Види сега... прочитај внимателно што сум ти напишал погоре. Сакам само еден човек да ми најдеш што сега живее во Влахи дека се декларира како Бугарин. Кога ми го најдеш јас ќе станам „чист Блгарин„ Да ама проблемо е дека таков човек нема. Аиде доста ти е да лажеш луѓето овде, срам немаш. Јас сум од Влахи и ги знам сите 41 луѓе што живеат во селото . ( До сега не смеев да се објавам одкај сум , зошто Бугарските дописници овде ќе ме предадете за една дневница, ама тие навреди дека ги напиша нема да ги оставам вака ) 21 се членови на ОМО. Председател на ОМО во село Влахи е Падарот на селото( Бојан Гунгалов се вика , ако сакаш иди кај него да ти разправа како е учил Македонски јазик од учителот Петре Макревски од Скопје през 1948. Прашај го и зашто Бугарите го убија Герасим Тодоров и му ја растурија бандата.Затоа што Герасим Тодоров сакаше да се оддели Пиринска Македонија и да се обедини со Вардарска. Сите жители на Влахи, до еден, помнат како Бугарската војска тепаше се наред само и само да го предадат Герасим, и кога го утепаја ги караа сите жители на селото да одат и да плукат по мртвиот и да играат оро около него. Та ората играа и плачеа оти ако не играт ќе имат и они Герасимовата судбина).Така . Ако сакаш можам поименно да ти ги избројам сите 41 жители на селото. Од тоа што го напиша погоре поголема клевета не сум видел , нетие страм ! Да, знам добро што има на плоштадот до чешмата во Влахи. Има паметник на Јане Сандански и лично јас сум ја лепил плочата што е на паметникот !Имам И слики како сум тамо на паметникот . Таму пишува много добро , ама ти не сакаш да го спомнеш тоа тука , а само за паметникот збориш. Не ти е страм да тресеш вакви глупости! Си мислев дека има нешто Македонско кај тебе, ама гледам дека и ти си овде као другите Татари само со една цел - да провоцираш !