сака албански, ете ти го Тетовскиот, кој сака македонски, ете ти го УКИМ, па бирај. Нит квота на националности, нит ништо. Истиот трошок е, веруј. За квалитетот на професорите, те молам. И таму, и ваму има вулканизер-квалитет на професори. Со мои очи сум видел поткупувања, сум поминал испит со една лекција, сум паѓал испити со учена цела книга. И тоа на УКИМ. За Тетовскиот знам дека не се подобри...ама па не се ни полоши. Исто мерило.
Така да, ти викам, полесно ќе беше со дијалог, тоа што сакаше Руфи да го постигне, отколку со војна како 2001ва...
Од една страна имаме коментари од типот, тие права можеле да се добијат со дијалог, а од друга страна Руфи бил радикален


па сеа...што е што?